Македонски иноватори освоија награда на балканскиот Techstars Startup Weekend во Тирана

Total
1
Shares

Тимовите беа водени од 35 интернационални ментори, експерти во осум различни индустрии. Организатор на настанот беше Центарот за иновации Oficina од Тирана.

Techstars Startup Weekend е 54 часовен настан кој ги презивикува претприемачите, иноваторите, стартап ентузијатите и креативците, тимски да дојдат од идеја до комплетно бизнис решение за само еден викенд. 

Овој пат, предизвикот вклучуваше решавање на значајни проблеми кои го засегаат целиот регион. Фокусот беше ставен на 8 индустрии и тоа: енергетика, туризам, агритехнологија, е-бизнис, сајбер безбедност, крипто, дигитални финансии и телекомуникации.  

Агенцијата за стратешки дизајн и иновации Solveo од Скопје, учествуваше на настанот со двајца ментори и тим од четворица иноватори со експертиза во различни области.
The Solvers – како што се нарекуваат, освоија една од петте вредни награди обезбедени од спонзорите. Тие се претставија со идејата наречена Teglly – паметни очила наменети за навигација во природата. 

Прочитајте го интервјуто кои Design Thinking го направи со нив:

Честитки до тимот на Teglly за успехот на Стартап викендот во Тирана! За почеток, ајде претставете ни ги членовите од кој е составен тимот.

Александар Мицев: Ви благодариме од срце. 

Ние сме дел од The Solvers – мултидисциплинарен тим на Солвео создаден да им помага на компаниите да иновираат и да откриваат нови деловни можности. Меѓудругото, ние сме организатори на Стартап викенд Скопје веќе четири години по ред. 

Но, овој пат, Стефан Деспотовски, Елена Зисовска, Никола Вучковиќ и јас, решивме да тргнеме во една поинаква авантура: првиот регионален Стартап викенд со конкуренција од шест балкански земји. Стефан ја имаше идејата за Teglly, а ние безрезервно ја поддржавме со целата наша енергија и знаење. 

 

Од каде дојдовте до првичната идеја? Каков проблем решавате и  која е уникатноста на вашиот иновативен продукт? Како тој се развиваше за време на 54 часовниот настан?

Стефан Деспотовски:  Како тим кој се состои од рекреативни спортисти, идејата ја добивме од сопствени искуства, но и поучени од искуствата на нашата заедница.

 Сите љубители на природата барем еднаш се нашле во опасна ситуација, да се загубат на непознат терен поради слаба интернет мрежа или потрошена батерија на телефонот и да останат без можност да побараат помош.

За да го решиме овој живото-загрозувачки проблем ние дизајниравме паметни очила за навигација кој би им овозможиле на поголем број на луѓе да уживаат во природа на практичен и безбеден начин. Очилата ќе имаат уникатни караткеристики како офлајн мапи, копче за алармирање во итни случаеви, нотификации за должината на денот или шансите за дожд и слично. Меѓудругото, со Teggly сакаме да придонесеме за развој на активниот туризам на Балканот. 

Благодарение на тимскиот дух и посветената работа, како и на советите од менторите кои ги запознавме во Тирана, успаевме оваа “луда” идеја да ја претвориме во реален бизнис план, за помалку од три дена. За наше пријатно изненадување, во првите 12 часа откако ја презентиравме пред јавноста, добивме повик за разговор околу потенцијално финансирање.

Која е предноста на ваков тип на настани? Какви импресии и искуства понесовте од Тирана?

Никола Вучковиќ: Стартап викенд е најдоброто место за запознавање со млади иноватори, потенцијални ко-основачи и инвеститори. Навистина ни е драго што имавме прилика да учествувавме на првото регионално издание каде разменивме искуства со истомисленици од целиот Балкан и работевме заедно на иновативни решенија за проблеми кои не’ засегаат сите нас. 

Кој беше вашиот мотив да се пријавите на SWB и што би им препорачале на оние кои се двоумат да земат учество на стартап настани? Како би ги охрабриле?

Елена Зисовска: Стартап викенд е неповторливо искуство за сите учесници. Настанот нуди многу забава, дружење и учење преку практичната работа. Тие 54 часа се толку интензивни, што имаат моќ да го сменат начинот на кој размислуваме и делуваме. Топло им препорачуваме на сите млади луѓе барем еднаш да се пријават на Techstars Startup Weekend. Не е задолжително да се настапи со иновативна идеја, може да учествува секој што сака да ги развие своите комуникациски и бизнис вештини, бидејќи тимотите се формираат на самиот настан. 

Што планира тимот на Teglly во блиска иднина? Кои се следните чекори?

Стефан Деспотовски: Тимот на Teglly планира да продолжи со реализација на бизнис планот. Имено, преку инкубаторската програма која ја добивме како награда на Стартап викенд Балканс, сакаме да го развиеме продуктот и да создадеме физички прототип. Потоа, ќе можеме да ги претставиме очилата пред потенцијални инвеститори со надеж дека ќе добиеме финансии и конечно, идејата за Teglly да стане реалност. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јовановски од EU House Skopje: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јовановски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај