Design Thinking: Тајното оружје на успешните компании

Total
2
Shares

Итеративните иновации поттикнуваат долгорочен раст преку генерирање на континуирано подобрување. Ова им помогна на повторливите процеси како што е Design Thinking да добијат значителна популарност во бизнис светот. Човечкиот, односно емпатскиот пристап е срдечно поздравен во денешната растечка агилна и пријателска средина.

Но, што всушност е Design Thinking

Накратко, тоа е методологија за создавање нови и иновативни идеи преку процес фокусиран на решенија и ориентиран кон акција. Структурата на овој процес им помага на луѓето да се одржуваат на вистинскиот пат и да се избегне предолго трошење (време и ресурси) на некој проблем.

Има многу уникатни придобивки и предности од овој пристап кои помагаат да се разберат и да се решат сложените проблеми со кои компаниите се соочуваат секојдневно. Во продолжение ги издвојуваме најбитните:

Зголемување на приходите

Продажните тимови побавно го прифаќаат Design Thinking бидејќи нивните потрадиционални рутини се спротивставуваат на итеративните иновации. Сепак, клиентите сѐ повеќе бараат поперсонализирано искуство што го прави продажниот циклус покомплексен. Извештајот на Economist Intelligence Unit вели дека компаниите кои имаат приоритет на искуството со клиентите (CX) имаат зголемен раст на приходите и се попрофитабилни од оние кои не го прават тоа. Design Thinking го носи CX во првите редови на корпоративната стратегија и како резултат генерира повисоки приходи.

Редефинирање на проблемите

Процесот на Design Thinking бара од вас да го анализирате проблемот за да ја идентификувате неговата основна причина. Ова копа многу подлабоко во срцето на проблемот, надвор од она што се гледа во номинална вредност. Понекогаш вистинскиот проблем не е очигледен, а понекогаш проблемот е всушност дел од многу поголемо прашање. Овој процес, исто така, дава можност да се погледне проблемот од друга перспектива. Луѓето кои работат на некое прашање можеби се премногу блиску до нивната работа за да ја видат јасно. Неговото редефинирање осигурува дека решението ќе има поуспешни и трајни ефекти.

Поттикнување соработката

Соработката на работното место има многу придобивки, а Design Thinking има потреба од добра соработка за да оствари успех. Самата примена на овој процес пружа позитивна атмосфера која ја поттикнува соработката, која пак поддржува тековен раст и експериментирање. Овој процес ја користи моќта на колективните искуства и обединува различни тимови на нови начини. Соединувањето на вистинските луѓе од цела компанија (или од повеќе различни тимови) може да предизвика иновации што можеби не би се случиле инаку. Исто така, ги мотивира вработените и ја подобрува флексибилноста во компанијата.

Подобрување на решенијата

Со редефинирање на проблемите и фокусирање на желбите на потрошувачите, Design Thinking произведува подобрени решенија. Тие често се поедноставни и поточни бидејќи проблемот е појасно дефиниран. Поради процесот на Design Thinking, конечниот резултат поминува низ бројни рунди на тестирање и повратни информации од клиентите. Ова обезбедува повисоко ниво на контрола на квалитетот што гарантира подобрени решенија. Учењето е во центарот на овој процес, кој може да се пренесе на идни проекти. Постојаното подобрување и учење ќе влијаат на сите во компаниијата позитивно од придобивките. 

Корисникот е секогаш на прво место

Design Thinking става примарен акцент на: „Корисникот на прво место“, каде се посветува на вистинските потреби на корисниците и ги тестира решенијата со реални клиенти. Ова резултира со развој на корисни производи и услуги кои подобро одговараат на потребите на корисникот. Менталитетот зад овој процес е во сржта на многу други придобивки на Design Thinking, а опсесијата на клиентите им дава моќна предност на иновациите. Важно е вашата компанија и нејзините производи или услуги да останат релевантни и корисни. Во спротивно, нема причина клиентите да бидат привлечени од вашиот бренд.

Генерално, Design Thinking го нагласува ангажирањето, дијалогот и учењето со цел да се најдат вистински решенија наместо брзи корекции. Структурата на овој процес ја поттикнува креативноста на начин што дава резултати. Ангажирањето клиенти и партнери помага да се намали несигурноста и ризикот од иновации што често може да ги кочат тимовите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

Навигирајте ја 2024та со Design Thinking: Нови почетоци во секој аспект од животот

Додека стоиме на прагот на 2024 година, годината е исполнета со неизвесности, авантури и можности. Среде овие предизвици, моќта на Design Thinking нè наведува да му пристапиме на секој ден…
Прочитај

Која е поврзаноста на Design Thinking со одржливиот начин на живот?

Во свет кој се соочува со невидени еколошки предизвици, повикот за иновативни решенија никогаш не бил поалармантен. Design Thinking се појавува како надеж во оваа потрага по одржливост, а тоа…
Прочитај

Design Thinking и вештачката интелигенција: Дали е ова спој излезен од рајот?

„Предвидувањето на иднината не е магија, тоа е вештачка интелигенција“. – Дејв Вотерс Design Thinking и вештачката интелигенција се меѓусебно поврзани на неколку начини, а нивната комбинација може да донесе…
Прочитај

Како да ја подобрите секојдневната комуникација со околината?

Design Thinking може да биде корисен во секојдневната комуникација бидејќи тоа е пристап насочен кон човекот кој ја нагласува емпатијата и разбирањето на луѓето со кои комуницирате. Кога применувате Design…
Прочитај