Интервју со Enroll – Победничката идеја на Startup Weekend Skopje 2022

Total
6
Shares

Неодамна Скопје повторно беше домаќин на глобалниот настан за млади претприемачи и иноватори – Startup Weekend. После 54 часа интензивна работа стручното жири составено од експерти во разни области ја избра победничката идеја. Оваа година, тоа беше идејата на петмината млади претприемачи Димитар Бежановски, Ненад Кајгана, Благоја Тодоровски, Ангела Јаневска и Галена Миленковска. Овие млади претприемачи го претставија решението за креирање на платформа која поефикасно ќе ги поврзе вработените во една голема компанија кои имаат слични интереси со колегите од други департмани. Нивната главна цел е да обезбедат подобро вмрежување на вработените во една компанија, а со самото тоа и градење на една подобра и поздрава компаниска култура.

Денеска се сретнавме со победничкиот тим да продискутираме за нивното искуство од Стартап Викенд Скопје како и да ги дознаеме нивните идни планови.

Пред сè, честитки за победата со желба за понатамошен успех! За почеток, дали би сакале да им се претставите на нашите читатели и да кажете нешто повеќе за вас?

Ви благодариме! Ние сме тимот Enroll. Студенти сме на факултетите ФИНКИ и ФЕИТ, а исто така и работиме во ИТ компании паралелно со факултетот. Нашата идеја е платформа за вмрежување на вработени во дадена компанија преку тим билдинзи и настани. Повеќето не се знаевме и спонтано се запознавме на startup weekend. Ние сме студенти што сакаат да креираат решенија за актуелни проблеми.

Нашите читатели би сакале да знаат нешто повеќе и околу самата идеја на Еnroll. Која е вашата мисија што сакате да ја постигнете?

Ние сакаме да го подобриме вмрежувањето во големите компании. Проблематично е кога имате колеги во други тимови и департмани па не ги знаете доволно. Нема погоден начин за добро да се запознаете со другите колеги освен ако некој од менаџмент не организира тим билдинг. Со Enroll, колегите ќе ги иницираат настаните. Ќе имаат определен буџет за настани кои можат да го користат и со тоа ќе можат да си организираат настани кога им одговара нив најдобро. Некој колега ќе сака да оди на paintball. Ќе креира настан на платформата и сите заинтересирани колеги ќе му се придружат. Со Enroll, сите работи поврзани со тим билдинзи и настани ќе се на едно место и ќе може многу лесно да се вмрежуваат колегите меѓу себе. Исто така компаниите ќе добијат попусти за местата каде што ќе се организираат тим билдинзи преку нашата платформа.

Која беше вашата инспирација да креирате една таква платформа? Дали можеби идејата е поттикната од ваше лично искуство?

Повеќето од нас сме се соочиле со проблем каде што не ги знаеме колегите од другите тимови или департмани. Работиме во иста компанија но сепак не се знаеме. Се случило со колеги од други тимови кои случајно сме ги запознале да имаме многу заеднички интереси. Навистина е штета да не се знаат колеги меѓусебе во иста компанија. Проблем е исто така бидејќи треба да се чека за некој од менаџмент да организира тим билдинг. Сите имаат различни интереси и тешко е да се погоди тематиката на тим билдингот да е компатибилно со сите колеги. Со Enroll сакаме да го решиме овој проблем. Тим билдингот ќе го иницираат колегите со креирање на на настан во платформата според своите интереси.

За време на настанот неуморно и фокусирано работевте на вашата идеја. Исто така несебично бевте поддржани и од менторите кои беа присутни таму. Колку всушност менторските сесии ви помогнаа во реализацијата на вашата идеја?

Почнавме со груба верзија од идејата која во текот на настанот ја додефиниравме. Менторските сесии беа доста клучни за да се прецизира идејата, особено кај бизнис моделот. Сите ментори беа експерти во својата област.

Кој беше вашиот мотив да се пријавите на еден ваков настан и какви искуства носите со себе сега откако помина сè?

Стартап настани се секогаш интересни. Имате можност да развиете бизнис идеја. И побитно, имате можност да запознаете луѓе кои имаат исти цели како вас. На настани како стартап викенд ќе стекнете нови пријателства и ќе сретнете луѓе со кои ќе соработувате со години. Ние сме многу задоволни од настанот се здобивме со нови знаења, пријателства и искуства.

Дали повторно би се пријавиле на настанот со нова идеја и дали би го препорачале на вашите пријатели?

Настанот е одлична можност за развивање на идеи, би се пријавиле пак доколку имаме нова идеја. Но, сепак главниот фокус ќе е развивање на Enroll. Настанот секако дека ќе го препорачаме на пријателите. Сметаме дека е супер можност.

Што може да очекуваме од тимот на Enroll во блиска иднина? Кои се вашите следни чекори после победата на Startup Weekend Skopje?

Во моментот сме во фаза на развивање на MVP кое ќе ги има иницијалните функционалности на нашата платформа. Ќе споделиме на социјални медиуми кога ќе имаме спремен MVP. Очекувајте нешто интересно наскоро!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај