Со Design Thinking до позитивни промени

Total
2
Shares
positivni promeni so desing thinking
Како да постигнеме позитивни промени со Design Thinking

Design thinking е пристап кој се користи за креативно решавање на комплексни проблеми. Па оттука следи прашањето “како да го примениме и за воведување на позитивни промени?”

Промените се неопходен дел од секојдневниот живот и работата, особено доколку се соочуваме со постоечки проблем или предизвик кој сакаме да го надминеме.

Со Design Thinking можеме да најдеме начини како да стигнеме до одржливи промени во личниот и професионалниот живот. Пристапот е холистички т.е се концентрира на креирање на решенија за предизвиците на луѓето преку емпатија и постојано тестирање и валидација на решенијата.

positivni promeni so Design Thinking

На пример, доколку сакаме да ја одржиме навиката да вежбаме 4 пати неделно, а не ни успева – можеме да се обидеме да најдеме начин за да ја одржиме таа навика со пристапот Design Thinking. Пристапот ја потенцира важноста на итерацијата- секој неуспех води кон напредок, но – без откажување. Па така, наместо да прифатиме дека не можеме да вежбаме 4 пати во неделата, можеме да го најдеме начинот на кој би се држеле до тоа ветување (да го најдеме вистинското време за вежбање во денот, да ангажираме тренер кој ќе не мотивира, да вежбаме дома наместо во фитнес центар, итн.). 

Design Thinking не води од дефиниран предизвик, преку генерирање на идеи па се до успешно решение на тој предизвик.

Во бизнисот пак, промените се уште покомплициран процес. Најчесто ниту вработените ниту менаџментот не се подготвени да ги прифатат промените, па затоа е особено  важно да се земат во предвид нивните мислења и идеи, секако покрај мислењата на потрошувачите и корисниците. Неопходен е консензус во врска со тоа кој е предизвикот со кој бизнисот се соочува за да се започне со генерација на идеи за решавање на предизвикот. Тестирањето на решението и подобрување на прототип решението е процес кој може да се повторува се до постигање на конечен резултат.

Се смета дека со Design Thinking пристапот шансите за неуспех се сведени на минимум бидејќи тој се базира на длабоко познавање на потребите и желбите на луѓето, односно согледување на проблемите од различни аспекти на сите засегнати страни. Токму заради тоа овој флексибилен, холистички пристап е широко прифатен од компаниите кои сакаат да воведуваат промени кои ќе донесат успешни резултати без многу напор. 

Исто така, голем дел од компаниите кои го имплементирале Design Thinking во своето работење сметаат дека овој пристап може целосно да го замени класичното менаџирање со промени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
design thinking mk

Ефективна комбинација на Design Thinking и Agile во пракса

Design thinking е кориснички ориентиран пристап за креативно решавање на проблеми. Произлегува од начинот на размислување на дизајнерите, а може да го аплицира секоj поединец или бизнис. Agile е итеративен…
Прочитај
Work from home `

5 корисни совети како со Design Thinking да си го олесните работењето од дома

Работата од дома е еден од предизвиците со кој светот се соочува во време на пандемија. За недостатоци на работењето од дома се сметаат: недостаток на комуникација, осаменост, дефокусираност, намалена…
Прочитај

Петте чекoри на Design Thinking

Design Thinking методологијата е еден вид на упатство, кое води до подобри решенија за пократко време. Во зборовите на Давид Келеј, таткото на Design Thinking: Главната цел на методологијата е…
Прочитај

Книги кои ќе ја поттикнат Вашата креативност

Медиумот DesignThinking.mk сака да ве поттикне креативно да размислувате и воедно да бидете попрoдуктивни и мотивирани. Во таа насока ќе ви споделуваме едукативни книги исполнети со алатки, техники, мотивација и…
Прочитај