5 начини да ја поттикнете вашата креативност овој викенд

Total
1
Shares

Сите имаме такви грандиозни планови во петок попладне, нели? Ќе се разбудиме со полна енергија, ќе одиме да фотографираме нешто кул и ќе ги едитираме пред да зајде сонцето во недела. Можеби и конечно ќе го декорираме омиленото домашно катче.

Но, кога конечно ќе се сретнеме со слободното време, ќе откриеме дека саботното утро исполнето со ветувања одеднаш станува понеделничко утро без ништо да се покаже, освен многу време поминато во рутински домашни обврски или пак пред Нетфликс.

Овој викенд (или недела, месец или цел живот), посветете се на вашите креативни потфати со тоа што ќе си поставите цел да успеете со изведување мали дела кои го зајакнуваат здравјето и креативното размислување. Еве добар начин за почеток:

Одвојте време да направите план

И држете се по тој план. Дури и ако не сте по пишувањето, формирајте ги вашите мисли – со рака, на хартија по можност. Ова може да ви помогне да направите поконкретен план или барем да помогне да се доведете во режим на правење нови и креативни работи.

Променете ја вашата музика

Fast Company објави фасцинантна статија за тоа како музиката може да помогне или да ја попречи продуктивноста, па дури и понуди некои амбиентални предлози, кои може да ви помогнат да се задлабочите во помалку од интересни задачи. Плус, слушањето нешто ново може да ви помогне да го одржите вашиот мозок на задачата подобро отколку да слушате нешто познато што може да биде потенцијална замка кога го слушате вашиот омилен албум.

Имајте добар сон

Бројни студии покажуваат дека спиењето му дава шанса на вашиот мозок да работи преку нештата што не може да ги процесира за време на будните часови. Наместо да изгледате една епизода од вашата нова омилена серија, одвојте 20 минути за вашиот ум и тело малку да се одморат. Кога ќе се разбудите, ќе се чувствувате освежени, па дури и ќе имате енергија и мотив.

Обојте го вашиот свет

Експертот за теорија на бои, Тоби Ферли, објаснува како бојата има моќ да го промени вашето расположение и однесување.

„Една од причините зошто е навистина важно да се биде внимателен со боите што ги избираме е тоа што поминуваме повеќе време во нашите домови отколку порано“, вели Тоби. „Не сме во природа и немаме способност да ја доживееме палетата на бои на мајката природа“.

Ова значи дека имате неколку избори за да ја поправите вашата креативна рутина: една опција е буквално да си играте со боите. Променете ја бојата барем на еден ѕид во вашиот дом. Белата заменете ја со вашата омилена боја. Опкружете се со бои кои поттикнуваат иновативно размислување (зеленото е прилично популарно) со преуредување на вашиот простор преку излегување надвор. Потоа внесете нови колорити кои ги забележавте во природата. Веројатно и свежиот воздух ќе ви делува позитивно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како до Ваша подобра верзија на професионален план?

Во модерното време, големо внимание се посветува на персоналниот и професионалниот развој на индивидуата. Усовршувањето на професионалната димензија на индивидуата започнува од персоналниот развој. Велат дека најдобриот проект на кој…
Прочитај

Практични совети за рестартирање на емпатијата на работното место

Од клучно значење е компаниите да ангажираат и развијат поефикасни менаџери и лидери способни да ја придвижат својата компанија напред и во добри и во тешки времиња. Тоа бара гледање…
Прочитај

Колку надворешните фактори влијаат врз креирањето на нови идеи?

Кога ќе се спомeне креативност, првото нешто што ни доаѓа на повеќето на ум е некое уметничко дело или пак познат уметник. Нооо….секој е креативен на сопствен уникатен начин. Креативноста…
Прочитај