Design Thinking: Стратегија за креирање иновативни продукти

Total
1
Shares

Постојат многу иновативни продукти и успешни приказни на светски компании кои нашле инспирирација во Design Thinking. Првото компјутерско глувче на Apple создадено во 1980 година, е продукт кој требало да ги реши предизвиците на постоечкото глувче- прескапо и комплицирано за користење. Друг пример е AirBnB, стартапот кој преку емпатија со корисниците се претворил во милионски бизнис.

И во двата примери, компаниите ја користеле Design Thinking методологијата за да создадат иновативни продукти и услуги. Иновациите секогаш започнуваат со едно прашање: како да го олесниме животот на нашите корисници? Фокусирајќи се на потребите на корисниците, компаниите наоѓаат начин да најдат решение за тие потреби. Така настанува иновативен продукт, со кој тешко ќе се погреши на пазарот. Design thinking е одлична методологија за водење на иновативниот процес.                           

Оваа методологија се состои од пет фази:

  1. емпатија
  2. дефиниција на проблем
  3. идеација
  4. прототип 
  5. тестирање

Накратко, Design Thniking e процес на идеација, во чиј фокус се потребите на корисниците. Корисничкото искуство е на чело на иновацискиот процес. За да се создаде нешто иновативно, последните две фази се клучни. Прототипот е визијата за еден продукт или услуга која компанијата сака да ја продаде на пазарот. Тестирањето подразбира собирање на фидбек од страна на потенцијалните корисници. Фидбекот понатаму се користи конструктивно, за подобрување на прототипот, односно продуктот или услугата. Следниве неколку бенефити се добиваат преку креирање на прототип и негово тестирање:

  Се исклучуваат од игра претпоставките, а се добиваат реални одговори од реални корисници

  Се намалуваат непотребните трошоци за производство на продуктот, без да се има увид дали тој продукт е потребен на пазарот и пожелен од страна на корисниците

  Најпрво се цели кон квантитет за да се стигне кон квалитетот- што повеќе прототипи на почетокот, толку повеќе фидбек за создавање на успешен краен продукт.

  Откривање на нови пазари. Паметниот телефон или првиот iPhone е настанат како решение на проблемот на корисниците кои се префрлале од еден гаџет на друг. Паметниот телефон вклучува неколку гаџети во еден, а со неговото создавање се открива новиот пазар на паметни телефони, како и пазарот на апликации за паметни телефони.

 Според авторот на The Design of Business, Роџер Мартин, компаниите кои го користат Design Thinking се истакнуваат по волјата и желбата да се постојано ангажирани околу ре-дизајнирањето на нивниот бизнис, со цел да стекнат предност и во иновациите и во ефикасноста. Design Thinking методологијата не се користи само за креирање на иновативни продукти и услуги за крајните корисници. Оваа методологија е истовремено апликативна и при иновации во бизнис процесите како и во стилот на водење и менаџирање на бизнисот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Кој тип на иноватор сте?

Со вистинските луѓе и примена на модерни технологии во вашиот бизнис, вие сте на  вистинската позиција да започнатете со иновирации. Но,имате дилема и предизвик од каде да започнете? Што сакате…
Прочитај

Како вештачката интелигенција може да ја зголеми мотивацијата на вработените?

Во модерните работни средини, вештачката интелигенција може да се искористи на повеќе начини за зголемување на ангажманот и мотивацијата на вработените.  Во продолжение неколку едноставни, но корисни примени на вештачката…
Прочитај