Дали знаете дека гигантите како IKEA и LEGO користат ко- креација за да иновираат?
Еден од најуспешните пристапи не само на наведените гиганти, туку и на други големи компании се базира на заедничко креирање со своите корисници.
Во Македонија, забележителен успех забележа Креираме заедно на А1 Македонија, работилница за ко- креација од која произлегоа нови решенија и продукти кои одговараат на потребите на корисниците.
Вашите корисници се на “челната позиција”
Ко-креацијата е всушност, формирање на тим од вашите корисници кој ќе го вметнете во процесот на дизајн на продукти и услуги. Водени од соодветните професионалци во Вашата компанија, ко- креацијата е освежувачки и неверојатно креативен пристап кој може да ве доведе не само до подобрување на актуелните продукти и услуги, туку и до иновативни решенија. Ваквото заедничко креирање е особено успешно за решавање на т.н. wicked проблеми кои вклучуваат повеќе засегнати страни, а се многу комплексни за да се одговори на нив со едноставно решение.
Успехот е во синтезата на различните мислења
Преку вклучување на мултидисциплинарни тимови и корисници во процесот на дизајн, се зголемуваат шансите за успех на конкретниот продукт или услуга, а истовремено се намалува неизвесноста за тоа дали тој продукт/ услуга ќе бидат воопшто прифатени од страна на корисниците. Сепак, компанијата мора да биде подготвена на три важни моменти: да има визија– бидејќи ниту желбите на корисниците не можат да го надоместат недостатокот на визија и јасна цел; прифаќање на фактот дека не само експертите и креативниот тим, туку секој поединец е креативен; емпатија односно разбирање на другите и почитување на нивните мислења и идеи. Емпатијата, која постојано ја говориме како императив на design thinking методологијата, e неопходна за да се постигне разбирање и соработка во текот на ко-креацијата.
Бенефити од ко-креацијата
Секоја компанија покажува на некој начин дека ги вреднува своите корисници, но ко- креацијата е чекор понапред: корисниците кои се вклучени во процесот на креација чувствуваат поголема поврзаност и лојалност кон брендот. Исто така, корисниците сакаат да го искажат нивното мислење и истото да биде слушнато, особено сега во ерата на социјални медиуми, а тоа мислење е патот кон компетитивна предност на брендот. Слободно може да се оцени дека ко-креацијата е win-win ситуација за брендот и за неговите корисници.
Дали Вашата компанија е подготвена за ко-креација?
Доколку сакате да ги вклучите Вашите лојални корисници во иновирањето или подобрувањето на квалитетот на продуктите и услугите кои ги нудите, тимот на Солвео Ви стои на располагање, бидејќи задоволните и лојални клиенти се иднината на вашиот бизнис!