ТОП 10 Design Thinking трендови за 2022

Total
29
Shares

2021 година беше голема година, полна со подеми и падови кои драматично ги променија потребите на потрошувачите и начинот на кој сите работиме. Ако тоа ве остави да се прашувате како целата оваа промена ќе влијае на светот на дизајнерските трендови, во продолжени следуваат некои одговори!

Динамика: Движењата го привлекуваат погледот, па затоа гифот секогаш ќе биде попопуларен на интернет отколку класичната фотографија. Новите платформи се посветуваат повеќе на видеата, а со тоа и нивниот интерес сè повеќе расте. 

Енергија: Помина времето на пристапот „помалку е повеќе“ со класични форми и бои. Откако луѓето ја искусија пандемијата, тие сè повеќе прифаќаат колорити и иновативни елементи во најразлични дигитални облици. 

Меѓународен вкус: Толку многу од секојдневната работа и живот се пресели на интернет, што ги отвори вратите за соработки од целиот свет. Ова ќе му даде на дизајнот многу посветски и разнолик вкус во оваа година.

Еклектицизам во дизајнот: Искуството на сите за пандемијата беше различно. Некои ќе најдат привлечност во носталгијата, додека други ја слават слободата и животот. Нашите искуства се тие кои ќе го обликуваат дизајнот во претстојниот период.

Преродба од 1990-тите: Честопати, она што било старо повторно станува ново. Ова е едно од тие времиња. Очекувајте да видите реконструкција на дизајнот од 1990-тите, вклучувајќи светли бои и заоблени рабови.

Поголемото е подобро: Максимализмот е во пораст бидејќи годините на рационализирање и минимализмот се позади нас.

Промена на типографијата: Како што се менуваат другите елементи на дизајнот, така се менува и типографијата. Сите се подготвени за повеќе и нешто посветло, што се покажува во типографијата и новиот тренд на видеа.

Партнерства: Очекувајте да видите повеќе брендови кои користат соработки и партнерства за да допрат до нова публика. Ова е експанзија на долго тестирана идеја, а која ја гледаме од неодамна кај инфлуенсерите.

Go Green: Луѓето сакаат да ги поддржат компаниите кои имаат зелени иницијативи. Но, бидете внимателни, без еколошка акција, може да изгледате како измамник.

Бидете реални: Искреноста ќе биде ценета оваа година. Луѓето ќе го бараат она што е ново, свежо и реално.

Бизнисите кои успеваат во моментов  ги ставаат потребите и желбите на потрошувачите во сржта на она што го работат. Врвните компании користат Design Thinking  за да поттикнат иновации кај нивните производи, услуги и маркетинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

Позитивните страни од интеракцијата помеѓу АI трендовите

Во денешниот свет на брзо темпо, вештачката интелигенција (AI), маркетинг технологиите и одржливоста се длабоко меѓусебно поврзани, обликувајќи ја иднината на бизнисот и отворајќи го патот за иновативни решенија. Оваа…
Прочитај

Навигирајте ја 2024та со Design Thinking: Нови почетоци во секој аспект од животот

Додека стоиме на прагот на 2024 година, годината е исполнета со неизвесности, авантури и можности. Среде овие предизвици, моќта на Design Thinking нè наведува да му пристапиме на секој ден…
Прочитај

Која е поврзаноста на Design Thinking со одржливиот начин на живот?

Во свет кој се соочува со невидени еколошки предизвици, повикот за иновативни решенија никогаш не бил поалармантен. Design Thinking се појавува како надеж во оваа потрага по одржливост, а тоа…
Прочитај

Design Thinking и вештачката интелигенција: Дали е ова спој излезен од рајот?

„Предвидувањето на иднината не е магија, тоа е вештачка интелигенција“. – Дејв Вотерс Design Thinking и вештачката интелигенција се меѓусебно поврзани на неколку начини, а нивната комбинација може да донесе…
Прочитај