Како ZOOM го направи видеото ѕвезда на пандемијата?

Total
22
Shares

Март 2020 година означи вистинска преродба за Zoom во поголемиот дел од светот. Настана цунами од корисници наеднаш, неочекувано, но сите имаа потреба од платформа за виртуелна конекција и соработка во реално време – не само за работа, туку и за семејни вечери, часови за сите од основно и средно  училиште до факултети, разни едукативни работилници и вебинари и останати различни настани.

Но, компанијата, основана девет години порано, првично беше повеќе аутсајдер отколку лидер, откако влезе на веќе преполн пазар со помало првично финансирање во однос на конкурентите. 

Како Zoom, под водство на основачот и извршен директор Eric Yuan, се проби одеднаш на врвот?

Според Eric Yuan, од долгочасовните разговори со клиентите (кои се во тек постојано и сега), тој увидел каде конкурентните производи не успеале да ги одржат клиентите среќни. Се посветил на тие сегменти и успеал да се издвои со цел да преживее на пазарот. 

„Кога станува збор за софтверот како услуга, ако вашата услуга не е добра, клиентите имаат флексибилност“, вели Eric. „Конкретно, за нашиот пазар, многу е лесно да се префрлите на други решенија. Затоа мораме да гледаме на сè од перспектива на клиентите“.

Eric Yuan ја започнал својата кариера како еден од првите 20 вработени на Webex, уште во 1995 година, пишувајќи код. Тој бил унапреден до потпретседател кога Cisco го купил Webex во 2007 година. Тогаш ја увидел потребата не само за подобар производ, туку и подобар деловен модел и заминал да го лансира Zoom во 2011 година. Самоучењето, самомотивацијата и посветеноста, идејата за производ како Zoom, како и пристапната цена, директно ја лансираше компанијата на врвот.

ZOOM сега е збор од нашето секојдневие

 

Како Google и Skype, Zoom сега е збор во нашите речници. Тој е и именка и глагол.

„Ќе те зумирам подоцна“ и „Ајде да направиме зум“ станаа вообичаени фрази.

Зошто Zoom одеднаш стана толку популарен?

Во брзиот свет каде состаноците ги одржуваат работните денови на луѓето, намалувањето на патувањата и продуктивните состаноци се клучните двигатели за видео раговорите. За да стекне таква популарност на пазарот толку заситен од имиња како Microsoft, Google, GoToMeeting и Cisco, Zoom мораше (и веројатно има) едно нешто што го прави да се издвојува меѓу конкурентите: леснотијата на користење.

„За да се победи потребна е беспрекорна егзекуција“, вели еден инвеститор кој го пренесе ZOOM.

И ова значи дека леснотијата на користење мора да продолжи во текот на целото искуство на состанокот. Нешто за што Ерик е гласен уште во минатото:

„Тоа е како ресторан. Кога гостинот влегува во ресторан, додека не замине, целото негово искуство треба да биде одлично. Не можете да обвините ништо и никој друг“.

И ова е причината зошто Zoom стана омилен на корисниците за време на пандемијата. Леснотијата при конектирање, споделување и учество на состаноци им го олесни на сите, од најмали до највозрасните генерации.

Едноставноста е причината зошто Zoom одеднаш стана толку популарен за домашна употреба. А на тоа може да го додадете и видот на маркетинг активности за подигање на свесност за брендот на кој работеа веќе подолго време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Успешни сојузници на денешницата: Design Thinking и дигиталните податоци

Дигиталната трансформација ни овозможува да правиме повеќе со помалку, да ги автоматизираме секојдневните задачи и да поттикнуваме високопродуктивни и ефикасни операции. Но, сепак ништо од тоа не е можно без…
Прочитај

Зошто Design Thinking е најдобриот рецепт за модерните технологии

 “Дизајнот не е во изгледот на продуктот, туку во тоа како продуктот функционира.” –  Стив Џобс Design Thinking е емпатски когнитивен пристап чија почетна точка е емпатијата, а крајна цел одличното…
Прочитај