Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето на комуникација и тимскиот дух се клучот за заеднички успех. Сепак за да се одржат тимовите потребно е доста акција и мотивација. Не е доволно само едно неделното виртуелно кафе или виртуелен afterwork.
Дури и за силните тимови е тешко на подолг рок да ја одржуваат позитивната атмосфера на високо ниво. Секаде постојат луѓе кои се поопуштени и подобро комуницираат кога се наоѓаат во иста средина со своите колеги. Секојдневите ритуали и забавни моменти од канцелариите ништо не може да ги замени. Факт е дека дистанцираната комуникација прави одредени бариери и опаѓање на меѓусебната доверба.
Што е виртуелен тим билдинг?
Тоа е исто како досегашните тим билдинг обуки, освен тоа што тимовите физички не се наоѓаат во ист простор. За време на виртуелниот тим билдинг секој е пред својот компјутер, кој е поврзан на инернет и на тој начин ја одржува комуникацијата со својот тим и останатите тимови.
Зошто виртуелните средби се во моментов важни за тимовите?
Осаменоста е веројатно најголем недостаток на дистанцираното работење и тоа може да предизвика пречки од различна природа, како демотивираност, непродуктивност, опаѓање на темпото на работа и сл. Наоѓањето време за социјално зближување, не е само лек за осаменоста, туку им помага на тимовите да работат подобро заедно.
Меѓусебното разбирање ни овозможува ефикасна комуникација и полесна дистрибуција на информациите за целиот тим. Статистиката вели дека кај 94% од вработените, меѓусебното почитување и добрата комуникација се клучни за успех на тимовите, а 19% сметаат дека тоа е фактор број еден за постигнување благосостојба при работењето.
Што ќе добиете од виртуелниот Design Thinking тим билдинг?
Deign Thinking методологијата има развиено вежби кои ги зближуваат вработените, ги освежуваат и сплотуваат мултидисциплинарните тимови. Истовремено придобивајќи нови практични начини за тимска работа.
Попатно Вашите вработени ќе се запознаат со оваа популарна методологија и ќе може да продолжат да ја применуваат во секојдневното работење. Таа овозможува да се идентификуваат клучни потреби на секој корисник или човек, брзо да се креираат и тестираат прототипи и да се донесат иновации кои ќе одговараат на идентификуваните потреби. Преку примена на овој процес, голем број на компании се издигнале на пазарот, се издвоиле од конкурентите и станале препознатливи по својата иновативност.
Моменталната ситуација наложува да ризикуваме и експериментираме за доброто на сите. Зајакнете го вашиот тим со една ваква обука/тим билдинг и запишете се на листата со победници.