Дигиталната трансформација ни овозможува да правиме повеќе со помалку, да ги автоматизираме секојдневните задачи и да поттикнуваме високопродуктивни и ефикасни операции. Но, сепак ништо од тоа не е можно без луѓето.
Всушност, за алгоритмите да бидат навистина ефективни, луѓето мора да бидат во срцето на секоја дигитална иницијатива. 2022 година се очекува да биде исполнета со зголемени очекувања за дигитални искуства за технолошката трансформација насочена кон човекот. Во текот на следната година, можеме да очекуваме повеќе компании да дизајнираат апликации за вештачка интелигенција со ставање акцент на човекот.
Ова претставува драматична промена во размислувањето, особено кога станува збор за градење ефективни решенија за вештачка интелигенција. Со години слушаме за улогата на податоците како „ново оружје“. Иако податоците се од витално значење, тоа размислување е премногу буквално. Можете да ги имате сите податоци во светот, но прво и основно треба да знаете што да правите со нив и кој ќе има корист од тоа.
Создавањето решенија насочени кон човекот бара нов начин на размислување што оди подалеку од битови, бајти и податоци за да ја вклучи човечката перспектива или пак дизајнерското искуство.
2022 година е година кога компјутерите насочени кон човекот конечно ќе пораснат – кога софтверските инженери и научниците за податоци ги здружуваат силите со професионалците со искуство во дизајнот за да го разберат човечкиот проблем што треба да се реши и да развијат решение. На пример, денес постојат решенија за вештачка интелигенција кои можат да предвидат колку луѓе ќе се појават на дополнителен преглед во болница. Тие информации би можеле да бидат корисни, но не го решаваат вистинскиот проблем – зошто тие впрочем не доаѓаат?
Подолу се дадени пет најдобри практики кои комбинираат Design Thinking поддржано од инженерството на податоци за поефикасно да се дојде до срцето на она што навистина е потребно преку дигиталната трансформација.
- Не развивајте технологија само поради технологијата
Креативниот пристап за решавање проблеми бара од компаниите да разберат „зошто“ е деловниот предизвик со цел ефективно да го решат. Тоа вклучува, пред сè, разбирање на индивидуалните корисници, нивните фрустрации, потреби, искуства, однесувања и многу повеќе, потоа користење на тоа знаење за креирање подобри решенија. Во спротивно, компаниите само ќе развиваат технологија за доброто на технологијата.
На пример, една компанија развила решение за работниот тек и управување со документи креирано да им помогне на судиите да ги документираат случаите и да споделуваат податоци со своите колеги, но сепак на крајот тоа речиси и не се користело. Првично се претпоставувало дека проблемот е технолошки и дека се потребни надградби. Дури кога судовите не спровеле Design Thinking работилница, заклучиле дека тоа е човечки проблем: судиите едноставно не сакале да го користат системот. Во една подоцнежна работилница, биле донеселни деловните лидери, персоналот и другите да се вклучат со клиентите или корисниците – во овој случај, судиите се поттикнале да размислуваат и да ги споделат нивните искуства, преференции и согледувања.
- Податоците одат во две насоки
Иако научните податоци можат да помогнат да се откријат модели на однесување што можеби треба да се решат, податоцитe од човекот се тие што помагаат да се идентификуваат можните решенија. За да ја разберете симбиотската врска помеѓу податоците и дизајнот, разгледајте ги предизвиците со кои се соочувавме за време на пандемијата. Науката водена од податоците доведе до вакцини за спасување животи, но беше попречена од човечкиот скептицизам, дезинформации и страв. Работејќи во дует, со Design Thinking пристапот може да се дојде до суштината на проблемите со кои се соочуваат луѓето и податоците можат да поттикнат до решенија.
- Отстранете ги предрасудите
Софтверското инженерство, дизајнот и развојот треба тесно да соработуваат за да ги балансираат потребите на корисниците и бизнисот, истовремено изнаоѓајќи изводливо технолошки решенија за решавање на проблемот или постигнување на посакуваниот исход. Дизајнерите не можат повеќе да останат во работилницата, како што развивачот може да остане во споредната канцеларија; тие мора да работат заедно за да иновираат вистински решенија засновани на релевантна технологија.
- Вклучете ги сите засегнати страни
Важно е да се вклучат сите внатрешни и надворешни чинители. Внатрешните засегнати страни, вклучително и деловни лидери, технолошки експерти, креативни дизајнери и други, низ компанијата обезбедуваат увид во бизнис целите и предизвиците, како и посакуваните резултати на различните оддели. Со обезбедување на податоци, перспектива и искуства од целата организација, компаниите можат да преземат мултидисциплинарен/меѓуорганизациски пристап за да ги задоволат потребите на клиентите и вработените.
- Постојано тестирајте и подобрувајте
Откако ќе се развие решение засновано на човекот и податоци од реалниот свет, тоа треба постојано да се тестира за да се осигура дека точно се справува со деловниот проблем и ефикасно ги задоволува човечките потреби. Природата на човекот е однесувањата, верувањата и искуствата постојано да се менуваат со текот на времето, па затоа е важно постојано да го земате пулсот на корисниците и да применувате нови податоци за да го подобрите решението.
Технологијата е едноставно алатка која на крајот го подобрува човечкото искуство, затоа започнете со емпатија и споделување на реални искуства и работете кон решението. Овој пристап ќе станува сè поприфатен и податоците ќе станат усогласени со дизајнот за да се поттикнат иновациите – не заради иновациите, туку заради подобреното искуство на корисникот.