Денес, врвните организации во светот се фокусираат на имплементација на вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција е новиот buzz- израз, за кој светските компании се полни со ентузијазам и се нетрпеливи да ја имплементираат во нивните процеси и апликации.
Но, во целиот тој ентузијазам, основните фактори, како што се потребата и изводливоста на овие апликации, се ставени на последното место. За да биде успешна имплементацијата на вештачката интелигенција, организациите прво мора да сфатат зошто, каде и како можат да ја применат. Во тој момент, Design Thinking влегува во игра. За да се обезбеди квалитет и соодветни насоки, најдобро е да се размислува за вештачката интелигенција од аспект на Design Thinking, на пример, од тој аспект, вештачката интелигенција може да биде алатка или платформа.
“Менаџерите кои промовираат design thinking во нивните организации можат да ја забрзаат имплементацијата на вештачката интелигенција, да постигнат организациско усогласување и да поттикнат посветеност на нивните цели, истовремено намалувајќи го отпорот кон организациските промени. Техниката на Design thinking овозможува компаниите брзо да го сменат правецот кога ќе се променат условите на пазарот, бидејќи усогласувањето околу агилните принципи на донесување одлуки е веќе вметнато во културата на компанијата. “- Крег Нелсон, партнер во ISG Research.
Според Design Thinking, иновациите се одговорност на целата организација (компанија). Иако многу компании основаат свои лаборатории за иновации, сепак во фокусот на оваа методологија е вклучувањето на сите оддели на една организација или компанија во интердисциплинарни и мулти-функционални тимови со цел иновирање или имплементација на иновативни процеси како што е вештачката интелигенција. Креативниот потенцијал се крие во секој вработен и во секој оддел на компанијата, и сите тие поврзани делови (силоси) треба да соработуваат со цел иновативните процеси да “заживеат” и да се одржат во работењето на компанијата.
Извор: My Great Learning
Освен мултидисциплинарната креација и имплементација, во фокусот на Design Thinking методологијата е и крајниот корисник и неговото искуство што го создава еден иновативен продукт. Иновациите се најчесто бесмислени доколку не носат поголема вредност за крајниот корисник или за други засегнати страни, односно не решаваат некој проблем. Ова вклучува разбирање на прашањето на подлабоко ниво и анализа на предметнат а ситуација. Во раните фази на имплементација на вештачката интелигенција потребно е да се воведе елемент на иновација, и тогаш треба подлабоко да се разбере и да се сочувствува со моменталната состојба и предизвик. Само така ќе може да се добие увид за тоа како вештачката интелигенција ќе додаде вредност на посложените процеси и на компанијата.