ИНТЕРВЈУ со Марија Крагујевска od Codeit Solution: Добрата комуникација е клучот на секој успешен почеток!

Total
1
Shares

Марија Крагујевска е специјалист за човекови ресурси во Codeit Solution, компанија која се фокусира на висококвалитетен, навремен испорачан и развој на софтвер за аутсорсинг. Воедно ги поддржуваат и студентите на кои им пружаат можност за стекнување искустви преку практиканска програма.

Марија Вашата кариера во CodeIT Solution започнала вo јули 2020 година (Според вашиот Linkedin профил), што значи сте се вработиле како специjалист за човечки ресурси за време на Ковид кризата. Kако успеавте да се прилагодите на промените предизвикани од Ковид кризата особено како ново вработена  и дали тоа искуство   Ви помогна полесно да ги прилагодите новите вработени во CodeIT полесно да се адаптираат на овие промени?

После моето прво интервју знаев дека Кодит е местото каде што треба да ја продолжам мојата кариера. Да, секако дека беше тешко, бидејќи мојата позицијата вклучува секојдневна комуникација со сите вработени и создавање на врска во која си веруваме. Мислам дека најголемиот предизвик беше да се преставам која сум и зошто сум тука, особено кога нашата комуникација беше целосно електронски.

Но, на самиот почеток сите беа доста пријателски настроени и ми помогнаа да се прилагодам многу лесно. Исто така менаџментот од страна на компанијата беше секојдневно со мене на состаноци кои траеја со саати се со цел јас да се чувствувам удобно на моето ново работно место. Верувам дека добра комуникација е клучот на секој успешен почеток и тоа секако помага за полесно да се прилагодиме на секоја нова средина без разлика на условите.

Како задолжена за комуникација и оценување на потенцијални нови вработени, кои се според Вас потребни карактеристики или квалитетити кои треба да ги поседува секој ново врабтен во CodeIT?

– Бидејќи јас не ги оценувам техничките знаења на кандидати, мислам дека најважна карактеристика би била желбата за учење и напредување. Исто така нивната проактивност, лесно комуницирање и на крај дали ги имаат во нив тие вредности за кои се бори нашата компанија.

Гледам дека организирате тим билдинзи и настани за Вашата компанија и вработените, дали мислите дека организирањето на Тим Билдинзи и забавни настани за вработените го подобрува целокупнотот работење во вашата Компанија, ако да зошто?

– Секако дека да! Во ова време кога работиме од дома повеќе од потребни ни се сите тие тим билдинзи, вебинари(технички или нетехнички) и  други настани за да ни го подобрат чувството на припадност.

Дали имате одредена програма или методологија која ја користите за обука на новите вработени и останатите тимови?

-Да, имаме on boarding програма што е за сите ново вработени, што вклучува состаноци со менаџмент, човечки ресурси и вработените во оператива каде што имаме презентации на компанијата, како работиме, кои сме ние и кои се вредности по кои се водиме. Во вториот дел од таа програма е вклучено запознавање со тимот во кој што ќе работите и секако последниот дел е запознавање со сите вработени од целата компанијата на нашите заеднички состаноци каде ги споделуваме нашите нови идеи и новитети во врска со работата.

Еден од најголемите проблеми и тешкотии што ги имаат младите студенити кои се пред крај на своите студии е пронаоѓањето на работна позиција поврзана со струката за која Дипломирале, особено ако искуство е една од побитните квалификации кои се барани за таа позиција. Кој би бил Вашиот совет за нив и дали мислите дека треба да се бара повеќе годишно работно искуство за вработување на почетна позиција?

– Токму поради овие причини, горди сме на нашата практикантска програма која се одржува неколку пати годишно. Како штотуку излезни од школските клупи и полни со енергија за нови искуства и знаења, праксата е правото место каде што може да добиете hands-on искуство со повеќе технологии. Во тој процес покрај што ќе може да се стекнете со работно искуство што и тоа како е потребно, имате можност да работите со повеќе технологии и да откриете која технологија најмногу ве интересира и што би сакале да продолжите да ја работите во иднина.

И како последно прашање Марија, кој се Вашите цели за во иднина, како се гледате себеси во наредните 5 години?

5 години ми изгледаат како по далечна точка во иднина од која во овој момент би ми било многу тешко да одговорам на ова прашање. Ако не друго, изминатата година не научи дека работите можат да се променат многу брзо и важно е да научиме да работиме во секакви околности, но во овој момент би можела да кажам дека сум исклучително задоволна од мојата позиција и со предизвиците кои ме чекаат во следниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај