ИНТЕРВЈУ со Данчо од BizzBeeSolutions: Среќни и задоволни вработени е еквивалент на плоден и успешен бизнис

Total
1
Shares

За Данчо Димков, оновачот на BizzBee Solutions, задоволни и среќни вработени се виза за успешна компанија. Која е неговата тајна ќе откриете во одговорите на нашите прашања.

Данчо, според вашето портфолио и многу постови на социјалните мрежи поврзани со Вас како претприемач, дознаваме дека сте инспирирани и имате цел да поттикнете раст и развојот кај луѓето. Според Вас кои се најбитните фактори кои влијаат за раст и развој на Вашите вработени, Вашите партнери и Вашите клиенти?

– Низ целиот свој живот инспирацијата за создавање нови нешта ја добивам од растот и развојот, особено на луѓето. Задоволство ми е да работам на раст и развој на професионалните и деловните врски, но и на приватните. Чувството дека сте помогнале на некому да се искачи на барем едно скалило погоре е незаменливо и неописливо. А вистинско задоволство е кога ќе успеете да се пронајдете во нешто, а истовремено тоа е нешто што уживате да го работите. Спој на страст и професија. Никогаш не сте уморни, никогаш не се жалите, а успесите се нижат.

Кога станува збор за најважните фактори кои влијаат за раст и развој на вработените, партнерите и клиентите – тоа е индивидуално. Но, пред сè, треба да се поседува волја, желба и љубов, кон она што се работи. Не можете да поттикнете некој да порасне, да се подобри, да се развие, ако тие самите не ви дозволат. Кога се има силна желба и подготвеност за работа, развојот доаѓа спонтано, природно, а јас само се обидувам да бидам добар катализатор.

Фактор кој влијае кај вработените е дефинитивно грижата за нив. Чувството на припадност, почит и вреднување кај вработените, им помага нив да ги подобрат своите работни перформанси и мотивацијата за работа.

Сите знаеме дека среќни и задоволни вработени е еквивалент на плоден и успешен бизнис.

Секогаш сте биле иноватор и секогаш сте превземале ризици, во 2008 сте отворате првата Мобилна маркетинг агенција на балканот AdvertSMS. Исто така и Вашата сегашна компанија BizzBeeSolutions е една од првите Lead Generation компании во Република Северна Македонија. Можете ли да ни кажете повеќе за Вашата приказна како претприемач и кои се Вашите најголеми предизвици до сега?

– Оваа година, во Март, BizzBee Solutions наполни 5 години. Се чудам каде и како поминаа 5 години. Ми звучи неверојатно. Но, времето лета, особено кога го правите она што го сакате и во кое уживате.

Кога за прв пат “влегов” во freelance светот, истовремено работев и со полно работно време во софтверска компанија. После кратко време сфатив дека заработувам повеќе со freelancing-от, отколку со мојата стабилна работа, со навремени месечни примања. Уживав во freelancing-от, уживав во работата која ја работам после официјалното работно време. Морав да излезам од својата комфорт зона и да се фокусирам на она кое го сакам и со кое повеќе заработувам. Можам само да кажам дека беше мојата најтешка, но најдобра одлука. На почетокот, беше доста возбудливо и авантуристички, бидејќи да се биде freelancer значи да се уживаат многу поволности. Донесовме одлука со мојата сопруга и ги искористивме сите можности и поволности. Патувавме многу, а истовремено и работевме. Како freelancer, вие самите располагате со своето време. Станувате рано наутро, работите. Потоа, го разгледувате градот и сите негови знаменитости. Се враќате дома и продолжувате со работа. Но, како и сè друго, постоеја и негативните страни. Секое раболување беше проблем, затоа што немаш повластувања како боледување. Исто така, сакавме да го зголемиме своето семејство, но немавме никаква сигурност и заштита. Кога сакате да имате дете, поинаку размислувате и имате различни приоритети. Донесовме одлука дека треба да отвориме свој бизнис. Па така, се роди BizzBee Solutions, а ние за кратко добивме и уште еден член на нашето семејство.

Најголемиот предизвик за мене беше наоѓањето на клиенти, надвор од freelance платформите. На Upwork е релативно лесно да се најде работа за поединец. Но, BizzBee стана компанија со повеќе вработени, со полно работно време, и freelancing-от веќе не беше доволен. Морав да најдам начин како да најдеме клиенти, надвор од светот на freelance. Ова е приказната позади нашата услуга “outbound outreach”.

Рефлектирајќи на мнозинството клиентски состаноци, сфатив дека не само ние имаме проблем со пронаоѓање на клиенти, туку голем број Б2Б компании се соочуваат со истиот проблем. И навистина бевме во право. Успеавме да го решиме својот проблем, но истовремено да им помогнеме и на други компании.

Во BizzBee моментално имате 15 вработени и повеќето од нив се млади лица, однонсо имаат измеѓу 20 до 30 години. Покрај тоа, често вработувате практиканти не барате да имаат никакво работно искуство. Кои според Вас се најголемите предизвици при развој на млади неискусни практиканти/вработени? И што сметате дека е подобро: превземање ризик и вработување на млад неискусен нов вработен или посигурната опција односно вработување на поискусен и докажан вработен во својата струка?

– Претходното работно искуство и поседувањето на диплома за завршени студии се голем адут, но не се единствените квалитети на кои треба да посветуваме внимание. Тие не гарантираат дека вработениот доследно ќе ги извршува своите работни задачи. Сè се учи и сè може да се постигне и оствари.

За жал, во нашата држава предност им се дава на кандидатите кои имаат повеќегодишно работно искуство. Но, еден млад човек, без никакво искуство, а огромна желба за учење, надоградување и работа, може исто да напредува како и оние кои имаат претходно знаење и искуство. Имаме вработени, кои за прв пат дојдоа во BizzBee како практиканти, а сега се успешни, професионални и постојано учат и се усовршуваат.

Во врска со тоа дали да се превземе ризик и да се вработи млад и неискусен вработен, или да се вработи поискусен вработен, зависи моментална итност на задачата. Понекогаш не располагаме со доволно време, а работата е итна и не може да чека. Но, најголемиот дел од претходните и сегашните вработени, во BizzBee започнале како практиканти и продолжиле да се развиваат во вработени, со експертиза на различни полиња и голем степен на професионалност.

Ние, како претприемачи и работодавци, треба малку повеќе да веруваме во младите луѓе, сепак тие се иднината. Да си млад и без работно искуство не значи дека немаш никакви познавања и предиспозиции. Наша задача е да го откриеме нивниот целосен потенцијал и да ги насочиме како максимално да го искористат. И ние некогаш сме биле млади и неискусни, со потреба некој да верува во нас и да ни даде шанса.

Во однос на обуката и едукацијата на Вашите вработени, дали користите одредени eдукативни програми и методологии за обука на вашите вработени, ако користите која методологија или програма ја користите и дали мислите дека досега ви била успешна?

– Секој нов вработен или практикант, има свој ментор, кој ќе го води низ целиот процес на работа, во претстојниот период. Менторите се вработени, кои имаат повеќе знаење во одредената област, детално се запознаени со услугите и начинот на работа на BizzBee и секако, имаат поголемо работно искуство. Во текот на работното време, тие се постојано достапни за своите практиканти и заедно го поминуваат тој пат на учење и усовршување. Секој практикант/нов вработен, во првата недела има задача да ги прочита нашите седум електронски книги, за да се запознае со работата и приближно да има перцепција што нудиме, како ги решаваме проблемите на клиентите и нашиот стил на работа.

Свесни сме дека, особено практикантите, се соочуваат со доза на стрес првиот ден, првата недела. Сите сме екстра насмеани, расположени и дружељубиви, за да им го олесниме тој процес и за да им докажеме дека се прифатени и добредојдени.

Колку мислите дека е битна едукацијата и обуката на вработените не само за новите туку и за поискусните вработени? И дали мислите дека компании треба почесто да ги обучуваат своите вработени?

– Кога кажувам дека сум инспириран од раст и развој, мислам и на растот и развојот на своите вработени. Ако им посветите време нa вработените, ќе ви се врати со добро, намалку двојно повеќе.

Во BizzBee не се грижиме само за клиентите и партнерите, се грижиме и за вработените. Без разлика дали станува збор за вработен кој веќе неколку години е дел од BizzBee, или практикант кој дошол пред две недели. Со менувањето на трендовите, појавувањето на нови алатки и слично, сметам дека континуираното обучување и едуцирање на сите вработени е задолжително.

Сакате вашиот бизнис да се развива и да биде во чекор со најновите трендови, техники, методи? Обучете ги вработените.

Сакате вработените да даваат сè од себе и постојано да ги усовршуваат своите вештини? Обучете ги и инвестирајте во нив.

Не само што ќе имате зголемен степен на квалитет на работа, туку и самите вработени ќе бидат помотивирани, посреќни и позадоволни. Лично сметам дека обуките за вработени треба да станат почеста пракса во нашата држава. Тоа ни недостасува. Имаме млади, амбициозни и паметни луѓе. Ние треба само да вложиме во нив, да веруваме и да ги мотивираме да бидат најдобрата верзија од себе.

Поради Ковид кризата многу компании имаа потешкотии за адаптирање на новите услови за работа од дома. Кои Ви беа најголеми предизвици за време на оваа новонастаната состојба? Како успеавте да се адаптирате Вие и Вашите вработени на сите брзи промени?

– Веќе одреден период работиме од дома и можам да кажам дека функционираме и подобро од што замислував. Секако, на сите ни фали кафето во канцеларија и муабетот.

Но, пред сè, мораме да бидеме совесни, да се заштитиме себе, но да ги заштитиме и другите. Пред да донесеме конечна одлука за работење од дома, ги прашавме сите вработени дали имаат услови за работа од дома. Бевме подготвени, доколку се пријави вработен дека нема услови – да најдеме начин да го решиме тоа и било како да помогнеме. Бидејќи не е така едноставно – од денес работиме од дома, и тоа е тоа. Треба да се размисли дали секој може, дали секој има услови. Му понудивме на секој вработен да си го земе работниот компјутер и сè друго што му е потребно од канцеларија. Со поголеми потешкотии искрено, не се соочивме. Сите беа флексибилни и спремни за адаптација на новата ситуација. Имавме и неколку нови практиканти минатата година, но и оваа, кои ја започнаа праксата од дома. Навистина сум среќен што секој вработен соработуваше и немаше никакви препреки.

Во овој период на работа од дома, успеавме да реализираме нови проекти и идеи, без никаков застој. Дел од вработените изучуваа нови алатки, од удобноста на своите домови. Друг дел, имаа нови задачи, со кои се соочија беспрекорно. Моравме да бидеме флексибилни, но кога целиот тим соработува и неизмерно допринесува – секогаш има и позитивни резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај