Како преку информациите од корисниците може да ја подобрите Вашата идеја?

Total
8
Shares

Kо-креациите односно креирањето задно со корисниците ја крева компанијаат на едно многу повисоко и завидно ниво. Кога ќе му го покажете својот производ на вашиот корисник мора да имате чист ум за да не се појави вашето его со цел да добиете реален повратен одговор/импресија.

На некој начин, оваа динамика е најблиску до психолошките сесии, но користејќи ги вашите концепти како елемент на изразување.  Преку вашата идеја или прототип, тие почнуваат да ви кажуваат што не е им се допаѓа во секојдневниот живот. Ако вашата идеја им даде надеж, тие ќе бидат искрени со вас и заедно ќе креирате идеални решенија за нивните проблеми.

Најмагичниот момент што може да го има една компанија е процесот на создавање нешто добро за својот корисник/клиент. Ова се однесува на тоа кога прототипот ја добива својата вредност: Како да се покаже идеја што сеуште реално не постои? Како да се покаже нешто нематеријално? Можете ли да разговарате со корисникот за нешто апстрактно? Или треба да му покажете нешто опипливо?

Како би извлекле максимумот на повратни информации од вашите корисници, вредно е да ги разгледате следниве аспекти:

  1. „Покажете го и валидирајте го проблемот“

На почетокот важно да ги потврдите проблемите пред да започнете да зборувате за концептите. Ова ќе ви помогне да разберете дали она што ќе им кажете е интересно или не.

Цел: Валидација

  1. „Прикажете ја идејата“

Презентирајте ги идеите и разговарајте (поставувајте колку што можете повеќе прашања и потпрашања) што им се допаѓа, а што не. Тука е важно да се нагласи дека се уште не продавате, туку само собирате повратни информации за првичната идеја. Позитивните и негативните аспекти се добре дојдени со цел за поквалитетен конечен исход

Цел: Вербализирајте го она што го имаат на ум и што може да ги реши сомнежите во врска со идеите.

  1. „Трансформирајте ја вашата идеја според корисничката реалност“

Побарајте од корисниците да се надоврзат на вашата идеја или да ви кажат како би го направиле вашиот концепт покорисен за подобро решавање на проблемот што сте го откриле. Овде е добро да ги прашате дали знаат постоечки решенија и како ги користат или зошто не ги користат.

Цел: Врз основа на вашата главна идеја создадете верзии за надградба.

Погледнете што му штети на вашиот корисник во неговиот живот. Покажете му ја вашата идеја и оставете го да се надоврзе на тоа. Реконструирајте ја идејата и покажете ја повторно за мислење додека не дојдете до конечното идеално решение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај