Од неодамна, динамиката на Design Thinking стана од суштинско значење во одделите за иновации. Повеќе од кога било, корисниците се целта на секоја стратегија. Поради оваа причина, Design Thinking го користат сè повеќе компании, не само во одделот за иновации, туку и во одделите за маркетинг, човечки ресурси и продажба.
Од пред неколку години, преку „скалилата за дизајн“ се проценува неговото влијание врз компанииите. Во овој блог, ќе проследиме каква е дизајнерската култура во денешно време и како може да се создаде совршена рамка во компаниите. Од оваа гледна точка, Design Thinking станува порелевантен, бидејќи можеме да го разбереме дизајнот како став, не само како нешто естетско. Затоа е важно да се создаде динамика во компанијата, да се има можност да се стекне свој начин на работа, размислување и чувство.
Динамиката ја развиваат тимови направени од вработени и претпоставени, но кој е тука клучот за да се изгради добар тим? Во продолжение ќе добиете совети како да го постигнете тоа.
Емпатија
Секој член од тимот ја знае целта, а тоа е разбирање на клиентот. Нема подобар начин да го направите тоа отколку да се ставите во негова кожа, не само да ги анализирате податоците за возраста или полот, туку и начинот на кој размислува и како се однесува. Ако не го познаваме нашиот клиент, нема да ги разбереме неговите потреби.
Доколку тимот ја дели истото гледиште, ќе се поттикне доверба и ќе се донесат добри одлуки, зајакнувајќи ја тимската комуникација, доверба и креативност.
Автономија
Доколку компанијата им го пренесе процесот на одлучување на своите вработени, тие ќе имаат тенденција да бидат понезависни. Истото би се случило ако го сториме тоа со цел тим, ако сите членови можат да носат релевантни одлуки заедно, тие ќе бидат поверни соработници и ќе станат независни.
Кога тимот ќе го знае профилот на личноста на купувачот, направен од претходната анализа, тој ќе може да понуди ефикасни решенија без потреба од интеракција на менаџерот. За споделување на ваков вид одговорности ќе се генерира заедничка методологија за работа и јазик меѓу сите членови, што ќе му помогне на тимот да ги реши конфликтите и несогласувањата со претходен консензус и почитување.
Лидерство
Време е да ги замениме шефовите со лидери кои ги промовираат корпоративните вредности и го водат тимот напред. Лидерството вклучува поддршка на одлуките на тимот, решавање проблеми и обезбедување на благосостојба на тимот без да се позиционира на повисока позиција. Добра практика е да дозволите секој член да има своја можност да истакне, доколку тимот ги слуша сите членови, идејата ќе биде промовирана и тие ќе научат едни од други.
Да се создаде заедничко водство е од суштинско значење за вклучување на тимот, луѓето се и секогаш ќе бидат движечка сила за промени.
Разновидност
Колку поразновидни тимови, толку подобри резултати. Ако ги споредиме искуствата, способностите или гледиштата, ќе изградиме подобра визија за предизвикот, целта и можните проблеми. Во вакви околности секој член на тимот ќе има различна перспектива. Оваа соработка ќе развие корпоративна култура заснована на почит, справувајќи се со конфликти на потолерантен начин.
Кога проблемот можеме да го видиме од различни перспективи, поврзувањето ќе биде нашиот клиент. Разновидноста е рецептот за најдобар тим.
Како резиме имајте ги следниве работи на ум и направете ги Вашите тимови ефективни, а пред сè среќни:
- Емпатијата е најдобрата карика за да го натерате Вашиот тим да остане заедно и да го натера клиентот да биде во фокусот на размислувањето.
- Дозволете им на тимовите да бидат независни, оставете ги да научат како да управуваат со различни ситуации и ќе видите како тие повеќе ќе се вклучат во предизвикот.
- Индивидуалното лидерство може да се промени во групно лидерство. Секој член е одговорен за успехот на проектот, и во подобро и во полошо.
- Најголемиот предизвик е да научиме како да слушаме и учиме од нашите колеги без да правиме дискриминација ниту пак да судиме.