Доколку сте “заглавени” во истата рутина секојдневно, од првото утринско кафе па се до маратонското гледање серии навечер, време е за излез од удобната зона и потрага по нешто ново. Кога забораваме да искусиме нови работи и предизвици, всушност ја губиме природната љубопитност. Кога последен пат сте направиле нешто за првпат? Ако не се сеќавате кога било тоа, значи дека е време за ново искуство.
Новите искуства може да бидат мали нешта
Искусувањето на нови работи го стимулира мозокот и ја подобрува општата состојба, како и расположението. Пробајте нова храна, научете неколку реченици на непознат јазик, мали промени во гардеробата- веќе сте надвор од комфорната зона.
„Ако никогаш не останев на тој единствен курс на колеџ, Мекинтош никогаш немаше да има повеќе букви или пропорционално распоредени фонтови. И бидејќи Виндоус не копираше, веројатно ниту еден персонален компјутер немаше да ги има тие фонтови “. – Стив Џобс
Креативноста се раѓа од различните искуства
Различните искуства водат кон различни перцепции и доживувања- па затоа никогаш не треба да престанеме да истражуваме и да доживуваме нови работи. Вашите искуства ви овозможуваат да размислувате поинаку, и соодветно на тоа, тие искуства се од витално значење за вашата способност да ги работите креативно.
“Не смееме да престанеме да истражуваме. На крајот на целото истражување, ќе се вратиме таму од каде што тргнавме за да го откриеме тоа место за прв пат.” – Т.С. Елиот
Способни сме за многу повеќе
Упорноста и одлучноста се тренираат преку стекнување на нови искуства. Сте биле некогаш на часови за танцување? Фрустрирачки тешко и напорно, иако не сме први во светот кои започнале со курс за танцување. Велат дека се потребни две недели за создавање на навики, но сепак потребна е упорност за да се одржат тие навики или да се задржат новите активности како навика.
Нови познанства и ширење на мрежата на контакти
Ако сте постојано опкружени со истите луѓе и истите контакти, време е за нови познанства.
И во бизнис светот но и во приватниот живот, новите познанства се сметаат за многу важно средство. Комуницирањето со нови, непознати луѓе се смета за ново искуство- а и извор на нови сознанија, потенцијални соработки и пријателства.
Зголемување на самодовербата
Излегувањето од удобната зона на познати активности, луѓе и секојдневни задачи подразбира доза на храброст и самодоверба. Намерното влегување во нови искуства и ситуации ја зголемува самодовербата значително, со тоа што се збогатува и самото животно искуство. Преку различните искуства дознаваме што сакаме а што не, што ни одговара а што не можеме да толерираме. Па така, самосвесноста што е резултат на тие искуства ќе биде основа за самодоверба и одлучност.