10 златни правила на Design Thinking

Total
3
Shares
10 pravila na Design Thinking
10 zlatni pravila na Design Thinking

Design Thinking, кориснички- ориентираниот пристап кој се смета за двигател на иновации и рамка за успех во модерниот бизнис, има свои “златни”правила по кои се водат оние кои го  практицираат.

1. Корисниците се на прво место
Колку подобро ги познавате вашите корисници, толку подобри продукти и услуги ќе им понудите. Луѓето веднаш се “лепат” на производи кои решаваат некој нивен проблем. Почитувајте ги и слушајте ги вашите корисници- тоа е единствениот пат до успешен бизнис.

2. Емпатија
Емпатија значи препознавање на чувствата на другите луѓе и умешност на читање на говорот на телото со цел да се “влезе во кожата на другиот”.  Дали ги “читаме” реакциите на другите околу нас, на нашите корисници, вработени? Што можеме да направиме за другите да се чувствуваат/ работат/ функционираат подобро? Овие прашања се добар почеток за поттикнување на емпатијата во бизнис опкружувањето.

3. Тимска работа
Design Thinking промовира тимска работа, а особено мултидисциплинарни тимови кои можат да понудат решенија од различни аспекти за даден проблем. “Од луѓе за луѓе” – гласи главното мото на Design Thinking, па затоа се смета за пристап фокусиран на човекот (human- oriented approach).

4. Креативна атмосфера
Креативноста означува ментален и социјален процес кој вклучува генерирање на идеи и создавање на вредност. Се промовира и одржува во средини каде секому е дозволено да го изрази своето мислење и својата идеја без да биде изложен на критицизам и неконструктивност, со една единствена цел: да се создаде нова вредност.

5. Постојано учење
Учењето е континуиран процес за успешните луѓе и бизниси. Слушајте го мислењето на другите, соработувајте, учете од искуството и напредувајте.

6. Истражување, креирање, тестирање
Во кратки црти- целиот циклус на Design Thinking пристапот. Сознанијата за постоечките проблеми водат кон креација на решенија за тие проблеми во форма на продукти/ услуги кои се тестираат од страна на корисниците.

7. Неуспехот е најголема мотивација
Не се плашете од неуспех доколку се стремите кон големи успеси. Итерацијата е еден од основните принципи на Design Thinking-  со секој неуспешен обид, крајниот продукт/ услуга ќе бидат посовршени.

8. Редуцирање на ризици
Бидејќи Design Thinking тргнува од потребите на луѓето и проблемите со кои се соочуваат, ризикот од креирање на неуспешен продукт значајно се редуцира.

9. Акција наместо теорија
Design Thinking се имплементира со цел да се случат големи нешта, наместо да останат на парче хартија. Креацијата на опипливи резултати (прототипи, готови решенија) се целта на оваа методологија.

10. Промените се неопходни
Иновациите, воведувањето на нови работни активности, лансирањето на нови продукти и сл., се промени во секојдневниот бизнис, додека брзата адаптација на промените ги разликува успешните бизниси од неуспешните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
design thinking mk

Ефективна комбинација на Design Thinking и Agile во пракса

Design thinking е кориснички ориентиран пристап за креативно решавање на проблеми. Произлегува од начинот на размислување на дизајнерите, а може да го аплицира секоj поединец или бизнис. Agile е итеративен…
Прочитај
Work from home `

5 корисни совети како со Design Thinking да си го олесните работењето од дома

Работата од дома е еден од предизвиците со кој светот се соочува во време на пандемија. За недостатоци на работењето од дома се сметаат: недостаток на комуникација, осаменост, дефокусираност, намалена…
Прочитај

Петте чекoри на Design Thinking

Design Thinking методологијата е еден вид на упатство, кое води до подобри решенија за пократко време. Во зборовите на Давид Келеј, таткото на Design Thinking: Главната цел на методологијата е…
Прочитај

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај
positivni promeni so desing thinking

Со Design Thinking до позитивни промени

Design thinking е пристап кој се користи за креативно решавање на комплексни проблеми. Па оттука следи прашањето “како да го примениме и за воведување на позитивни промени?” Промените се неопходен…
Прочитај