Леонардо Да Винчи, таткото на иновациите

Total
14
Shares

Денес, терминот „генијалец“ се обидува да ги опише поп-вездите, глумците, стенд-ап комичарите, па дури и фудбалерите. Но, Леонардо Да Винчи единствено го заработи описот за навек. Од иконските слики – „Мона Лиза“ и „Тајната вечера“ – до дизајни за летачки машини и темелни студии за оптика и перспектива, Леонардо ги спои науката и уметноста за да создаде дела што станаа дел од приказната на човештвото.

Леонардо бил ненаситен ученик. Тој проучувал сè што можел да види: од протокот на вода, начинот на кој се крева чад низ воздухот, до како клукајдрвецот го користи својот јазик. Тој поседувал перцепција која претходеше на неговото време. Развил и теорија за работата на одреден срцев залисток, која истражувачите ја потврдија само пред неколку децении. Тој е првиот што правилно објаснил зошто може да се види светлина помеѓу двете точки на полумесечината, феноменот што сега го нарекуваме сјај на земјата.

Леонардо да Винчи можел да биде најголемиот пронаоѓач во историјата, само што тој имал скоро невидлив ефект врз технологијата на неговото време. Зад себе оставил скици и графикони од своите пронајдоци, но тие никогаш не биле материјализирани, дали поради губење интерес или пак поради големите трошоци. Друг аспект за кој досега не биле реализирани е дека материјалите и инструментите од XV-XVI век не биле толку ефикасни.

Денес, општеството е благодарно за овие пронајдоци, бидејќи без нив многу модели, дизајни и едноставни модерни технологии можеби не би биле создадени без инспирацијата или примената на пронајдоците на Леонардо. 

Од уметник до пронаоѓач

Работејќи под војводата од Милано, Да Винчи бил анагажиран на повеќе страни. Бил и сликар и скулптор, а исто така добил и задача да дизајнира оружје, згради и воени машини. За време на овој период од 15 години, од 1485 до 1490 година, Да Винчи остварил некои од неговите најбрилијантни идеи и уметнички дела.

Иронично е што неговите интереси биле толку широки што успеа да заврши само шест големи проекти, од кои два беа Мона Лиза и Тајната вечера. Останатите негови проекти останале полу-готови или постоеле едноставно како идеи на бесконечните страници на неговите тетратки.

Кога Да Винчи не работел за војводата од Милано, тој постојано го проучувал светот околу него,а особен интерес и љубопитност искажал кон истрачувањето на човековото тело. Оваа фасцинација со анатомијата јасно може да се види во едно од неговите најпознати дела – Човекот од Витрувија. Тоа машка фигура со анатомски прецизни мерења, која и ден денес воодушевува.

Набљудувајќи го летот на птиците на небото, тој привлекол инспирација за првото летало. Гледајќи го уништувањето на Црната чума, го инспирирало да дизајнира футуристички град ослободен од опасностите од непотребна смрт. Инспирацијата ја црпел под секое камче и ќоше.

Леонардо Да Винчи замислувал свет многу различен од оној во кој живеел. Иако, неговите идеи не биле реализирани во негово време, сепак се зародишот на многу работи, кои пак се дел од нашето секојдневие. Ако се прашувате на кои сè иновации и прототипи се мисли, ќе ве потсетиме: првата летечка машина, првиот митралез, првиот оклопен тенк, првото возило на сопствен погон, првиот хеликоптер, првиот мобилен мост, првиот модерен град, а како особени ги издвоивме следниве:

Првиот костум за нуркање

Првата концепција на костумот за нуркање се појавила во време на војна. Идејата била да им се дозволи на мажите со костуми да нуркаат во пристаништето во Венеција и да исечат дупки на дното на непријателскиот брод. Нуркачкиот костум на Да Винчи ги содржел сите најважни работи, вклучително и цевки за дишење изградени од трска и кожа, меур за вино исполнет со воздух, како вовед во современиот резервоар за нуркање во друга варијација.

Костумотот за нуркање можеби навистина би бил користен во времето на Да Винчи, доколку морнарицата што ја напаѓала не била понесена пред уредот да биде подготвен. Подводната саботажа никогаш не станала неопходна за време на војната.

Првиот падобран

Падобранот на Леонардо Да Винчи се состоел од дрвена конструкција во форма на пирамида, обложена со ленено платно. 

Денешните современи падобрани имаат слична структура, но постоел многу скептицизам околу одржливоста на дизајнот на Да Винчи. За да докаже дека функционира, смелиот Адријан Николс креирал падобран што одговара на дизајнот на Да Винчи во 2000 година, а потоа се фрлил од голема висина. Тој забележа дека падобранот на Да Винчи обезбедил многу поглатко возење од конвенционалните дизајни.

Првиот робот

Опширното и темелно познавање на човечката анатомија на Леонардо Да Винчи му овозможило да создаде робот во вид на витез кој може да го реплицира едноставното човечко движење. Наводно, витезот можел да оди, да седи, да ја движи главата и да го подига штитникот благодарение на системот на макари и запчаници. Роботот се користел само за забава, но неговиот дизајн предизвикувал стравопочит.

Во 2002 година, експертот по роботика Марк Росхајм конструираше модел на роботот на Да Винчи, базиран врз достапните скици. Некои од принципите на овој роботски витез се користени и кај роботите за истражување на планетите.

Дизајните на Леонардо Да Винчи биле неверојатни пред нивното време, но тие главно останале незабележани стотици години. Она што се знаело за Леонардо во текот на неговиот живот се неговите легендарни уметнички вештини. Делата како „Мона Лиза” и „Тајната вечера” кои и денес остануваат како безвременски ремек-дела. 

Можеби треба да се запрашаме каков би бил светот кога реално би биле направени пронајдоците на Леонардо. Технологијата веројатно ќе напредуваше со неверојатно брзо темпо.

Без разлика дали дизајните на Да Винчи некогаш биле реализирани, не можеме да го намалиме сјајот на неговиот ум и неговата страст за проучување на светот околу него. Тој избра да живее смело и поинаку како ренесансен човек, никогаш не се откажaл од својата љубопитност. Зошто го направи тоа, кога има уште толку многу да се научи?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Пет практики за зајакнување на вашето креативно размислување

Секој сака да дојде до извонредна креативна идеја – следниот AirBnB, Uber или Instagram, но често нашата креативност завршува во моментот кога ќе посегнеме по пенкало.  Користете ги лесните вежби…
Прочитај