Книги кои ќе ја поттикнат Вашата креативност

Total
5
Shares

Медиумот DesignThinking.mk сака да ве поттикне креативно да размислувате и воедно да бидете попрoдуктивни и мотивирани. Во таа насока ќе ви споделуваме едукативни книги исполнети со алатки, техники, мотивација и креативно размислување, за професионален и личен напредок. Ова е вториот дел наши препораки, доколку сте ги пропуштиле првите можете да ги видите тука – 3 Design Thinking книги кои мора да ги прочитате

За овој блог повторно издвојуваме 3 книги:
„The Book of Beautiful Questions“, Warren Berger

Во „The Book of Beautiful Questions“, авторот  Warren Berger споделува приказни за моќта на истражувањата. Преку стручноста на психолозите, иноваторите, влијателните лидери и некои од најистакнатите креативни мислители во светот, тој ги презентира основните прашања што им се потребни на читателите за да ги направат најдобрите одлуки кога навистина е важно, со посебен фокус во четири клучни области:

  1. Одлука
  2. Креативност
  3. Лидерство
  4. Меѓусебни односи
“The psychology of discovery and invention”, Mihaly Csikszentmihalyi

Креативноста е за забележување на оние моменти што го прават животот вреден за живеење. Mihaly Csikszentmihalyi открива што доведува до овие моменти – без разлика дали станува збор за возбуда на уметникот со својата палета или научник во лабораторија. Тој го прераскажува своето искуство од речиси сто интервјуа со исклучителни луѓе, од биолози и физичари, до политичари и деловни лидери, до поети и уметници, како и на неговите триесетгодишни истражувања за креативниот процес. Авторот разговара за такви идеи зошто креативните личности честопати се сметаат за себични и арогантни, и зошто „измачениот генијалец“ во голема мерка е мит. Што е најважно, тој објаснува зошто креативноста треба да се култивира и е неопходна за иднината на светот. 

„How to Have Creative Ideas“, Edvard de Bono

 

Сите сакаат да бидат креативни. Креативноста го прави животот позабавен, поинтересен и пополн со достигнувања, но премногу луѓе веруваат дека креативноста е нешто со кое се раѓаме и не може да се научи. Во книгата „How to Have Creative Ideas“, Edvard de Bono ни прикажува 62 различни игри и вежби за да помогне во поттикнување на креативното размислување.

 

 

Следете нѐ и очекувајте ги нашите следни препораки за корисни книги!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
design thinking mk

Ефективна комбинација на Design Thinking и Agile во пракса

Design thinking е кориснички ориентиран пристап за креативно решавање на проблеми. Произлегува од начинот на размислување на дизајнерите, а може да го аплицира секоj поединец или бизнис. Agile е итеративен…
Прочитај
Work from home `

5 корисни совети како со Design Thinking да си го олесните работењето од дома

Работата од дома е еден од предизвиците со кој светот се соочува во време на пандемија. За недостатоци на работењето од дома се сметаат: недостаток на комуникација, осаменост, дефокусираност, намалена…
Прочитај

Петте чекoри на Design Thinking

Design Thinking методологијата е еден вид на упатство, кое води до подобри решенија за пократко време. Во зборовите на Давид Келеј, таткото на Design Thinking: Главната цел на методологијата е…
Прочитај
positivni promeni so desing thinking

Со Design Thinking до позитивни промени

Design thinking е пристап кој се користи за креативно решавање на комплексни проблеми. Па оттука следи прашањето “како да го примениме и за воведување на позитивни промени?” Промените се неопходен…
Прочитај