Одличниот дизајн е едноставен, убав и лесен за употреба. Одговара на потребите на корисникот, едноставно функционира. На страна од овие карактеристики, како можеме да знаеме дали еден дизајн е „добар“? Покрај тоа, како може компанијата да знае дали вредeло вложувањето на време и пари во дизајнот?
Доказот е во бројките. Бизнисите полека дојдоа до сознанието дека дизајнот може да се користи како диференцијатор за да одговори на промените на трендовите и однесувањето на потрошувачите.
Повторно и повторно, имињата на Fortune 500, како што се Apple, Microsoft, Disney и IBM, ја демонстрираа суштинската вредност од примената на „Design Thinking“ процесот како конкурентска предност што влијае на крајната линија и го поттикнува растот на бизнисот.
Design thinking методологијата честопати ја тргаа настрана сопствениците на бизниси во претходните децении. Но таа сега стана значителна движечка сила во деловниот свет преку споменување Harvard Business Review и Forbes.
Популаризиран од Тим Браун (извршен директор на IDEO, глобална компанија за дизајн), Design Thinking е „човечки центриран пристап кон иновациите што произлегува од пакетот алатки на дизајнерот за да ги интегрира потребите на луѓето, можностите на технологијата и барањата за успех во бизнисот.“
Денес, овој растечки тренд ги менува основните деловни практики. Го менува начинот на размислување и како функционираат тимовите за дизајн и продукти. Некои дури придонесоа и за вредноста на корисничкото искуство, а воедно и инвестираа во подобрување на искуството на клиентот.
Тоа е прилично неверојатно, бидејќи пред само десет години повеќето компании не знаеа ни што значи корисничко искуство воопшто.