ИНТЕРВЈУ со ЈАНА од СОЛВЕО: “Доколку се двоумите дали вашата идеја е добра или не, запомнете нема такво нешто како лоша идеја!”

Total
1
Shares

Јана Андева е дел од компанијата Солвео, која им помага на другите компани успешно да лансираат иновативни продукти. Првично е Lead Designer и Design Strategist, но е присутна во креативните делови од проектите. Оваа година е повторно дел од Startup Weekend Skopje. Во ова интервју со нас ги споделува импресиите, приодбивките и бенефитите од овој тип на настани.

Јана, вие сте дел од Солвео тимот веќе 3 години, но имате интересен пресврт во кариреата. Раскажете ни нешто повеќе за тоа…

Мојата приказна започна на факултетот за Архитектура и дизајн на Американ Колеџ, и непосредно по завршувањето на магистерските студии се вработив како архитект. Кога бев матурант и се двоумев на кој факултет да се запишам, ја одбрав архитектурата бидејќи знаев дека може да ми отвори повеќе врати. Архитектурата полека ме однесе на вратата “Графички дизајн” каде целосно се пронајдов. Моите способности за графички дизајн ги усовршив во Солвео, работејќи на најразлични проекти и задачи.

Како дел од задачите и активностите кои ги имате е и Startup Weekend Skopje, настан кој Солвео го организира 5та година по ред. Што е всушност овој настан и што претставува за start up заедницата неговата популарност?

Startup Weekend Skopje е глобален настан кои се организира во повеќе од 600 градови низ светот и има една цел, а тоа е поврзување на млади претприемачи со локални и меѓународни ескперти од различни области кои во текот на настанот им помагаат кон развивање на идејата и преточување на идејата во бизнис решение. Овој настан е прилика за учесниците да излезат од секојдневието и да се впуштат во 54-часовна авантура во која ќе запознаат нови луѓе кои во иднина може да им станат бизнис партнери, колеги, инвеститори итн.

Освен во главниот организациски дел, сте имале и улога на учесник, но и на фасилитатор на Startup Weekend Skopje. Дали можете да ни ги опишете овие 3 аспекти од ваша перспектива?

Мојата приказна со Startup Weekend Skopje започна во 2018-та година, кога ме контактираа од Солвео дали сум заинтересирана да бидам графички дизајнер на настанот. При изготвување на логото и дизајните за настанот, сфатив дека сакам да бидам и учесник на настанот и веднаш си купив карта. Искуството кое го добив како учесник на тој настан е дефинитивно незаборавно. Стекнав голем број на контакти кои до ден денеска сум во комуникација со дел од нив. Имајќи го искуството како учесник, направи секоја наредна година како организатор на настанот да се вложувам максимално сите учесници да го имаат истото незаборавно искуство на овој настан како и јас. Најголем предизвик ми беше кога бев фасилитатор на ланскиот Startup Weekend Skopje бидејќи имав малку трема од јавно говорење, но “среќа” беше online настан па тремата бргу ја снема.

По 2 години онлајн одржани Startup Weekend Skopje, оваа пролет организацијата е конечно со физичко присуство. За кои датуми е планиран настанот, до кога е пријавувањето и каде ќе се реализира?

Искуството со физичко присуство на настан од овој карактер е дефинитивно неспоредливо со онлајн настан. Се радуваме дека конечно ја имаме можноста да се вратиме физички во просториите на Innofeit кој се наоѓа во кампусот на факултетот ФЕИТ при универзитетот Кирил и Методиј.
Оваа година Startup Weekend Skopje ќе се оддржи во периодот од 6-8 мај! Сите заинтересирани може да прочитаат повеќе за настанот тука, како и да си го резервираат своето место на време, бидејќи картите се ограничени!

Какви се вашите очекувања и како би ги охрабриле потенцијалните учесници кои се двоумат да се пријават на SWS 2022? 

Пред се верувам дека идеите кои ќе прозилезат на овогодинешниот Startup Weekend Skopje ќе бидат иновативни и уникатни, бидејќи самата енегргија која ќе ја има целиот настан поради физичкото присуство ќе придонесе до ослободување на стравот и комплетно развивање и подобрување на идејата, како и запознавање и зближување во рамки на тимовите. За тие што се двоумат би им рекла да го прифатат предизвикот и да си дозволат едно поинакво викенд искуство кое комплетно го заслужуваат после сите карантини и онлајн настани! Доколку се размислувате дали вашата идеја е добра или не, запомнете нема такво нешто како лоша идеја!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај