Design Thinking е процес на иновација насочен кон човекот кој ги нагласува етнографските истражувања, повторувањето и истовремената деловна анализа Основан од голем број компании и практичари кој што се користи за подобрување на иновациите, искуството на клиентите и профитот. Вопоследните 15 години, влијанието на Design Thinking е заслужно за генерирање нови иновативни производи (над 3 милиони), напедок на различни индустрии (Airbnb) и револуција во организациската култура (Proctor & Gamble).
Што го прави Design Thinking процесот толку трансформативен? Следниве три Design Thinking факти, кои што веројатно не сте ги знаеле, ќе ви ги дадат потребните одговори:
Design Thinking процесот не е новитет
Design Thinking функсионира особено бидејќи не е воопшто ништо ново. Дивергентното и конвергентното размислување во основа математиката, науката и економската теорија од пред стотици години. Леонардо да Винчи го применувал концептот на брзо прототипирање и „брзо не успевање“ во неговиот процес на дизајнирање, произведувајќи илјадници цртежи и макети за да ги тестира концептите. Истото важи и за современа примена на „Design Thinking“, затоа започнете го процесот со огромна „депонија“ за идеи. Потоа можете да процените дали се одржливи, остварливи и пожелни.
Зошто е ова важно за бизнисот?
Поттикнувањето на изобилство на концепти на почетокот на Design Thinking процесот е составен дел за да се добие најдобриот исход. Овозможувајќи ги сите идеи да излезат на површина и да бидат слушнати, ги подобрувате страничните способности за размислување на вашиот тим. Режимот ја задушува иновативноста. Затоа, започнете широко, а завршете конкретно.
Design Thinking го охрабрува неуспехот
Зошто е одлично да не успеете?
Новите производи се еден начин да се остане на врвот и се резултат на иновации. Но, иновациите можат да се постигнат само преку неуспех.
Во 50-тите години, Alfred Fielding скоро ја загубил својата животна заштеда кога не успеал да го продаде својот изум. Најпрвин неговиот продукт имал улога да биде еден вид на тапет. Но, компаниите за внатрешно уредување сметале дека неговата обвивка е премногу чудна за домашната средина. Наместо да се откаже и да прифати неуспех од неговиот експеримент, тој својот продукт пробувал да го продаде на различни индустрии. На крајот, тој наидува голема привлечност во транспортната индустрија, го продадава како пакување на IBM под името Bubble Wrap. Станува збор за познатите најлонски воздушни балончиња кои сите сакаме да ги пукаме кога ќе купиме нешто ново и ќе отпакуваме, а тие се внатре за да заштитат од кршливост и други надворешни фактори.
Неуспесите се мајка на пронајдоците. Како што вели Bruce Mau: „Сакајте ги Вашите експерименти како што би сакале грдо дете“.
Зошто е ова важно за бизнисот?
Иновацијата не се случува туку така. Прифаќањето на неуспех може да им помогне на тимовите доколку си дозволат експериментирање. Design Thinking поттикнува тестирање и прототипирање. Испробувањето на тековната работа со клиентите пружа рани повратни информации и овозможува можност за подобрување на прототипите и неограничено повторување на процесите.
Design Thinking има принеси од Шекспир
Шекспир знаел дека луѓето можат да се справат само со ограничена количина на трагедија истовремено. Тој ја довел својата публика до работ на нивниот емотивен капацитет, а потоа ги раскинал драматичните сцени со комедија. На истот начин, една добра Design Thinking работилница треба да ве остави да се смеете, да се соочувате, да се инспирирате и да ви даде јасен пат за напредок. Процесот може да биде нарушен, често вклучува предизвикување на цели системи и традиционални начини на креирање. Со цел да се генерираат значајни промени, понекогаш се бара трагичен хуманизам.
Зошто е ова важно за бизнисот?
Кога луѓето се целосно нурнати во некое искуство, тие се обврзуваат да работат низ тешкотии и стануваат експерти за решението.