Како ефективната комуникација на работното место може да ја зголеми продуктивноста?

Total
0
Shares

Дали некогаш сте се запрашале зошто скоро сите огласи за работа во која било област бараат добри комуникациски вештини? Ефективната комуникација е од клучно значење, бидејќи без неа компаниите нема да можат да успеат, па дури можно е и да престанат да функционираат.

Многу менаџери доживеале последици од лошата комуникација на работното место. Кога информациите не се пренесуваат на вистински начин и во вистинско време, продуктивноста на работното место може да се намали. Уште повеќе, задачите може да бидат нецелосни, а како резултат на тоа, целите нема да бидат исполнети. Меѓутоа, важи и спротивното: Ефикасната комуникација на работното место може да има позитивен ефект врз перформансите на вработените преку зголемување на моралот на вработените, стапката на задржување и севкупната продуктивност на работната средина. 

Во продолжение ви презентираме 5 совети каде ефективноста во комуникацијата на работното место може да ја зголеми севкупната продуктивност на вашата компанија.
  1. Отстранување на недоразбирањата

Кога информациите не се пренесуваат правилно на вистинските луѓе, може да дојде до некаква погрешна комуникација и недоразбирање што може да биде причина за падот на квалитетот. Кога недостасува ефикасна комуникација на работното место, конфузијата е секогаш присутна. Некои вработени мислат дека менаџерите кажале едно, додека други мислат дека кажале нешто сосема друго. Во овој случај, како може секој да работи за иста цел и да ја зголеми продуктивноста? 

Многу е важно е да имате добар комуникациски систем за секој да разбере кои се целите и да можат заедно да работат кон нив. На пример, ако креирате нова стратегија за промоција на Инстаграм за вашата компанија, треба јасно да ги пренесете новите задачи и цели со вашите вработени. Ако тие немаат јасно разбирање за тоа што точно треба да прават, како што се објавување, лајкување, споделување и слично, тогаш вашата стратегија веројатно ќе заврши во неред.

  1. Зајакнување и транспарентност

Друг начин на кој комуникацијата може да ја подобри продуктивноста е со помош на зајакнување. Ако вашите вработени имаат повеќе информации, тие ќе се чувствуваат повеќе овластени да ги завршат своите задачи со доверба и насока. Оние вработени кои имаат повеќе информации за конкретни задачи и знаат како да ги завршат се помотивирани да го завршат ефективно. 

     3. Здрава работна култура

Здравите и продуктивни култури во организациите се засноваат на ефективна комуникација. Доколку вработените и менаџерите во компанијата имаат добри работни односи меѓу себе, културата на компанијата се подобрува и станува здрава. 

На пример, како ја замислувате совршената работна атмосфера? Се разбира, во таквите компании постои почит, зајакнување, благодарност итн. Ова се главните работи што ја создаваат културата во една компанија. 

Доколку комуникацијата е лоша, на пример, ако менаџерите не можат да разговараат со своите работници на начин со почит, ако работниците се плашат да поставуваат прашања и слично, тогаш културата на таквите компании е слаба. Ова е доказ за фактот дека комуникацијата ја формира културата на компанијата. 

Како резултат на тоа, во оние компании каде што има здрава култура, луѓето се чувствуваат почитувани и разбрани, што пак го зголемува моралот и ја зголемува продуктивноста.

  1. Зголемена одговорност

Кога во компанијата се присутни добри комуникациски вештини, работниците имаат тенденција да се држат меѓусебно одговорни. Само затоа што ефективната комуникација на работното место дава јасни упатства, работниците точно знаат што се очекува од секој од нив. Ова помага да се подобри одговорноста, што пак ја зголемува продуктивноста. 

Ако нема одговорност на работното место, нема да има поттик да се подобрите.

  1. Јасна насока

Со помош на добра комуникација меѓу менаџерите и вработените, станува јасно каде е компанијата, каде треба да биде во иднина и кои чекори треба да се преземат за да се стигне до таму. Сите овие информации даваат јасни насоки за сите вработени, што ја зголемува продуктивноста и ја намалува неизвесноста. Давањето точна насока на вработените ја прави нивната работа помалку стресна, побрза, поефикасна и попријатна.

Сега гледате како ефективната комуникација може да и помогне на вашата компанија да ја зголеми продуктивноста, но можеби мислите дека воспоставувањето добра комуникација внатре во компанијата може да биде скапо и тешко. Сепак, постојат неколку олеснителни начини.

 

Во породолжение следуваат неколку методи за лесно подобрување на внатрешната комуникација во вашата компанија и да ги одржите позитивни вашите тимови:

Билтени: Еден од начините за подобрување на комуникацијата е да ги натерате вашите вработени да го читаат билтенот на компанијата еднаш неделно. Овој документ треба да ги наведе сите достигнувања во текот на неделата/месецот и да покаже колку компанијата ја цени посветеноста и мотивацијата на своите работници. На пример, ако вашата кампања на Твитер беше успешна поради толку многу ваши вработени, тогаш треба да го спомнете ова во вашиот билтен за да ги направите тој/неа и другите вработени помотивирани.

Интерни канали за комуникација: Има многу компании кои не го користат овој канал и навистина пропуштаат одлична шанса да останат поврзани со своите вработени. Интранетот на компанијата може да создаде двострана комуникација помеѓу менаџерите и вработените. Погрижете се да споделите неколку прашања, интересни совети, планирани маркетинг кампањи, видеа, дизајни и други важни и корисни информации за да го подобрите ангажманот на вработените.

Лична комуникација: Методите споменати погоре, се разбира,  се ефективни, но ништо не е поефикасно од интеракциите лице-в-лице. Наместо директно да влегувате во вашата канцеларија наутро, погрижете се да разговарате со вашите вработени, да ги прашате за активните проекти и да им давате совети, повратни информации и јасни упатства.

Затоа, следниот пат кога ќе се подготвувате за состанок со вашиот тим, погрижете се да направите сè за да ја подобрите јасната и ефективна комуникација со нив. Кога сите ќе разберат што се обидувате да кажете јасно, ќе видите дека вашите работни процеси стануваат многу поедноставени и вашата компанија и тимови стануваат попродуктивни.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај