ИНТЕРВЈУ со Ристе Тутурески од INTETIC: „Од пасија за игри до сопствено Gaming Studio”

Total
8
Shares

Пасијата кон видео игри го довела Ристе Тутурески до остварување на еден сон, да поседува Gaming Studio. Денес тој креира игри за другите и соработува со најдобрите во оваа област. За неговата приказна и Intetic прочитајте во продолжение…

Ристе, како основач на Intetic, една од ретките Game Development studios во нашата држава, може ли на кусо да ни ја кажете приказната за почетоците и што Ве инспирирало да го основате Intetic?

Intetic како Gaming Studio, се роди како последица на пасија. Пасијата за Gaming, авантуристичките и мистериозните приказни, SciFi елементите во приказните, решавање на загатки, а од друга страна пасијата во IT и development, природно ги спои сите овие елементи и се создаде Intetic. Инспирацијата секако прво доаѓа од тоа што сакате да бидете креатор и придонесувач во општеството, да креирате нешто што ќе има некаква вредност (не зборувам за материјална, зборувам за интелектуална вредност), некаков бренд, нешто што ќе ве претставува вас кон надворешниот свет, но во исто време ќе ја претставува нацијата и државата. Со една реченица, да се покаже дека и од тука излегува светски квалитет.


Почетокот на Intetic е во моментот кога се одлучив, приказна која ја имав во глава подолго време, наместо да ја предадам на некој кој би напишал книга или можеби некој кој би направил филм/претстава, да ја реализирам преку видео игра. Така се роди играта “The Strange Story Of Brian Fisher”, која во 2020 дебитираше со Чаптер 1 за PC (Microsoft Store), Xbox One, XboxSeries X|S, Steam, а во 2021 извадивме демо верзија од Чаптер 2 на истите платформи (бесплатна верзија) и се надевам наскоро ќе ја извадиме целата верзија од Чаптер 2 од вкупно 4 планирани. Во овој момент се адаптира играта и за на PlayStation 4/5.

Знаеме дека креирањето на видео игри е многу комплексно и скапо, но и дека исто така се соочува со голема конкуренција на светско ниво. Кои карактеристики ги издвојува Intetic како Indie Game Studio во однос на други светски Indie Game Studios?

Да, конкуренцијата не само што е голема, туку и самата Gaming индустрија не во многу добра фаза, поточно речено личи по малку хаотична. Се надевам во следните години тоа ќе се промени. Со сите бесплатни алатки за креирање на игри кои се достапни на секого, квалитетот на игрите опаѓа, а расте квантитетот. Од една страна тоа е добро, квалитетните игри имаат шанса да испливаат на погорните нивоа, но претежно има негативен ефект, т.е. поради обемниот број на игри, квалитетните игри страдаат да не бидат пронајдени/изиграни од публиката колку и да се вложува во маркетинг.

Она на што ние сме насочени е сите сегменти да ги направиме како што треба. Почнувајќи од самата приказна за играта да биде нешто што ќе ја заинтересира публиката, изработката на играта да биде на квалитетно ниво од секој аспект, т.е. да биде многу блиска со графика и механики како познатите AAA наслови, да направиме убав спој помеѓу самата приказна и gameplay-от, играта да биде забавна и нормално да бидеме иновативни. Нашата иновација во играта е тоа што имплементиравме рандомизација. Секој пат кога ќе се притисне New Game, сите предмети што треба да ги пронајдете во играта се позиционираат на рандом место, и загатките се генерираат со рандом бројки, букви, комбинации. Со тоа, секој играч во светот, дури и еден ист играч ако сака да ја игра играта уште еднаш, позициите за предметите и комбинациите за загатките ќе бидат рандом генерирани. Во иднина, рандомизацијата сакаме да биде уште поголема, т.е. за секој играч дури да се зема рандом загатки и предмети од некој голем pool на загатки. Со тоа, бројот, редоследот и типот на тоа што треба да го решавате во играта ќе бидат различни секој пат кога ќе се притисне New Game. Се надеваме дека оваа иновативност ќе биде позитивно прифатена со оглед на тоа што не постои такво нешто до сега.
Во однос на колку е комплексно и скапо, секако дека тоа е многу точно. Но затоа мора да соработувате и да си помагате и со други гејминг студиа и индивидуалци, што ние го правиме тоа. Голема благодарност до KAMAi MEDIA – компанија со прекрасни луѓе, вистински професионалци, со многу поголемо и подолгогодишно искуство од Intetic во Gaming индустријата, која за Чаптер 2 ни помага неприкосновено како вистински партнер да го достигнеме сонот.

Во нашата држава има навистина одлични индивидуалци и Gaming компании кои да бидам искрен, мора нешто да се направи и во Македонија, а и во светот, да слушнат за нив. Навистина квалитетни, а не потпомогнати за да им се направи патот во Gaming Development полесен.

Вашата мисија е да останете независни и да продолжите да создавате свои игри. Може ли подетално да ни објасните разликата помеѓу независно и зависно game development studio?

Нашата идеја е ние да во исто време бидеме развивачи на играта, и да бидеме издавачи на играта. Се до тој момент сте независни. Во моментот кога ова ќе се прекрши, веќе станувате зависни. Тука не спаѓа моментот на соработка со други студиjа и индивидуалци, тоа секако мора да го правите ако сакате да успеете.

На Вашата веб страна кажувате за важноста на слушањето и моќта на вашите корисници и како пробувате да ги инкорпорирате нивните мислења и идеи во вашите игри. Дали сте имале моменти каде што Вашите корисници влијаеле кон тотална промена на Вашиот продукт?

Не само моменти, туку тоа се случува постојано. Од самиот почеток, нашите игри се менуваат, т.е. се подобруваат, се додаваат нови работи, се менуваат постоечки, во зависност од повратните информации од самата публика, без разлика во која фаза е изработката на играта. Искуството со Чаптер 1 беше такво што, играта претрпи најмногу подобрувања еден месец пред да излезе на пазарот (тука ги гледавме повратните информации од публиката која беше вклучена во тестирањето на играта, и публиката која не беше вклучена во тестирањето, но даваа мислења и идеи што сакаат да видат во играта), и две-три недели после излегувањето на пазарот (ги читавме сите критики на gaming магазините, и ги гледавме сите видеа што излегуваа на YouTube платформата, па во зависност на критиките и предлозите, правевме измени и подобрувања кои ги вадевме секои два-три дена после првото излегување на пазарот).

Едно од најинтереснити работи што ги прочитав за Вас е Вашето правило: “Change Role Rule: If you don’t know what actions you need to take or not to take to hurt someone, јust for the moment change the roles with that person. It’s the same with your employees”мислам дека ова правило треба сите бизниси сопственици да го следат, можете ли подетално да ја објасните оваа фраза преку конкретен пример кој сте го имплеметирале?

Мојата појдовна точка во животот, без разлика на кое поле (приватно или професионално), е дека не треба да постапуваш или да бараш нешто од некого, ако не би сакале така да се постапува со вас или да се бара нешто од вас. И навистина е толку едноставно, кога треба да донесете одлука, само заменете ги местата и видете како вие ќе се чувствувате, па веднаш ќе знаете како да постапите.

Ова правило е секојдневие во мојата компанија. Генерално, јас кога работев во други компании, сакав во нив да се чувствувам како дома, да имам слобода, да не ми ги бројат паузите, да не ми скратат од плата ако задоцнам 5 мин., да не ме казнат ако згрешам, туку да реагираат и на тоа со позитива и да ми помогнат за нареден пат да биде како што треба, да не ми вршат мобинг, да не ме омаловажуваат, да ме ценат еднакво без разлика од каде сум, дали сум почетник или сум со големо долгогодишно искуство, да ми дадат шанса за напредок, да не ме гледаат како ресурс, туку како DNA од компанијата, итн. Со една реченица, работата да ми биде уживање и составен дел од животот, а не да ми биде тежина. Сега, кога јас имам своја компанија, на сите вработени им го овозможувам сето она што јас сум сакал да најдам во компанијата, т.е. секојдневно го користам Change Role Rule.

Кога вработувате нови вработени кои нивни карактеристики и вештини ви влијаат најмногу при одлучувањето?

Пред се треба да е човек кој ќе се вклопи во таа наша култура, човек кој има способност да напредува и да се надоградува цело време, човек со професионален пристап, човек кој ќе ја сака и ќе придонесува за компанијата како да е негова, човек кој ќе размислува лидерски, не менаџерски. Тоа значи се што наведов претходно, да не му/ѝ смета, да не го злоупотребува и најважно од се, да го подобрува и надградува. Ако не е човек кој ќе се вклопи во сето тоа, не е важно колку е технички спремен.

Дали користите одредена методологија и алатки за обука на вашите вработени?

Обуката или напредувањето на вработените започнува од прв ден кога се вработуваат. Започнува од секојдневното работење во тимски дух (меѓусебно помагање без разлика на нивото на знаење и искуство), споделуваат знаења, технички и soft skills разговори, неделни workshop-ови, курсеви, сертификати.

Што би издвоиле како порака односно рецепт за реализација на една индивидуа на професионално поле, како и на една компанија?

Луѓето да се насочат кон лидерско размислување. Тоа значи да имаат визија, да имаат цел, да имаат стратегија како да стигнат до таа цел. Да бидат испирација и мотивација на другите, да имаат храброст, да носат решенија, да носат одлуки. Да ги сослушуваат другите и да поставуваат прашања, да не веруваат во “Невозможно е”. И најважно нешто, да реагираат со позитивна намера (Positive Intent) и во најтешките ситуации. Но пред сето тоа, треба да се свртат кон себе, нешто што се нарекува Leading Yourself. Пред се, треба да научат како да бидат лидери кон себе, па потоа да бидат лидери кон другите.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Ruzica Filiposka - HR Magnetik

Интервју со Ружица Филипоска од Магнетик: “Го запознав мојот тим со Design Thinking и до ден денес го применуваме активно!”

  Оваа недела седнавме да поразговараме со HR менаџерот во модната групација Магнетик – Ружица Филипоска. Ни раскажа како се запознала со Design Thinking методологијата, како ја вовела да се…
Прочитај
Jane Pavlevski - A1

Интервју со Јане Плавевски од А1 Македонија “Компанијата која на корисниците ќе им понуди реални решенија за нивните потреби, секогаш ќе расте.”

Една од најголемите компании за телекомуникација во нашата земја – А1 Македонија активно ја применува Design Thinking методологијата во своето секојдневно работење. Поттикнати од придобивките решија да им дадат вистинска…
Прочитај

Интервју со Розита Т. Христовска: “Design Thinking е алатка која се користи на професионален и на личен план!”

Eдни од првите кои имаа прилика да ги искусат виртуелните Design Thinking работилници се EU House и нивниот виртуелен настан на кој 30-тина млади креираа решенија за идеалното училиште од…
Прочитај
DesignThinking - Lela

Интервју со Лела од Innothink: “Design Thinking се стреми за подобрување на иднина и се обидува да креира идеи кои ќе дадат решенија на секојдневните предизвици”

Денес ќе разговараме со Лела Анастасова, сертифициран Design Thinking тренер и инструктор во Innothink. Работи како Design Thinking инструктор веќе неколку години има работено по оваа методологија од деца, средношколци…
Прочитај

Интервју со Доц. Д-р Кате Трајкова: Design Thinking методологијата е алатка која има исклучителна вредност и треба да ја совладаат сите наставници и универзитетски професори

Доц. Д-р Кате Трајкова е професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Неодамна се запозна и започна да ја применува Design Thinking методологијата. Од интервјуто ќе дознаете како е да се…
Прочитај

Игор Јованоски од Europa House Скопје: “2022 е европска година на младите и клучен момент да се продолжи напред”

Игор Јованоски e дел од тимот на Europe House Скопје како постар менаџер за мрежи и помош на Европска Унија. Неговото богато портфолио и искуство секојдневно допринесува за иднината и…
Прочитај