Колку надворешните фактори влијаат врз креирањето на нови идеи?

Total
10
Shares

Кога ќе се спомeне креативност, првото нешто што ни доаѓа на повеќето на ум е некое уметничко дело или пак познат уметник.

Нооо….секој е креативен на сопствен уникатен начин. Креативноста е когнитивна способност и дел од личноста, тоа е начин на постоење и размислување, различен начин за обработка на информации и трансформација на реалноста.

Исто така, се многу често се спомнува дека креативноста или ја имаш или не.. Вистина е дека има луѓе покреативни од другите и имаат тенденција да бидат повеќе љубопитни, имагинативни, независни, ентузијасти… Но, тоа е способност што може да се развие или инхибира. Затоа, не мора да бидете голем сликар или филозоф за да бидете креативни!  Креативноста можете да ја зајакнете со вистинска стимулација, бидејќи таа е пред сè капацитет за решавање проблеми и иновации.

Кои фактори ја блокираат нашата креативност?

Како што рековме, креативноста не е вроден капацитет, може да се научи и развие преку различни стимули, но има и такви што ја блокираат. Со текот на годините, ние постојано ги примаме овие фактори кои ја блокираат нашата креативност од околината каде што растеме, нашето семејство или нашата култура. Тие знаат да бидат толку ситни, што може да биде тешко да се отстранат, но откривањето е првиот чекор да се ослободиме од нив. 

Како најчести надворешни фактори ги издвојуваме следниве:

  • Перцептивни фактори
  • Психолошки бариери
  • Културни фактори
  • Физичко и социјално опкружување
  • Организациски фактори
Како да ги надминете овие бариери за да ја подобрите вашата креативност?

И покрај низата фактори што ја блокираат нашата креативност, зависи од вас дали ќе дозволите да влијаат на вас. Постојат на располагање многу алатки кои ќе ви помогнат да се збогувате со овие блокатори и да ги оставите идеите да течат.

Создадете свое работно катче и атмосфера

Како што рековме, физичката средина има големо влијание врз креативноста, побарајте место каде што ќе се изразувате без ограничувања и на различни начини. Редот, формалноста ниту нормата не се императив. Пронајдете место и направите го ваше и ничие. Откако ќе го пронајдете, се препорачува да го поделите на два дела: дигитален, каде што можете да ги поставите вашиот компјутер, мобилен телефон и други алатки и друг дел што ќе биде целосно аналоген, табла, маркери во бои, post-it ливчиња и сè останато што во домен на вашата дејност и може да помогне со физичко присуство.

Зошто да се остави настрана копјутерот и да се вратиме во каменото време? Иако компјутерот е одлична и незаменлива алатка, може на моменти да биде и вашиот најголем непријател. Тешко е навистина да се фокусирате додека постојано добивате известувања или соопштенија.

Ако сакате ова да функционира, најдобро е да одржувате опуштена и стимулативна околина:  каде што времето ви стои на располагање, каде можете да размислувате, да се досадувате или да генерирате идеи. 

Денес, ние поседуваме многу малку од ова време без часовник, уживајте во тоа!

Поставете си ограничувања

Задатете си задачи кои имаат одредени потешкотии. Досадата ја штити и стимулира креативноста и продуктивноста, но соочувањето со нови предизвици ќе ве натера да го вежбатете мозокот. Само тогаш ќе се истакнете и ќе добиете навистина оригинални и уникатни резултати. Создадете своја рутина присилувајќи се да создавате на дневна основа, како што рекол Пикасо на пример:

Инспирацијата постои, но ќе ве пронајде додека работите.

Како да се подготвите да се соочите со овие предизвици? Искусете нови и различни искуства, места или патувања и набљудувајте ги деталите овде и сега. Погледнете околу вас, има многу убавина во деталите од секојдневието.

Животот е бесплатна шведска маса каде стимулите се на дофат на раката, се стекнуваат нови вештини и учење, не дозволувајте ова да исчезне.

Евалуација

Поставете јасни цели и зајакнете го критичкото размислување. Оценувајте ги своите резултати со тоа што барате, но мора да дадете приоритет на сопствената проценка пред туѓото мислење. Само вие го знаете вистинското значење на вашите идеи и вложениот напор, вашето мислење е најважно.

Затоа, бидејќи сакате другите да ги почитуваат вашите идеи, рефлектирајте го овој став во вашите проценки. Обезбедете искрена вредност за овие активности, охрабрете ги да продолжат и да ја зајакнуваат способноста за генерирање, нема подобар совет од конструктивната критика.

Јасно е дека креативноста може да биде повеќе или помалку интернализирана во вашето битие, но нема да излезе сама по себе. Ако сакате да имате одлични идеи, тренирајте, работете и усовршувајте се! Никој не го сфаќа тоа правилно првпат ниту некој пак е роден генијалец. Верувајте во себе, ценете ги другите мислења и никогаш повеќе не престанувајте да работите. Постигнувањето добри резултати е во ваши раце!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Уметноста на раскажувањето заедно со Design Thinking

Замислете како влегувате во пријатна кафуле со драг пријател, каде што Design Thinking  и споделувањето искуства беспрекорно се испреплетуваат како совршена мешавина од кафе и крем. Како помивуаат минутите/часовите, сфаќаме…
Прочитај

Како до Ваша подобра верзија на професионален план?

Во модерното време, големо внимание се посветува на персоналниот и професионалниот развој на индивидуата. Усовршувањето на професионалната димензија на индивидуата започнува од персоналниот развој. Велат дека најдобриот проект на кој…
Прочитај

Практични совети за рестартирање на емпатијата на работното место

Од клучно значење е компаниите да ангажираат и развијат поефикасни менаџери и лидери способни да ја придвижат својата компанија напред и во добри и во тешки времиња. Тоа бара гледање…
Прочитај