Интересни факти за Design Thinking

Total
9
Shares

Design Thinking  е процес на иновација насочен кон човекот кој ги нагласува етнографските истражувања, повторувањето и истовремената деловна анализа Основан од голем број компании и практичари кој што се користи за подобрување на иновациите, искуството на клиентите и профитот. Вопоследните 15 години, влијанието на Design Thinking е заслужно за генерирање нови иновативни производи (над 3 милиони), напедок на различни индустрии (Airbnb) и револуција во организациската култура (Proctor & Gamble).

Што го прави Design Thinking процесот толку трансформативен? Следниве три Design Thinking факти, кои што веројатно не сте ги знаеле, ќе ви ги дадат потребните одговори:

Design Thinking процесот не е новитет

Design Thinking функсионира особено бидејќи не е воопшто ништо ново. Дивергентното и конвергентното размислување во основа математиката, науката и економската теорија од пред стотици години. Леонардо да Винчи го применувал концептот на брзо прототипирање и „брзо не успевање“ во неговиот процес на дизајнирање, произведувајќи илјадници цртежи и макети за да ги тестира концептите. Истото важи и за современа примена на „Design Thinking“,  затоа започнете го процесот со огромна „депонија“ за идеи. Потоа можете да процените дали се одржливи, остварливи и пожелни.

Зошто е ова важно за бизнисот?

Поттикнувањето на изобилство на концепти на почетокот на Design Thinking процесот е составен дел за да се добие најдобриот исход. Овозможувајќи ги сите идеи да излезат на површина и да бидат слушнати, ги подобрувате страничните способности за размислување на вашиот тим. Режимот ја задушува иновативноста. Затоа, започнете широко, а завршете конкретно.

Design Thinking го охрабрува неуспехот

Зошто е одлично да не успеете?

Новите производи се еден начин да се остане на врвот и се резултат на иновации. Но, иновациите можат да се постигнат само преку неуспех.

Во 50-тите години, Alfred Fielding скоро ја загубил својата животна заштеда кога не успеал да го продаде својот изум. Најпрвин неговиот продукт имал улога да биде еден вид на тапет.  Но, компаниите за внатрешно уредување сметале дека неговата обвивка е премногу чудна за домашната средина. Наместо да се откаже и да прифати неуспех од неговиот експеримент, тој својот продукт пробувал да го продаде на различни индустрии. На крајот, тој наидува голема привлечност во транспортната индустрија, го продадава како пакување на IBM под името Bubble Wrap. Станува збор за познатите најлонски воздушни балончиња кои сите сакаме да ги пукаме кога ќе купиме нешто ново и ќе отпакуваме, а тие се внатре за да заштитат од кршливост и други надворешни фактори.

Неуспесите се мајка на пронајдоците. Како што вели Bruce Mau: „Сакајте ги Вашите експерименти како што би сакале грдо дете“.

Зошто е ова важно за бизнисот?

Иновацијата не се случува туку така. Прифаќањето на неуспех може да им помогне на тимовите доколку си  дозволат експериментирање. Design Thinking поттикнува тестирање и прототипирање. Испробувањето на тековната работа со клиентите  пружа рани повратни информации и овозможува можност за подобрување на прототипите и неограничено повторување на процесите.

Design Thinking има принеси од Шекспир

Шекспир знаел  дека луѓето можат да се справат само со ограничена количина на трагедија истовремено. Тој ја довел својата публика до работ на нивниот емотивен капацитет, а потоа ги раскинал драматичните сцени со комедија. На истот начин, една добра Design Thinking работилница треба да ве остави да се смеете, да се соочувате, да се инспирирате и да ви даде јасен пат за напредок. Процесот може да биде нарушен, често вклучува предизвикување на цели системи и традиционални начини на креирање. Со цел да се генерираат значајни промени, понекогаш се бара трагичен хуманизам.

Зошто е ова важно за бизнисот?

Кога луѓето се целосно нурнати во некое искуство, тие се обврзуваат да работат низ тешкотии и стануваат експерти за решението. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
design thinking mk

Ефективна комбинација на Design Thinking и Agile во пракса

Design thinking е кориснички ориентиран пристап за креативно решавање на проблеми. Произлегува од начинот на размислување на дизајнерите, а може да го аплицира секоj поединец или бизнис. Agile е итеративен…
Прочитај
Work from home `

5 корисни совети како со Design Thinking да си го олесните работењето од дома

Работата од дома е еден од предизвиците со кој светот се соочува во време на пандемија. За недостатоци на работењето од дома се сметаат: недостаток на комуникација, осаменост, дефокусираност, намалена…
Прочитај

Петте чекoри на Design Thinking

Design Thinking методологијата е еден вид на упатство, кое води до подобри решенија за пократко време. Во зборовите на Давид Келеј, таткото на Design Thinking: Главната цел на методологијата е…
Прочитај
positivni promeni so desing thinking

Со Design Thinking до позитивни промени

Design thinking е пристап кој се користи за креативно решавање на комплексни проблеми. Па оттука следи прашањето “како да го примениме и за воведување на позитивни промени?” Промените се неопходен…
Прочитај