Пет практики за зајакнување на вашето креативно размислување

Total
1
Shares

Секој сака да дојде до извонредна креативна идеја – следниот AirBnB, Uber или Instagram, но често нашата креативност завршува во моментот кога ќе посегнеме по пенкало. 

Користете ги лесните вежби и практики за креативност подолу за да ги истегнете вашите креативни виуги и да ги поместите границите на вашето секојдневно креативно размислување.

Додека креативноста не познава граници, самиот чин на креативно размислување вклучува доза на структура и планирање. Првиот чекор од секое креативно размислување е да поставите јасна намера за вашите мисли да бидат фокусирани, организирани и корисни.

  1. Поставете креативен предизвик

Да речеме дека сте имале задача да креирате нов производ за компанијата. Првично, може да доживеете огромни негативни чувства на несигурност и сомнеж во себе. Можеби не знаете од каде да започнете или не мислите дека сте „доволно креативни“ за овој предизвик. Со поставување на јасни и афирмирани намери, можете да ги отстраните сите оние негативни мисли што го попречуваат креативниот процес. Кога ќе го отстраните целиот тој неред, можете да го пополните тој простор со нови, креативни идеи. Поставувањето јасни намери, исто така, помага да се ослободите од какви било сомнежи во себе и несигурност и ви овозможува да се фокусирате некој креативен предизвик што се наоѓа пред вас, што помага идеите лесно да течат.

  1. Погледнете ги работите од нова перспектива

Едвард Де Боно (3 Design Thinking книги кои мора да ги прочитате), автор и експерт во областа на креативноста и латералното размислување, вели: „Креативноста вклучува избивање на воспоставените обрасци со цел да се гледаат работите на поинаков начин“, што е инспирација за оваа вежба.

Изберете врска во вашиот живот што ќе ви биде предизвик, без разлика дали е тоа со сакана личност, пријател или колега,потоа погледнете ги работите од гледна точка на таа личност. Не мора нужно да го прифатите како вистина, но практикувањето на перспективата на таа личност не само што ќе го вежба вашиот мозок, туку ќе ви помогне да ја развиете способноста да гледате на работите на нови и различни начини.

  1. Запишете го прашањето на кое се обидувате да одговорите

Ако нешто ве закочува, земете парче хартија и запишете го прашањето на врвот. Бидете што е можно поконкретни. Потоа запишете ги сите потенцијални решенија, без разлика колку тие изгледаат смешни или „погрешни“. Правете го ова пет минути секој ден како начин да се фокусирате, да го размрдате вашето размислување и да ја стимулирате вашата потсвест.

4.Бидете дел од креативна средина

Ако сакате да бидете креативни, подобро е и вашата околина да биде креативна. Се разбира, не секој го има овој луксуз да работи во креативна индустрија или да има генијални пријатели. 

Еве неколку совети каде можете да го започнете вашиот лов за креативни луѓе:

Кажи ми кои се твоите пријатели и јас ќе ти кажам кој си. – Мексиканската поговорка

Посетувајте уметнички галерии, изложби, саеми, тематски настани, креативни базари, работилници и слично;

Ако вашата локација не ви овозможува лесен пристап – придружете се на форуми и онлајн заедници за да комуницирате со интересни луѓе.

  1. Вежбајте и изморете се

Докажано е дека нашите најдобри идеи доаѓаат кога сме уморни. Тоа е затоа што уморниот мозок е помалку фокусиран, што му овозможува да ги гледа работите на различни начини. 

А знаете што изморува најмногу? Вежбањето. Што случајно е добро и за нашиот мозок бидејќи ни помага да излеземе од главата и да создадеме нови шеми на размислување. 

Така, можеби тоа е поочигледен предлог, но следниот пат кога ќе наидете на кративна пречка, трчајте или прошетајте и кажете си дека ќе ја пронајдете инспирацијата што ви треба.

Ова се докажано ефективни практики. Секоја од нив има специфична цел.  Испробувањето можеби нема веднаш да ја донесе следната бизнис идеја или некој иновативен продукт, но дефинитивно ќе ја зајакне вашата креативност, ќе стекнете вештини за поттикнување идеи, а воедно и тимот со кој работите ќе добие нова перспектива. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Леонардо Да Винчи, таткото на иновациите

Денес, терминот „генијалец“ се обидува да ги опише поп-вездите, глумците, стенд-ап комичарите, па дури и фудбалерите. Но, Леонардо Да Винчи единствено го заработи описот за навек. Од иконските слики –…
Прочитај