ИНТЕРВЈУ со браќата Бобан и Дејан од Алтиус: „Да се избориме за правилна визија и да го направиме ова општество подобро место за живеење“

Total
0
Shares

Браќата Бобан и Дејан Милосавлески се основачи на ИТ компанијата Алтиус. Нивната мисија е да им помогнат на бизнисите да го забрзаат усвојувањето на нови технологии, да станат дел од дигиталната еволуција и да се прилагодат на тековната иновација. Веруваат во успехот во спроведувањето на релевантни високо-технолошки решенија за вистинските деловни проблеми.

Бобан како прептриемач и основач на Startup ИТ компанија во Република Македонија, според Вас што Ви беше поголем предизвик, почетокот кога започнавте во 2015 година или сега кога гледате да го проширите и освоите пазарот со вашата Дигитална Агенција Алтиус?

Предизвиците се различни, во различни временски периоди и од различна природа, но сепак не можеме јасно да дефинираме кој предизвик е поголем. Можеби оној во 2015, поради тоа што ниту јас ниту мојот брат Дејан Милосавлески немавме никакво претходно искуство во бизнис секторот. Тогаш финансиите беа предизвик, а практично и не знаевме каков ќе биде исходот од нашиот прв производ. Сега влоговите се поголеми, но и нашето искуство е вреден асет во целиот овој подвиг. Очекуваме многу.

Како основач и можам да речам лидер на Алтиус, спред Вас се најбитни карактеристики кои треба да ги има еден лидер на ИТ компанија?

Лидерот одговара за целиот тим и во добро и во зло. Има за задача правилно да ја насочи компанијата и да го одржува нејзиниот развој. Лидерот има координативна функција, односно менаџира со најдобрите верзии од членовите на тимот. Она што е најважно е тимот да создаде вредност, да создаде производ или сервис кој ќе биде од полза на општеството, ќе стимулира иновации и прогрес.

Водите помала група на вработени (Како што знам во Алтиус има 9 вработени, поправете ме ако грешам), претпоставувам дека сте директно поврзани со нивниот развој и обука. Дали користите одредени иновативни методологии или програми за едукација на Вашите вработени?

Не користиме посебни програми или методологии бидејќи учиме низ самите процеси. Во идеална средина поделбата на работното време би требала да биде во некој поинаков сооднос. Во моментов помалку искусните учат од поискусните работејќи на реални проекти и задачи. Во план ни е да вложуваме многу повеќе во развојот на нашиот тим бидејќи за нас покрај идеите, човечките ресурси се највредното нешто во компанијата.

Кои се најбитни карактеристики кои ги барате да ги поседува нов кандидат кој би сакал да се вработи во Алтиус, а сепак не спаѓаат под технички вештини?

Да презема иницијативи, да придонесува во креирањето на идеите и на различни нивоа да се вклучува во реализирањето на зацртаните планови. Бидејќи сме некој вид на семејна компанија, лојалноста е екстремно важна одлика која сакаме да ја видиме кај новите членови.

ИТ индустријaта е сеуште млада и брзо се развива и се менува, дали брзите промени во ИТ индустријaта Ви наметнуваат да одржувате почести обуки и едукативни тренинзи за Вашите вработени?

Целиот пазар вртоглаво се менува и ни се случувало не само да менуваме соработници, туку да менуваме и цели технологии на работење. Особено е важно тимот да биде адаптабилен и да може лесно и брзо да се прилагодува на промените кои се случуваат. Овој век е век на трансформации.

И како последно прашање Бобан, кој совет би го дале на сите млади потенцијални претприемачи во ИТ индустријата во Македонија, кои имаат цел да основаат свои компании во 2021 година?

Не чекајте други да го променат она кое не ви се допаѓа. Борете се за вредности и постојано напредувајте. Пазарот е доволно голем да ги собере сите вредни, чесни и умни млади луѓе. Да се избориме за правилна визија и да го направиме ова општество подобро место за живеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Интервју со Pick-a-Gift, победниците на SWS ’21: „Сакаме да го олесниме процесот на избирање подароци за голем број вработени, така што на секого би му се допаднал подарокот“

Во средината на април се одржа Startup Weekend Skopje. Ова е 54-часовен настан каде се обединуваат претприемачите, иноваторите, старт – ап ентузијастите и креативците со цел за време на само…
Прочитај