Кои индустрии имаат најголема потреба од Design Thinking сега!

Total
1
Shares

Во 2020 година сведочиме на промени во потрошувачките навики кои се случија преку ноќ заради пандемијата и нејзините последици врз секојдневниот живот. Следењето на потрошувачките навики и предвидувањето на нивните однесувања во идниот период никогаш не било потешко, но за среќа, постои Design Thinking пристапот. 

Неконвенционален, универзално применлив и кориснички- ориентиран, овој пристап ги имплементира дизајнерските принципи со цел да се разберат корисниците на продуктите и услугите преку емпатија, односно длабоко интересирање за нивните потреби и проблеми. Кои индустрии имаат најголема потреба од имплементација на ваквиот пристап во моментов?

1. ИТ индустријата 

Пандемијата во 2020 овозможи рапидна дигитализација на скоро сите услуги. Намалената активност на економските оператори и преку ноќ променетите однесувања на потрошувачите доведоа до брзи дигитални решенија. Сега е веќе време за согледување на начинот на кој луѓето комуницираат со системите и имплементација на кориснички- ориентираниот пристап Design Thinking со цел да се постигне интуитивно користење на системите, софтверите и алатките кои сме принудени да ги користиме во време на социјална дистанца. 

2. Здравствена индустрија

Здравствената заштита е една од најсензитивните индустрии кои го засегаат целото општество и секој поединец. Design thinking овозможува подобрување на искуството на пациентите во здравствените установи, откривање на потребите на модерните пациенти, и иновации во медицината и здравствената заштита.

Design thinking пристапот се фокусира на секојдневието на пациентите и нивната психичка состојба, што е од голема помош за здравствените работници кои се фокусираат само на медицинската состојба. На пример, апликацијата Tifli: Parent’s Partner (слична апликација на Фејсбук која покрива конкретна пазарна ниша- новопечени родители) е создадена како резултат на работилниците одржани со трудници, каде се открило дека татковците чувствуваат грижа на совест во врска со нивните сопруги и немаат начин да ги усреќат за време на бременоста и по раѓањето на детето.

3. Малопродажба

Малопродажбата со Design Thinking може да го подобри искуството при интеракција со корисниците, без разлика дали се работи за иновација во поглед на онлајн или офлајн продажба. Физичките продавници може да бидат обновени и иновативни за да го задржат вниманието на купувачите, на пример: виртуелна реалност, онлајн шопинг во физичка продавница, и слични концепти. Може да помогне да се одржи задоволството на купувачите и да се овозможи беспрекорно и безбедно корисничко искуство.

4. Туризам

Туризмот претрпе огромни загуби заради пандемијата. Design thinking пристапот може да помогне во создавање на концепција за тоа како ќе се трансформира туризмот во иднина, односно ги дава одговорите на тоа како ќе се менува туризмот. Фокусот на размислувањето за иднината на туризмот се сведува на: развој и иновации на продуктите, услугите и искуствата и стратешка изградба на одржливи локални бизнис екосистеми кои генерираат локална вредност.         

 Design Thinking е иновативен пристап за креирање на решенија за човековите потреби и предизвици. Заради тоа се смета дека е универзално применлив, односно секоја индустрија која го применува бележи пораст на лојални корисници и одлични резултати. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
design thinking приказни

5 успешни Design Thinking приказни

Сигурно се прашувате како и дали воопшто design thinking функицонира? Како се применува и имлементира оваа популарна алатка во различни различни индустрии и бизнис сектори? Примерите кои ги одвоивме ќе…
Прочитај

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на…
Прочитај

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува…
Прочитај

Кој тип на иноватор сте?

Со вистинските луѓе и примена на модерни технологии во вашиот бизнис, вие сте на  вистинската позиција да започнатете со иновирации. Но,имате дилема и предизвик од каде да започнете? Што сакате…
Прочитај

Како вештачката интелигенција може да ја зголеми мотивацијата на вработените?

Во модерните работни средини, вештачката интелигенција може да се искористи на повеќе начини за зголемување на ангажманот и мотивацијата на вработените.  Во продолжение неколку едноставни, но корисни примени на вештачката…
Прочитај