ИНТЕРВЈУ со Димитар Митревски од Bintern: „Праксата е инвестиција во креирање на идни вработени“

Total
4
Shares

Димитар Митревски е млад претприемач, основач е на онлајн платформата Bintern, која ги поврзува студентите и невработените со компании за пракса и работа. Тој верува во процесот на создавање професионалци преку практиканти и комбинирање на теоретското со практичното знаење.

Димитар, иако сте сèуште студент, доста храбро се одлучувате да основате своја компанија. Тоа беше првото нешто што го прочитав за Вас што е навистина импресивно. Што е уште поинтересно Bintern се отвора во 2020 за време на една од најголемите кризи во последните 12 години. Можете ли да ни кажете повеќе за Вашите почетоци и која е главната мотивација да станете претпремач?

 Моите почетоци се доста интересни, а за тоа ќе ви раскажам една случка. Како студент во прва година имав можност да присуствувам на панел дискусија на која беа присутни тројца реномирани претприемачи и кои ни кажуваа за нивниот успех. Јас бев толку многу восхитен од нивниот успех што после дискусијата му пристапив и разговарав со панелистите односно претприемачите. Советите и книгите кои ги препорачаа веднаш ги зедов и започнав да ги читам и применувам. И така на тој начин некако се вовлеков во претприемништво. После тој настан, започнав често да одам на настани поврзани со претприемништво на кои имав можност да се запознаам со доста успешни претприемачи од нашата држава.

Покрај настаните се појави уште една можност на мојот факултет однсоно акцелераторкса програма за стартапи која беше предводена од Преда Плус Фондација во соработка со Факултетот за инфрматички и комуникациски технологии во Битола. На оваа акцелераторска програма учевме од повеќе искусни бизнис ментори, се вмрежувавме, научивме да пичуваме (да ја презентираме нашата бизнис идеја). Благодарејќи на таа акцелераторска програма која ми го даде оној иницијален импулс и ме воведе чекор понаперд во светот во претприемништвото, денес сум тука и можам да ги одговарам овие прашања.

 Вашата онлајн платформа е наменета да ги поврзе студентите кои бараат работа со компании кои бараат нови вработени. Дали пред да ја создадете оваа платформа мислевте дека во Македонија има проблем со пазарот на човечки труд и кои се тие пречки според Вас?

 Главниот мотив кој ме водеше и сеуште ме води за нашиот бизнис поточно за платформата Бинтерн, е тоа што не само кај нас туку и во светски рамки е познато дека ти си платен онолку колку што придонесуваш за твоетот време, а не колку време работиш и што работиш. Во поедноставни зборови кажано, ти ќе бидеш вработен во компанија и ќе земаш толкава плата колку што е твојот придонес за таа компанија или организација. Тука доаѓаме до заклучокот колкава вредност јас како студент кој ќе дипломира ја имам за една компанија. Одговорот е не носам додадена вредност само ако сум завршил факултет и немам некое практично искуство односо практични вештини. Нашата цел и мисија е да им помогнеме на студентите во текот на студирањето, но секако и на невработените да стигнат до пракса со цел да се стекнаат со практични вештини и искуство, а секако и да си пронајдат работа.

Покрај бенефитот за студентите и невработените, тука е и бенефитот за компаниите кои преку процесот на пракса си градат свои вработени. Секоја компанија има потреба од луѓе со специјализирани вештини за одредена позиција, но тие вештини се секако специфични за таа компанија, затоа наједноставно компанијата ќе ја постигние целта ако преку пракса си креира вработен по сопствена мера.

Знаеме дека многу од студенти кога ќе го завршат своите студии односно кога ќе дипломираат, се соочуваа со големи предизвици во потрага по посакуваната работна позицја. Според Вас која е причината за овој проблем, дали се самите студенти или работодавачите кои имаат преголеми барања од нив?

 И двата фактори влијаат. Односно и студентите и работодавачите. Моето видување е, нема секој студент да оди на пракса и да се стекне со практично знаење и вештини, и нема секоја компанија да земе практиканти и да креира вработени. Од перспектива на студент, би рекол дека има недостиг на самоиницијативност и се чека работите да се порават сами од себе што не е случај. Од страна на компанија се преголемите очекувања дека студентот кој нема некое практично знаење може да ги извршува нивните специјализирани задачи. Како што напоменав во претходното прашања важно е компаниите да разберат дека праксата е инвестиција во креирање на нивните идни вработени.

 Може ли да ни кажете подетално како Вашата платформа му помага на студентот да ја најде работата што ја сака, а како им помага на компаниите да ја изберат правата личност за слободната работна позиција?

 Со задоволство би ви кажал, најпрво секој студент или невработен се регистрира на нашата платформа, односно креира свој профил и го уредува и пополнува сопственото CV. Откако неговиот профил е спремен, тој преминува на следниот чекор, а тоа е аплицирање на огласите кои се објавени на платформата. Откако студентот аплицира на огласот, неговата апликација се испраќа до компанијата која го разгледува неговиот профил и CV, па доколку се заинтересирани за апликантот преминуваат во следна фаза односно интервју. Во однос на компаниите, тие исто така си креираат свој профил на платформата, и имаат можност да објавуваат огласи, покануваат кандидати на нинвите огласи, да покануваат кандидати на интервју, да пребаруваат во нашата база од кандидати да се поврзуваат со кандидатите итн.

Многу домашни компании имаат потешкотии со onboarding и обука на нови вработени/практиканти. Што мислите, која е причината за овие предизвици и како можат фирмите да го подобрат овој процес?  Дали Вашата платформа би им помогнала во однос на обуката на новите вработени кои ќе ги најдат преку Bintern?

Јасно е дека компаниите имаат потешкотии со onboarding и обука на нови вработени/практиканти но не сите компании. Една од причините која може да влијае се ниското ниво на експонираност на компанијата, поточно речено атрактивноста на компанијата за луѓето. Односо зошто некој да се вработи или да биде практикант во таа компанија. Како исклучок би ги зел ИТ компаниите кои се доста атрактивни во последен период, а како причина за тоа би ја зел зголемената потреба од стручен кадар во оваа област, отвореноста и транспарентноста на компаниите, солидни услови за работа и високи плати. Во однсо на обуките на нови вработени, во иднина како Bintern размислуваме на компаниите да им помогнеме во процесот на фасилитирање на бут кампови поточно обуки за вработување и пракса.

И за крај, каков е Вашиот план за Bintern за во иднина, односно како го замислувате Bintern во 2025 година?

Нашиот план за 2025 година е Bintern да прерасне во светски позната платформа која поврзува милиони студентите, невработени и компании на едно место со една цел, а тоа е креирање на подобра иднина за сите. Нашата цел и визија е да им помогнеме на луѓето да стекнат практични вештини и знаење и да стигнат до нивното посакувано работно место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај