Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Total
25
Shares

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од иднината со примена на Design Thinking методологијата.

По тој повод разговараме со Розита Талевска Христовска – менаџер за вмрежување  од EU House, кои беа дел од првите виртуелни Design Thinking работилници.

1. Кажете ни нешто повеќе за Вас, која е Вашата работа во EU House? 

Networks Manager – си кажува се само по себе, нели? 🙂
Мојот ангажман во EU House опфаќа широка палета од активности, како координација и мониторинг на проектите, подготовка на концепти, креирање активности, имплементирање програми за младите (Erasmus Plus, Design Thinking работилници, хакатони, дебати, настани…)

Изгледа ми било предодредено да ‘вмрежувам’ откако паметам за себе, растејќи по светот како дете на дипломат, соочувајќи се со различности уште од мали нозе фасцинирана бев од тоа какви сè луѓе постојат. Тоа се провлекува кај мене цел мој професионален живот и секогаш се наоѓам во ситуација да сум со најразлични профили на луѓе. Така и со ЕU House. Многу различни активности, настани, луѓе, дискусии, дебати патувања итн. Што повеќе може да посака човек.

2. Што Ве мотивираше да тргнете во потрага по нови алатки и начини за доедуцирање и поттикнување на креативноста кај младите? Зошто се одлучивте за Design Thinking?

Сакав да ja пренесам мојата возбуда кога прв пат jaс се сретнав со Design Thinking. Тоа беше на една обука во Италија каде што член на тимот беше обучувач токму за Design Thinking. Со оглед на тоа дека групата немаше слушнато за тоа,  дечкото, за најдобрo да ни долови што е тоа едноставно ни подаде по еден лист А4 лист и ни рече напрaвете плик. Ние така збунети се погледнавме еден со друг и почнавме да размислуваме како да направиме плик. По некое време сите дојдовме до различни функционални пликоа / решенија. Ете тоа е Design Thinking ни рече.

И така се запознав со процесот на креирање на солуции користејќи го процесот на Design Thinking. Фантастично нели? 🙂

3. Како ја применивте Design Thinking методологијата кај младите?
Дали може да ни раскажете малку повеќе за начинот на кој младите се запознаа со Design Thinking и како се одвиваше целиот процес?

Со оглед на тоа што сум во постојан контакт со млади преку најомилената работна обврска – дебати со средношолци кои ги организирам за Амбасадорот на Делегација на ЕУ,  често имам прилика да осознаам што е тоа што ги интересира младите или што е тоа што би им помогнало за личен и иден професионален развој, како да бидат во тек со најновите алатки итн. А Солвео имав прилика да ги запознаам уште кога беа во своите почетоци, па ми останале во сеќавање и повторно неизбежното мое вмрежување. 

Virtual Design Thinking Workshop EU House

4.  Како едни од првите кои ја прифатија Design Thinking методологијата во виртуелно издание, кои беа Вашите очекувања од онлајн работилниците со младите и дали се оствари посакуваната цел? 

Искрено малку бев скептична дали ќе има постојан интерес со оглед на тоа што програмата траеше повеќе недели, но на мое пријатно изненадување Солвео со својот динамичен, интерактивен и креативен пристап успешно го задржа вниманието на голема група на средношколци во време на различни рестрикции и други предизвици со кои се соочуваа со преминот на онлајн настава.  

5. По завршување на Design Thinking програмата, какви резултати се постигнаа и какви креативни решенија понудија младите?

Над 30тина неверојатни средношколци на првата виртуелна Design Thinking работилница беа поделени во 8 тимови и го дизајнираа своето идеално училиште на иднината.

Виртуелната рабoтилница во форма на училишен предизвик се состоеше од 2 вебинари, 2 менторски сесии и ден наменет за презентациите. На крајот на проектот, учесниците креираа целосно дизајнирано решение кое што го тестираа и подобрија  за да биде „подготвено за пазарот“.  

Учениците создадоа најразлични прототипи за своите решенија кои ни ги презентираа на последната работилница. Добивме копмплетна програма за современо образование, дигитална едукација за професорите (под менторство на учениците, online платформи, chill зони за училиштата, па сè до  Bullying апликација). 

6. Што би препорачале за во иднина? Дали сметате дека Design Thinking работилници можат да одговорат на новите предизвици?

Дефинитивно. Топло препорачувам секој да го помине овој процес затоа што Design Thinking е алатка која се користи на професионален, но и на личен план. Плус со Солвео тоа е секогаш забавно што е неоходно за да остане во добро сеќавање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици

Денес ќе разговараме со Лела, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци и…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Интревју со Treebanks: “Најголема мотивација ни е Treebanks да стане пример за компанија што работи циркуларна економија”

Treebanks e моќен концепт. Правиш резервација за патување и засадуваш дрвце. Ем патуваш, ем допринесуваш за природата, како и за поздрава и почиста животна околина. Разговаравме со Михаил, кој несебично…
Прочитај

Интервју со тимот на Challenger: “Бидете флексибилни во работата и слушајте ги внимателно вашите корисници”

Како продолжение на нашиот серијал на смели и креаитвни бизнис идеи овој пат имавме можност да поразговараме со тимот кој стои позади иновативната апликација Challenger. Сигурно веќе сте запознаени со…
Прочитај