Практични совети за рестартирање на емпатијата на работното место

Total
1
Shares

Од клучно значење е компаниите да ангажираат и развијат поефикасни менаџери и лидери способни да ја придвижат својата компанија напред и во добри и во тешки времиња. Тоа бара гледање подалеку од традиционалните стратегии за развој на менаџментот и негување на вештините кои се најважни за успех.

Една од тие вештини, можеби неочекувано, е емпатијата како витална лидерска способност.

Зборот емпатија со генерации беше надвор од канцелариите.

Популарноста на машинското учење и вештачката интелигенција продолжуваат да растат, а со тоа се менуваат и човечките навики и особини. Овие технологии донесуваат одлуки што порано минувале низ умовите на луѓето и и со тоа ги исцрпувале емоциите. Па затоа, останува време и енергија за навраќање и посветување повеќе време за човековите навики, потреби и емоции.

Зошто е важен недостатокот на емпатија на работното место?

Проблемот е следниот: Компаниите во нивната срж се збирка луѓе, кои донесуваат одлуки врз основа на чувствата. Секој од вашите членови на тимот ја посакува шансата да биде дел од нешто поголемо од себе – шанса да создаде вредност и да добие емпатија за возврат.

Значи, како може вашата компанија да ја поттикне човечката врска што им е потребна на членовите на нејзиниот тим? Започнете со разбирање дека сечие чувството е ценето (заедно со чувството на припадност). Со други зборови, потребна ви е емпатија.

Како врвните лидери градат емпатија на работното место?

Еве еден брз водич со неколку практични чекори што ќе ви помогнат да изградите или вратите емпатија на работното место:

  • Станете емотивни

Точно е тоа дека ова е далеку од конвенционалната деловна политика. Но, утврдено е дека довербата и односите се формираат побрзо кога лидерите споделуваат како навистина се чувствуваат. Отворете го своето срце.

  • Отфрлете ги класичните канцеларии

Тешко е да сочувствувате кога не можете да бидеш сведок. Директорите треба да бидат со своите луѓе.

  • Поставете цели за поврзување за лидерство 

Барајте од директорите да се среќаваат со различни вработени (низ целата компанија, не само со нивниот тим) секоја недела.

  • Слушајте, слушајте и слушајте. 

Луѓето сакаат да бидат препознаени. Ако не ги прашувате што мислат или чувствуваат, вие ги затворате.

  • Имајте позитивни намери

Ги ангажиравте членовите на вашиот тим да прават големи работи. Претпоставете дека тие доаѓаат на работа секој ден за да го направат токму тоа.

  • Дружете се приватно 

Дали сте вечерале кај вонтениот кај семејството семејство? Запознајте ги членовите на тимот надвор од работата.

  • Искажете благодарност 

Анкетирајте ја вашата компанија за да откриете како секој поединец претпочита да добива благодарност. Во форма на квалитетно време? Зборови за афирмација? Откривањето на преференциите на секој поединец ви помага да избегнете пристап за емпатија што одговара на сите.

  • Инвестирајте во HR тим

Не треба дека ги отфрлите традиционалните процеси за човечки ресурси, но прилично е важно да имате еден тим исклучиво фокусиран да ги поддржува вашите луѓе и култура.

 

Имплементацијата на емпатијата е голем предизвик. Многумина од нас природно не доаѓаат до неа. Но, ако се одлучите на промена на културата и се свртите кон емпатија на работното место, со сигурност вие и вашата компанија ќе станете поголеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

Емпатија: Зошто Ви е потребна да бидете успешни во бизнисот?

Емпатијата е човечка карактеристика која може да го промени светот. Треба да знаеме како да се поставиме во туѓи чевли, и да ги погледнеме работите од туѓа перспектива. – Барак…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај