5 правила како да ги испирирате луѓето со вашата идеја

Total
0
Shares

Да се биде нечија мотиваци и инспирација е право богатство и привилегија. Но, како да се искачите до пиедесталот на кралот на идеите?

Во продолжение ви подготвивме 5 корисни совети:

#1 Размислете за реалните можности и понудете им го на луѓето она што им се допаѓа

Понекогаш се случува луѓето да се прилично ентузијасти за вашата идеја. Тоа се случува од причина што не можат да посветат доволно време и внимание заради обврските што ги носи секојдневниот живот. Може да очекувате да добиете одобрение од оваа категорија луѓе, но нема шанси да ги инспирирате да дејствуваат. Или напротив, никој не гледа посебна вредност во вашата идеја, но ќе биде желен да направи нешто за вашата иницијатива, нешто што тој/таа го сака и знае да го направи.

#2 Најдете место каде што можете да бидете слушнати и да ги инспирирате луѓето 

Да речеме дека одите во маркет и почнувате на глас да ја раскажувате вашата идеја. Шансите да успеете на овој начин ќе бидат помалку од возможни. На тој начин прво треба да разберете кој ќе го гледа вашиот проект како важен потфат. Имајќи го тоа на ум, исто така, треба да ја поделите вашата целна публика на оние за кои е наменета идејата и оние кои ќе ја креираат.

#3 Научете јасно да го артикулирате она што го сакате

Во рамките на проект од поголем обем, повеќемина можат да се зафатат со нешто конкретно. Тоа е добро, но треба да биде во склад со поставената и одобрена идеја и во јасно зацртаниот контекст.

#4 Бидете свесни за фактот дека вие и вашата идеја може да бидете разбрани, но не во целост

Нешто во вашата идеја може да ги натера луѓето да сакаат да работат со вас. И ова веќе ќе биде од голема поддршка. Тоа е сосема доволно. Не е неопходно тие да ги сакаат работите онака како што вие ги сакате. Не е неопходно тие да можат да ги прават работите на начин на кој вие ги правите. Не е неопходно тие да ги гледаат работите онака како што вие ги гледате. Напротив, таквите конекции можат да генерираат сосема нови значења и нешто сосема извонредно.

#5 Разговарајте за вашите идеи помеѓу блиски личности

Бидејќи е непишано правило дека додека не сте славна личност и немате успех, никој нема да сака да има ништо заедничко со вас. А оние кои ве опкружуваат – вашето семејство и пријателите, – најдобро ве познаваат. И токму овие луѓе се способни да веруваат во вас. Ова може да биде родител, партнер, пријател, колега, секој кој е подготвен да ве поддржи во моментов.

Не очајувајте доколку светот не ве препознае. Само прифатете ја поддршката што ви е понудена и искористете ја за да го направите првиот потег, бидете оптимисти и не се вртете наназад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Пет практики за зајакнување на вашето креативно размислување

Секој сака да дојде до извонредна креативна идеја – следниот AirBnB, Uber или Instagram, но често нашата креативност завршува во моментот кога ќе посегнеме по пенкало.  Користете ги лесните вежби…
Прочитај

Леонардо Да Винчи, таткото на иновациите

Денес, терминот „генијалец“ се обидува да ги опише поп-вездите, глумците, стенд-ап комичарите, па дури и фудбалерите. Но, Леонардо Да Винчи единствено го заработи описот за навек. Од иконските слики –…
Прочитај