Нов начин на водење бизнис: размислување надвор од кутијата!

Total
1
Shares

Несомнено сте слушнале дека е добра работа да размислувате надвор од таканаречените граници или рамки. Но, што точно значи тоа, зошто е тоа добар начин и како може да ѝ користи на твојата кариера?

Неограниченото размислување едноставно значи дека сте подготвени да разгледате различни решенија и методи за постигнување на посакуваниот исход. На пример: Сакате да стигнете од точката А до точката Б, но не мора или не сакате да одите по испробаната и точна рута за да стигнете таму.

Размислувањето поинаку може да има моќно и позитивно влијание врз Вашата кариера. Како претприемач, еве зошто треба да размислувате надвор од секојдневните рамки и како тоа може да Ви помогне да напредувате: 

Поставувањето прашања за статус кво состојбата е позитивна работа

Ако секој едноставно ги прифаќаше работите онака како што е, тогаш никогаш немаше да има никаква иновација или подобрување во светот. Доколку Томас Едисон кренеше раменици и сфатеше дека работите се доволно добри како што беа со гасни ламби, сијалиците и електричната енергија можеби никогаш немаше да бидат развиени. Ако тој не размислуваше надвор од рамките, светот би можел да биде многу посиромашно и неразвиено место.

Ако гледате на работите како непроменливи, тогаш ништо нема никогаш да се промени на подобро. Размислувајќи надвор од кутијата и наоѓање одговори за статус кво состојбата, постојано размислувате како да го подобрите искуството, производот или услугата. Ова ви овозможува да продолжувате да растете – и може да доведе до интелигентни и напредни одлуки во бизнисот. 

Поголема перспектива

Светот може да остане многу мал, доколку останете затворени во размислувањето и прифаќањето на нови нешта и трендови. Размислувањето надвор од рамките може да го прошири Вашиот поглед кон светот, овозможувајќи Ви да имате поголема перспектива за настаните и случувањата во Вашата кариера (и во животот). Кога сте подготвени да разгледате алтернативни гледишта и начини на вршење работи, ќе бидете поотворени за различни гледишта и потенцијални решенија.

Поголемата перспектива може да Ве направи поприемчив за различни идеи, што значи дека нема да бидете ограничени. Кога сте отворени за неограничени можности, тогаш можностите се бесконечни!

Поквалитетна работа

Супер-успешните компании имаат поинаков пристап кон културата на компанијата. На пример, модната компанија Zappos. Таа нуди поволности за вработените како бесплатна храна, бесплатни Welness услуги, па дури и услуга за обувки на лице место.

Од една страна, би било лесно да се отфрлат овие работи како губење пари на компанијата. Сепак, тие го гледаат долгиот поглед. Тие гледаат дека нудејќи ги овие поволности, привлекуваат и задржуваат подобри вработени. Среќните и здрави вработени имаат тенденција да бидат попродуктивни, лојални и ефективни.

Покреативно решавање на проблеми.

Кога размислувате во таканаречената ,,кутија”, напредокот на Вашата кариера може да запре. Кога има конечен број на начини на кои може да се направат работите, исто така значи дека има и ограничување на она што можете да го постигнете.

Доколку, излезете од секојдневите Ваши методи,алатки и практики, одеднаш се појавуваат повеќе можности и начини. Кога би си дозволиле поинакво можно решение, Вие сигурно би постигнале покреативни начини за решавање на проблемите.

Ќе го земеме Netflix за пример. Желбата да се изнајде алтернатива за видеотеките и високите тарифи за изнајмувања, се создава идејата и можноста за оваа светска сензација.

Кои креативни решенија би можеле Вие да ги најдете ако за миг излезете од ,,кутија”?

Бидете прилагодливи

Без разлика дали сте менаџер, претприемач, професор или програмер, едно е сигурно: Вашата кариера ќе се промени со текот на времето. Технологијата, интересите и барањата на луѓето и сите други фактори постојано се развиваат и ќе треба да бидете во можност да се менувате и Вие за да останете релевантни.

Можеби еден од најдлабоките ефекти на слободното размислување е тоа што ќе Ви помогне да станете прилагодливи. Вашиот ум нема да биде затворен за нови идеи, решенија или ситуации, па затоа ќе можете подобро да навигирате во постојано менување на Вашата деловна кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
4 pricini za uspesno vodenje na biznisot so Design Thinking

4 начини за успешно водење на Вашиот бизнис применувајќи го Design Thinking процесот

  Водењето на бизнис е доста комплексно. Од постојано менување на деловната динамика, управување со повеќе чинители, задоволување на растечките потреби на клиентите, сè до справување со непозната иднина; сопствениците…
Прочитај

4 причини зошто Design Thinking е моќна алатка за справување со промени

Промените се неизбежни, особено во бизнис светот каде организациите треба континуирано да се подобруваат и адаптираат според потребите на пазарот. За да ја одржат компетитивната предност, тие мора да се…
Прочитај

Што знаете за новата ера на туризмот?

Во свет кој постојано се развива, големи се и очекувањата на патниците. Помина времето кога едноставна хотелска соба или буџетски лет би биле доволни. Денешните авантуристи бараат нешто подлабоко, значајно…
Прочитај