Design Thinking, кориснички- ориентираниот пристап кој се смета за двигател на иновации и рамка за успех во модерниот бизнис, има свои “златни”правила по кои се водат оние кои го практицираат.
1. Корисниците се на прво место
Колку подобро ги познавате вашите корисници, толку подобри продукти и услуги ќе им понудите. Луѓето веднаш се “лепат” на производи кои решаваат некој нивен проблем. Почитувајте ги и слушајте ги вашите корисници- тоа е единствениот пат до успешен бизнис.
2. Емпатија
Емпатија значи препознавање на чувствата на другите луѓе и умешност на читање на говорот на телото со цел да се “влезе во кожата на другиот”. Дали ги “читаме” реакциите на другите околу нас, на нашите корисници, вработени? Што можеме да направиме за другите да се чувствуваат/ работат/ функционираат подобро? Овие прашања се добар почеток за поттикнување на емпатијата во бизнис опкружувањето.
3. Тимска работа
Design Thinking промовира тимска работа, а особено мултидисциплинарни тимови кои можат да понудат решенија од различни аспекти за даден проблем. “Од луѓе за луѓе” – гласи главното мото на Design Thinking, па затоа се смета за пристап фокусиран на човекот (human- oriented approach).
4. Креативна атмосфера
Креативноста означува ментален и социјален процес кој вклучува генерирање на идеи и создавање на вредност. Се промовира и одржува во средини каде секому е дозволено да го изрази своето мислење и својата идеја без да биде изложен на критицизам и неконструктивност, со една единствена цел: да се создаде нова вредност.
5. Постојано учење
Учењето е континуиран процес за успешните луѓе и бизниси. Слушајте го мислењето на другите, соработувајте, учете од искуството и напредувајте.
6. Истражување, креирање, тестирање
Во кратки црти- целиот циклус на Design Thinking пристапот. Сознанијата за постоечките проблеми водат кон креација на решенија за тие проблеми во форма на продукти/ услуги кои се тестираат од страна на корисниците.
7. Неуспехот е најголема мотивација
Не се плашете од неуспех доколку се стремите кон големи успеси. Итерацијата е еден од основните принципи на Design Thinking- со секој неуспешен обид, крајниот продукт/ услуга ќе бидат посовршени.
8. Редуцирање на ризици
Бидејќи Design Thinking тргнува од потребите на луѓето и проблемите со кои се соочуваат, ризикот од креирање на неуспешен продукт значајно се редуцира.
9. Акција наместо теорија
Design Thinking се имплементира со цел да се случат големи нешта, наместо да останат на парче хартија. Креацијата на опипливи резултати (прототипи, готови решенија) се целта на оваа методологија.
10. Промените се неопходни
Иновациите, воведувањето на нови работни активности, лансирањето на нови продукти и сл., се промени во секојдневниот бизнис, додека брзата адаптација на промените ги разликува успешните бизниси од неуспешните.