Интервју со Pick-a-Gift, победниците на SWS ’21: „Сакаме да го олесниме процесот на избирање подароци за голем број вработени, така што на секого би му се допаднал подарокот“

Total
6
Shares

Во средината на април се одржа Startup Weekend Skopje. Ова е 54-часовен настан каде се обединуваат претприемачите, иноваторите, старт – ап ентузијастите и креативците со цел за време на само еден викенд, тимски да направат победничко бизнис решение. Тимовите имаа можност да добијат правилни насоки од менторите во развивање на нивната конечна идеја.

За победници на овогодинешниот Startup Weekend Skopje беше прогласен тимот со идеата Pick-a-Gift. Станува збор за онлајн шопинг платформа за подароци каде славеникот сам може да си го одбере подарокот без да ги гледа цените. Во продолжение ќе дознаете кој стои зад идејата, импресиите од настанот и идните планови.

Честитки за уникатната идеја и победата! За почеток, кој стои зад Вашиот тим, претставете ги членовите, дали се познававте од претходно или се споивте на настанот?

Ви благодариме многу! Васка Ѓоргиева е иницијатор и од неа потекнува идејата. Подолго време ја разговаравме идејата со Александар и Марија и затоа решивме да се пријавиме заедно на овој одличен настан. Александар Ѓоргиев работи како проект менаџер во GPS компанија, а Марија Влашчева е проект менаџер во македонска startup компанија и беше тим лидер за време на настанот. По претставувањето на идеите на почетокот кон тимот се приклучи и Маја Славевa, која работи ПР и маркетинг комуникации, со која претходно не се познававме, но сепак успешно се вклопи.

Од каде започнува Вашата идеја? Како се одвиваше процесот на концептот од примарната иницијатива пред да се пријавите на SWS ‘21 и за време на настанот?

Идејата потекна од Васка, односно од нејзиното десетгодишно искуство како HR и административен асистент. Сакајќи да го олесни процесот на избирање подароци за голем број вработени, така што на секого би му се допаднал подарокот, а притоа ќе се заштеди и време, ја согледа потребата од создавање на ваква платформа. Ние сакавме да ја тестираме идејата како би била прифатена од потенцијални корисници, а најмногу и да добиеме совети од експерти во областа. Кога дознавме за одржувањето на SWS ‘21, без размислување се пријавивме, зашто сметавме дека е вистинското место за тоа. 

Кој беше најголемиот предизвик при оформувањето на Вашето решение за време на 54 часовната активна работа?

Искрено, имавме повеќе предизвици, посебно затоа што се работи за реално краток временски период. На почетокот немавме ниту прецизиран таргет пазар, ниту анализа на конкуренција, ниту, пак, дизајн решение. Веројатно најголем предизвик ни беше поставувањето на бизнис моделот. Сепак, идејата на настанот е да се презентира како потенцијален успешен бизнис и навистина сме горди што успеавме во тоа.

Споделете ги Вашите импресии од учеството на SWS ‘21, ги исполни ли Вашите очекувања и дали би го препорачале на останатите да се охрабрат и да земат учество на вакви настани?

Ние сме многу задоволни од тоа како помина целата организација. Почнувајќи од организаторите, до менторите и судите, сè беше одлично. Беа на располагање цело време и одговараа на сите наши прашања, а верувајте дека имавме многу 🙂 Нашите очекувања беа целосно надминати, посебно затоа што воопшто не се надевавме на победа. Со задоволство го препорачуваме овој настан на секој тим што сака да ја тестира својата идеја првично и да добие многу корисни совети од луѓе од најразлични области. Ги охрабруваме сите да се пријават, затоа што има одлична енергија, може многу да се научи и да се стекнат познанства кои во иднина можат секако да им користат. Ние секако со нетрпение го очекуваме наредниот настан, навистина ни беше многу забавно.

Pick-a-Gift е речиси готов продукт и без дилеми е платформа која ќе наиде на интерес, затоа кои се следните Ваши чекори?

Моментално работиме на целосно комплетирање на идејата од секој аспект, што значи изработка на комплетен бизнис план и модел, логистика, тесен и прецизен таргет на корисници, финансиски и правни аспекти и слично. Потоа продолжуваме кон формирање тим за доработка на платформата. Благодарение на освоеното прво место добивме прекрасна поддршка во неколку различни сфери кои што ќе ни бидат добредојдени за почеток. Ние сме целосно посветени на реализација на нашата идеја во реален и практичен продукт и веруваме дека истиот ќе биде одлично прифатен на пазарот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај