Зошто Design Thinking е најдобриот рецепт за модерните технологии

Total
5
Shares

 “Дизајнот не е во изгледот на продуктот, туку во тоа како продуктот функционира.” –  Стив Џобс

Design Thinking е емпатски когнитивен пристап чија почетна точка е емпатијата, а крајна цел одличното корисничко искуство. Модерните технологии се натпреваруваат да го постигнат токму тоа- врвен UX (user experience) преку длабоко осознавање на корисничките проблеми, навики и потреби.

 Apple е ветеран во користење на Design Thinking во креирањето на своите продукти. Почнувајќи од првото модерно  компјутерско глувче  преку врвниот iMac па се до продуктот кој отвори сосема нов пазар на паметни телефони и апликации за паметни телефони- популарниот iPhone. 

UberEATS, иновативната онлајн платформа за достава на храна, го користи Design Thinking за да се справи со предизвиците на поинаков начин. Нивниот тим истражува, набљудува, анализира и добива инспирација за својата услуга преку класичните методи на Design Thinking, и тоа е она што го прави различен од конкуренцијата.

 Google го спроведува Design Thinking пристапот во три чекори за поттикнување на иновативниот потенцијал и креативното размислување на тимовите и за градење на иновативната култура во компанијата. 

Низ овие примери гледаме дека Design Thinking се користи од страна на модерните компании за решавање на различни предизвици: дизајнирање на продуктот и неговата функционалност, модернизација и дигитализација на традиционални услуги и создавање на култура на иновации и креативно размислување во компанијата. 

Версатилноста на примената на пристапот Design Thinking и вредноста (компетитивната предност) која произлегува од неговото користење се причината за неговата популарност кај технолошките компании. Технологиите напредуваат во поглед на анализите и апликацијата на вештачката интелигенција (AI), виртуелната реалност (VR) и аугментираната реалност (AR), така што се очекува дека овие врвни технолошки достигнувања ќе бидат нашето секојдневие. 

Од друга страна, луѓето природно одбиваат да користат технологии или продукти кои ги сметаат за непознати, но доколку истите прецизно ги отсликуваат нивните потреби или решаваат некој нивни проблем а се истовремено лесни за употреба- имате победник.  Затоа, од овие технологии се очекува да обрнат големо внимание на потребите и предизвиците со кои луѓето (корисниците) се соочуваат, со цел да бидат незабележливо интегрирани во нивното секојдневие. 

 Design Thinking како кориснички ориентиран пристап го овозможува токму тоа, и со се пошироката популарност која овој пристап ја ужива, очекуваме многу врвни достигнувања и решенија во областа на модерните технологии креирани “од луѓе- за луѓе” во иднина. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Успешни сојузници на денешницата: Design Thinking и дигиталните податоци

Дигиталната трансформација ни овозможува да правиме повеќе со помалку, да ги автоматизираме секојдневните задачи и да поттикнуваме високопродуктивни и ефикасни операции. Но, сепак ништо од тоа не е можно без…
Прочитај

Како ZOOM го направи видеото ѕвезда на пандемијата?

Март 2020 година означи вистинска преродба за Zoom во поголемиот дел од светот. Настана цунами од корисници наеднаш, неочекувано, но сите имаа потреба од платформа за виртуелна конекција и соработка…
Прочитај