ТОП 5 Design Thinking книги за 2023

Total
1
Shares

Имплементацијата на Design Thinking стана нашироко популарнa во последните неколку години. Неколку големи компании, како Nike, Apple, Airbnb итн, користат Design Thinking за да ги подобрат своите бизнис процеси. Не е ни чудо зошто се толку барани UI/UX дизајнерите во 2022 година. Доколку сакате да се запознаете и научите што е Design Thinking , можете да посетите Design Thinking обука/работилница или пак да изберете од списокот на најдобри книги за Design Thinking што ќе ви помогнат да ги разберете основните концепти.

Овие книги за Design Thinking ќе ви ја доближат подобро методологијата и ќе ве заинтригираат да ја започнете вашата Design Thinking авантура.

1. Design Thinking For Dummies, Christian Muller-Roterberg
Design Thinking for Dummies е одлична книга за поединци кои се приклучуваат кон тим, кој е ориентиран кон корисникот во рамките на нивната компанија. Таа е исто така одлична книга за Design Thinking за почетни и мали бизниси кои бараат можности и методи да го развијат својот бизнис и да успеат. 
Оваа книгата за Design Thinking опфаќа некои од следните концепти:

  • Како да се изгради креативна средина;
  • Усвојување на Design Thinking;
  • Спроведување решенија.

2. Writing is Designing, Michael J. Metts & Andy Welfle
Книгата првично е објавена на 14 јануари 2020 година. Авторите прават анализа на поврзаноста меѓу пишувањето и дизајнирањето. Сликовито прикажуваат за тоа како зборовите го прават софтверот повеќе фокусиран кон човекот и потребата од исто толку  време за размислување што оди во брендирање и кодирање.

Оваа можеби најдобра Design Thinking книга исто така ви покажува како да му дадете јасност на вашиот корисник, да тестирате зборови, како и подобро да соработувате со вашиот тимот. Целта е да ви прикаже дека пишувањето е впрочем дизајнирање.

3.
The Design Thinking Toolbox, Larry J. Leifer, Michael Lewrick & Patrick Link
(Водич за совладување на најпопуларните и највредните методи за иновација)

Книгата ги објаснува најважните алатки и методи за Design Thinking. Ако сте поединец вклучен во лидерство, иновации или дизајн, овие алатки ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини и знаења. Содржи стручни совети кои ќе ви помогнат да се запознаете со алатките, да ве научи како да ја изберете најсоодветната алатка, да планирате распоред за работилници, да стекнете корисни совети и многу повеќе. Исто така, им помага на иноваторите да ги совладаат раните фази на Design Thinking процесот.

4. Design Thinking for Training and Development, Sharon Boller
Книгата за тренинзи и развој им помага на читателите да се фокусираат на основните Design Thinking концепти и како тие можат да се користат за подобрување на корисничкото искуство. Оваа книга ви помага да стекнете нови перспективи и да развиете вештини за тестирање преку прототип процесите .


5. Designing Experiences, J. Robert Rossman & Mathew D. Duerden
Оваа Design Thinking книга е за тоа како живееме во свет кој сè повеќе се потпира на искуството. Компаниите кои обезбедуваат одлични кориснички искуства ќе напредуваат. Додека зборуваме за Design Thinking, нема шанси да не ја споменеме оваа книга бидејќи опфаќа многу неопходни теми за тоа со какви сè предизвици можат да се соочат организациите при спроведување на својата визија.
Книгата опфаќа неколку примери од реалниот свет и дава практични сознанија, што ја прави совршена и за професионалци и за поченици. 

Сите овие книги ќе ви помогнат и ќе ве насочат кон иновативни, креативни и продуктивни промени и ќе ве натераат побргу да донесувате одлуки. Ова се однесува и на професионално и на приватно поле. Токму затоа Design Thinking методологијата е посебна,  вештините стекнати со нејзино практицирани се корисни во сите сегменти од нашиот живот.

Книгите в раце, а 2023та нека се спреми за нови позитивни победи 😉

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

3 предлог книги за поттикнување на менаџерските вештини

Какви вештини треба да има еден успешен менаџер и како да ги развие тие вештини? Секој менаџер треба да поседува одреден сет на вештини и способности за да изврши специфични…
Прочитај

Книги кои ќе ја поттикнат Вашата креативност

Медиумот DesignThinking.mk сака да ве поттикне креативно да размислувате и воедно да бидете попрoдуктивни и мотивирани. Во таа насока ќе ви споделуваме едукативни книги исполнети со алатки, техники, мотивација и…
Прочитај