5 корисни совети како со Design Thinking да си го олесните работењето од дома

Total
17
Shares
Work from home `
5 совети за работа од дома со Design Thinking

Работата од дома е еден од предизвиците со кој светот се соочува во време на пандемија. За недостатоци на работењето од дома се сметаат: недостаток на комуникација, осаменост, дефокусираност, намалена мотивација, неможност да се направи разлика помеѓу работното и слободното време.

Како да си помогнеме? Design Thinking како високо ефективна, колаборативна алатка можеби може да ни даде решение на овие проблеми.

1. Дизајнирајте го своето работно катче 

Со Design Thinking лесно можете да го креирате своето работно катче во вашиот дом каде ќе бидете продуктивни и фокусирани. Набљудувајте се себе и вашите навики додека работите од дома за да дојдете до сознанија за тоа каде треба да го лоцирате работното катче/ биро, како да обезбедите непречена работа и доколку е можно, да имате приватност додека работите. Направете скица за својот прототип- работно катче и почнете со реализација на проектот. Споделете ги идеите со својот тим, а доколку добро се познавате меѓусебно- дизајнирајте ги работните катчиња на вашите колеги. 

2. Интервјуирајте

Одржувајте редовни видео повици и состаноци бидејќи комуникацијата е клучна во работењето на далечина. Секој се соочува со различни предизвици при работењето од дома, па затоа одржувајте и еден- на- еден состаноци со цел да ги надминете препреките и да го одржите фокусот на работата и тимскиот дух. Емпатијата е појдовна точка на design thinking, а е длабоко вкоренета во меѓучовечката комуникација.

3. Адаптирајте се на промените

Проценете го својот тим и самите себе кога најдобро и сосредоточено  ги завршувате задачите. Работното време од дома може да биде флексибилно, но најважно е да се одржи работниот фокус и успешно да се завршат работните задачи. Направете распоред во кој работните активности ќе ги подредите по важност: активности за кои е потребен фокус и посветеност во дадено време од денот и активности кои може да се вршат и подоцна во текот на денот/ неделата.  

4. Утринска бура од идеи

Работењето од дома може да доведе до несакана појава: работење од удобноста на креветот или неволност за работа (особено рано наутро). Затоа, секоја design thinking програма започнува со бреинсторминг- време за генерирање на идеи за даден предизвик кој треба да се реши. Слично на утринската гимнастика, утринскиот бреинсторминг гарантира успешен почеток на денот и енергичен вовед во секојдневната работа. 

5. Онлајн тим билдинг

Предложете неделен/ месечен онлајн тим билдинг за вашиот тим бидејќи тимскиот дух мора да се одржува и во комплицирани времиња. Организирањето на онлајн забавни тим билдинг активности е одлична замена за кафе паузите на работа и after work забавите, дури и ќе ја зголеми вашата продуктивност. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
design thinking mk

Ефективна комбинација на Design Thinking и Agile во пракса

Design thinking е кориснички ориентиран пристап за креативно решавање на проблеми. Произлегува од начинот на размислување на дизајнерите, а може да го аплицира секоj поединец или бизнис. Agile е итеративен…
Прочитај

Петте чекoри на Design Thinking

Design Thinking методологијата е еден вид на упатство, кое води до подобри решенија за пократко време. Во зборовите на Давид Келеј, таткото на Design Thinking: Главната цел на методологијата е…
Прочитај
positivni promeni so desing thinking

Со Design Thinking до позитивни промени

Design thinking е пристап кој се користи за креативно решавање на комплексни проблеми. Па оттука следи прашањето “како да го примениме и за воведување на позитивни промени?” Промените се неопходен…
Прочитај