Како да им се пристапи на корисниците денес?

Total
9
Shares
корисниците

Во модерното време кога корисничките навики бргу се менуваат, корисниците бараат се повеќе од брендовите а 84% од милениумците го игнорираат традиционалниот маркетинг, компаниите имаат шанса да ги реобмислат своите стратегии за привлекување корисници.

Кој е твојот корисник?

Според Design thinking, првиот чекор на една компанија е сознанието за тоа кој е нејзиниот корисник. Што работи нашиот корисник, колку години има, какви интереси, со какви проблеми се соочува и каде можеме да му помогнеме? Дефинирањето на корисникот е од клучно значење за тоа како да комуницираме со него и какви решенија (продукти, услуги) да му понудиме. 

Покажи грижа за корисниците

Вашиот корисник не е само “купувач” на вашите производи, туку е личност со одредени психолошки, професионални и приватни карактеристики. Навлезете во неговите чевли и разберете ги неговите потреби, проблеми, желби и соништа. Помогнете им на вашите корисници да решат некој нивни проблем, бидејќи “никому не му е гајле колку знаете т.е што нудите, доколку вам не ви е гајле за никого”.

Исто така, разберете ги проблемите со кои луѓето се соочуваат во моментот и соодветно реагирајте, како што извршниот директор на филипинскиот Мекдоналдс, Кенет Јанг, испрати видео порака до своите потрошувачи дека компанијата се грижи за безбедноста на вработените и потрошувачите, како и за чистотата и квалитетот на храната во време на пандемија.

Изгради заедница

Кога веќе сте го запознале вашиот корисник, изградете заедница во која вашите корисници ќе чувствуваат припадност, ќе бидат постојано ангажирани и анимирани.

Корисниците сакаат автентични релации со брендовите, на пример: споделете ги нивните видеа во кои го спомнуваат вашиот бренд по примерот на Kettlebell Kings, или отворете групи на социјалните мрежи во кои корисниците ќе споделуваат нешто што ним им е важно, а е поврзано со вашиот бренд.

Едукативни материјали и бесплатни примероци за корисниците

Нудењето на бесплатни дополнителни едукативни материјали во врска со вашиот бренд или индустрија се дел од градењето на силна заедница. Оваа бесплатна “вредност” која компанијата ја нуди ги прави корисниците помалку засегнати од цената на продуктите или услугите кои ги нудите. Понудете и визуелизација: едукативни спотови, кратки видеа, анимации и слично.

Повик за акција

Повикот за акција (call to action) е маркетиншки израз за дејствие кое предизвикува непосреден одговор или инстантна продажба. Пример за одличен call to action е Netflix- на самата страна ви паѓа во очи црвеното копче Join free for a month, кое јасно ги информира корисниците дека доколку се регистрираат веднаш добиваат 1- месец бесплатни услуги.

Повикот за акција треба да биде конзистентен во секој дел од вашата маркетинг стратегија, да биде јасен и да не бара премногу напор од корисникот, а неговата цел е да се поттикне интеракција со корисниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

Емпатија: Зошто Ви е потребна да бидете успешни во бизнисот?

Емпатијата е човечка карактеристика која може да го промени светот. Треба да знаеме како да се поставиме во туѓи чевли, и да ги погледнеме работите од туѓа перспектива. – Барак…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај