5 сигурни начини да стекнете нови клиенти

Total
1
Shares

По неколку турбулентни години кои го променија светот, со големи очекувања се влегува во новата 2022 година. Бизнисите рапидно навлегуваат во дигитална трансформација, новите навики на корисниците се веќе “новото нормално”, додека Генерацијата Z го презема водечкото место од милениумците како главен пазарен сегмент во денешната економија.

Бизнисите во брзи, променливи периоди имаат тешка задача при нивниот раст и развој. Влегувањето на нови пазари и привлекувањето на нови клиенти и потрошувачи во нестабилно време е посложена задача. Кои се сигурните начини за да се доближиме до идните клиенти?

Првенствено, за да воопшто знаеме кого сакаме да привлечеме, еден бизнис мора да ги запознае своите сегашни и идни корисници. Кристално чиста слика од корисникот е неопходна за воопшто да се започне со стратегии за доближување до корисникот. Како изгледа нашиот корисник, каде живее? Што го радува, натажува, плаши нашиот корисник? Со детална анализа на корисникот, дознаваме како можеме да му излеземе во пресрет и да му помогнеме на конкретниот корисник.

Кога имаме јасна слика за идниот корисник, можеме да почнеме со стратегиите за привлекување на корисници во 2022 година.

  1. Онлајн стратегија

Квалитетната онлајн стратегија е сеуште на прво место. Присуството на социјалните мрежи е атрактивен начин да се поврзете со корисниците. И во 2022 година, корисниците ќе поминуваат повеќе време на социјалните мрежи отколку при пребарување на Google. Социјалните мрежи се одлична алатка за градење на имиџот на брендот, но и за градење на довербата кај корисниците.

Особено е важна конзистентноста, односно да се има постојан контакт со корисниците на мрежите, како и конзистентна, внимателно планирана стратегија за пласирање на содржини на социјалните мрежи.

  1. Обновено корисничко искуство

Доколку сакате нешто да промените со цел да стекнете нови корисници, започнете со обновено корисничко искуство. Поминете ги чекорите кои корисниците ги поминуваат од моментот кога пребаруваат на интернет до моментот кога ќе стапат во контакт со вас и ќе ве изберат. Потоа започнете одново. Проверете го вашето присуство на интернет: дали имате оптимизиран вебсајт кој лесно се користи? Какво е вашето присуство на социјалните мрежи, бизнис листите на интернет? Што нудите на новите корисници и зошто би ве избрале токму вас? Дали се видливи изјавите на задоволните корисници (или social proof) на вашиот вебсајт? Колку лесно стапуваат корисниците со вас? Овие прашања треба да се одговорат од аспект на новите корисници (дефинирани погоре) кои треба да се привлечат и задржат.  

  1. Микро-инфлуенсери

Инфлуенсерството не излегува од мода. Микроинфлуенсерите имаат своја niche публика на социјалните мрежи, која е заинтересирана за одредена област или тип на активност (од убавина и здравје, фитнес, патувања, и многу други области). Зошто се микроинфлуенсерите добра маркетинг стратегија? Бидејќи повеќе од 92% од корисниците имаат поголема доверба во препораки на други луѓе, отколку во брендовите и нивните содржини. Голем дел од корисниците користат софтвер за блокирање на реклами (adblocking) што ги оневозможува бизнисите да комуницираат со корисниците преку реклами.

  1. Комуникација со корисниците

Особено популарен пристап за комуникација со корисниците, освен преку вебсајтот на компанијата и социјалните мрежи, е доближување до корисниците преку четботови и разговори во живо (live chat). Одредени брендови од е-трговијата во светот започнаа со успешна продажба во живо, односно преку организирање на онлајн настани за промоција и продажба на производи кои се пренесуваат во живо на социјалните мрежи (live stream).

  1. Градење партнерства

Пронајдете ги бизнисите кои нудат услуги комплементарни на вашите. На пример, доколку нудите SEO услуги, остварете партнерство со ИТ компании кои изработуваат веб страници. Преку партнерствата, лесно можете да пристапите до сосема нов “список” на потенцијални клиенти. Градењето партнерства со корисниците подразбира градење на лојална база на корисници кои ќе донесат нови потенцијални корисници. Еден вид на партнерска стратегија се онлајн заедниците или групите на социјалните мрежи каде лесно се пристапува до потенцијалните корисници кои се заинтересирани за вашата пазарна ниша.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај