План за штедење во 5 чекори

Total
1
Shares

Доколку личните финансии претставуваат проблем за тебе, а не знаеш ниту од каде да почнеш, ниту што да преземеш и што да постигнеш, design thinking пристапот може лесно да ти помогне да се справиш со овој проблем.

Дефинирај го проблемот

Правилната дефиниција на проблемот со кој се соочуваме крие половина решение. Можеби сметаш дека немаш контрола над финансиите и не можеш да заштедиш ниту денар затоа што: платите се ниски, државата наметнува административни бариери, ограничувања, или имаш високи режиски трошоци. Сигурно постојат многу фактори кои го оневозможуваат успешното штедење, но фокусирај се на оној проблем што можеш лично ТИ да го промениш. На пример, постојат луѓе кои се постојано во долгови иако имаат солидни примања. Проблемот не е во трошоците/ долговите туку во менаџирањето со финансиите.

Покажи емпатија кон себе

Иако штедењето подразбира одредени откажувања од задоволства и секојдневна дисциплина, сепак покажи емпатија кон себе и своите потреби. Финансиското планирање дозволува слобода, исполнет живот и потреби, но подразбира откажување од непотребното, некорисното трошење на финансии. На пример, направете список во три категории: неопходно, важно и нешто што сакам, но не е неопходно.

Дефинирај ги целите

Кога ќе го имате списокот во кој сте ги навеле сите потреби, желби и неопходни трошоци, можете да почнете да поставувате цели. Дневните или неделните цели се оние за кои треба да вложите најмалку напор, односно ситните чекори кои можете да ги направите уште денес (на пример, ќе се информирам за можностите за штедење во банка). Месечните цели се оние за кои ќе треба да вложите малку повеќе напор, додека годишните цели или долгорочните цели ќе бидат важни животни достигнувања (на пример, да отворите свој бизнис или да купите нов дом).

Најди иновативни начини за постигнување на целите

Првото прашање што треба да си го поставите е: Што можам да направам за да ги постигнам саканите цели? Споредете го досегашното однесување, приходи и трошоци и поставете хипотези за тоа како сакате да се однесувате во иднина со своите финансии. Смислете идеи и за можностите кои ве очекуваат во иднина, на пример важен состанок за нова работа, можности за усовршување и зголемување на приходите, и др. Когнитивните предрасуди прекинете ги во оваа фаза за да отворите можности за нови, подобрени однесувања кои ќе ве доведат до исполнување на вашите финансиски цели.

Тестирај, учи, подобри

Постојано тестирајте го планот за штедење кој сте го поставиле. Прашувајте се зошто трошите на тој начин, какви се вашите потрошувачки навики и на која основа се тие, зошто се случува да потрошите повеќе од планираното иако имате испланиран буџет. Врз основа на тие сознанија, повторно прегледајте го планот за штедење и адаптирајте го соодветно.

Подобрувајте се себе и планот за штедење се додека не ги најдете вистинските начини за да имате финансиска слобода а истовремено, зголемена заштеда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај