Што значи примената на „Design Thinking“ во продажбата?
Првично начин да се креираат нови идеи за креативни предизвици и позитивна имплементација во одделите за продажба.
Design thinking е последниот тренд на продажбата.
Што е Design Thinking? Накусо, станува збор за како тоа да се натераат продавачите да размислуваат како дизајнери. IBM, Salesforce, Google и Amazon, ја прифатија оваа филозофија. Слободата во размислување и експериментирањето кои што ги овозможува примената на Design Thinking, ја зголемуваат дополнително популарноста.
Започнете со дефинирање на проблемот
За тимовите од продажниот сектор, главна причина да се потпрат на Design Thinking е да се откажат од навиката да размислуваат како продавачи на производи. Наместо тоа, тие треба да ги решаваат потребите на нивниот клиент на креативен начин. Честопати тие стануваат менаџери на производот, барајќи промени во постојните производи и бизнис модели за да одговараат на потребите на нивните клиенти.
Трансформирајте ги продавачите во креативни решавачи на проблеми
Доколку успеете да вметнете промени во начинот на продажба на вашите продукти ќе исполните импресивен список на придобивки:
– Среќен персонал;
– Нова компаниска култура за решавање на проблеми;
– Способност за иновации;
– Емпатија со клиентите;
– И најважно подобри резултати од продажбата;
Design Thinking методологијата има децениски докажани резултати зад себе. Најважно е дека продавачите треба да бидат отворени да учат нови вештини. Станува збор за креативност, решавање проблеми и креирање на иновативни решенија за клиентите.
Design Thinking се предвидува да биде мејнстрим во следните години.