Интервју со Иван Зографски од Солвео: “Целта на нашата компанија е да им помогне на амбициозните компании и индивидуалци да лансираат нови продукти или сервиси. Нашиот процес на работа е базиран на Design Thinking методологијата.”

Total
14
Shares

Денес ќе разговараме со Иван Зографски, ко-основач на Солвео – првата агенција за стратешки дизајн и иновации, како и еден од сертифицираните тренери за Design Thinking и инструктор во Innothink. Веке неколку години активно ја применува оваа методологија во секојдневното работење, како и обучува компании, студенти и средношколци за Design Thinking.

1. Кажете ни нешто повеќе за вас, кога првпат се запознавте со Design Thinking методологијата? Што ви беше најголема мотивација да продолжите да ја применувате? 

Јас сум Иван, ко/основач на првата агенција за стратешки дизајн и иновации Солвео. 

Прв пат се сретнав со поимот Design Thinking во 2009/2010 преку две книги што се сега едни од најбитните делови од мојата библиотека. Првата беше Business Model Canvas книга која има култен статус во нашата компанија, а втората е The Design of Business малку попозната книга од автор која во индустријата се смета за основоположник на Design Thinking метдологијата како што ја знаеме денес.

Уште од почетокот ми беше привлечна идејата за создавање на продукти/сервиси/бизниси кои се фокусирани на вистински кориснички потреби, затоа продолжив да ја учам и применувам во текот на целата моја професионална кариера. 

2. Како се роди идејата за Innothink? Која беше потребата од вакви услуги на нашиот пазар?

Целта на нашата компанија Солвео е да им помогне на амбициозните компании и индивидуалци да лансираат нови продукти/сервиси/бизниси. Нашиот процес на работа е базиран на Design Thinking методологијата. 

Откако го поминавме со различни клиенти сфативме дека процесот функционира на многу нивоа и во најразлични комплексности на зададениот проблем. Во тој момент ни стана јасно дека треба што повеќе луѓе да едуцираме за овој процес, од таа желба да го направиме Design Thinking широко распространет настана Инотинк.

Innothink - trainings

3. Според вашето богато искуство за едукација на Design Thinking во нашата земја, сте имале прилика да работите со различни професионалци, студенти и средношколци. Како оваа методологија може да се практикува кај сите нив? Кои се придобивките од Design Thinking?

Во школо, на работа и на факултет најчесто се создава еден тип на комфорна зона каде што нема многу потреба од критичко размислување, креативност и решавање на интересни/комплексни проблеми (wicked problems). Главната придобивка на Design Thinking на сите нивоа е дека ги ослободува учесниците од таа зона и им дава алатки да ја искористат слободата. На крајот од секоја работилница учесниците се чувствуваат покреативни, поенергични и поподготвени за идните предизвици. 

4. Досега вашите работилници се одвивале oфлајн, со новите промени Innothink  се адаптираше со цел да ги направи виртуелно достапни. Можете ли да ни кажете како би функционирале виртуелните работилници за Design Thinking? Kолку е различно виртуелно искуство од физичкото? 

Беше само прашање на време кога ваквиот тип на работилници ќе се пресели во виртуелниот свет, моменталната ситуација само го забрза тој процес експоненцијално. 

Виртуелната работилница се погриживме да е најблиску што може до работилницата во физички простор. 

5. Како би ја опишале Design Thinking методологија во една реченица? 

Процес на создавање на корисни продукти и сервиси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај