Тајниот рецепт за успех на Илон Маск

Total
1
Shares

Еден од најпознатите претприемачи во светот, милијардер и бизнисмен од листата на 100 највлијателни луѓе во светот- Илон Маск, има неверојатна бизнис и животна приказна.

Тој е основач, извршен директор и главен инженер во SpaceX; извршен директор и архитект на производот на Tesla, Inc; основач на The Boring Company, PayPal; и ко-основач на Neuralink и OpenAI. Маск е еден од најбогатите луѓе во светот и еден од најиновативните сериски претприемачи во светот. Првиот компјутер го купил на 10-годишна возраст и го продал својот прв комерцијален софтвер на 12-годишна возраст. Неговата пасија е комерцијализација на иновациите во три подрачја: интернетот, вселената и чистата енергија.

Која е тајната на успехот на Илон Маск?

Зад оваа успешна приказна се кријат неколку тајни рецепти кои ги откриваме тука:

  •   Сакај ја својата работа

Во својата богата претприемачка кариера, Илон Маск се соочува со многу падови и неуспеси. Неговата пасија кон работата, иновациите и упорноста да ги оствари своите соништа го одржуваат на патот на успехот. Кога го сакате она што го работите, целата енергија се насочува кон отстранување на препреките и раст на бизнисот кој несомнено се соочува секогаш со предизвици и падови.

  •   Преземај ризици

Елон препорачува да ризикувате кога сте уште млади бидејќи обврските само се зголемуваат со текот на времето.

„Откако ќе имате семејство, станува многу потешко да се вложува во работи што можеби нема да успеат.”

Поголемите ризици во бизнисот, како што се оние потребни за да се создаде нова пазарна ниша, носат потенцијал за големи успеси и остварувања.

  •   Изберете да работите нешто значајно

Успехот и задоволството од вашата работа не се состојат само во заработката.

Илон на негова 27-годишна возраст беше повеќе од финансиски поткован, но тој продолжи да работи напорно бидејќи ја препознава важноста на неговата работа и попатно го менува светот во тој процес. Тој препорачува секому да биде смел во работата и да избере да направи нешто значајно. Работата на важни проекти не само што може да ви донесе големи финансиски награди, туку може да обезбеди и задоволство што доаѓа со знаењето дека го менувате светот на подобро.

 Еден интересен факт е што Илон ги гради компонентите на секој софтвер- сам. Ова го прави според неговиот принцип на „расудување според основните принципи“. Неговата теорија е дека генерално, процесот на размислување на луѓето е премногу конвенционален или е во аналогија со претходните искуства. Ретко кога луѓето се обидуваат да го базираат нивното мислење врз основа на основните принципи, туку едноставно ги прават работите и формираат мислења по традиција, така како што секогаш било. Новитетите не се пожелни премногу бидејќи владее мислењето дека  „никој никогаш не го сторил тоа, па затоа нема да биде добро“.

За сите оние што се стремат кон градење на поубав свет за живеење, а притоа сакаат да уживаат во својата успешна кариера, Илон Маск е можеби најинспиративната личност на денешницата, чии совети треба внимателно да се следат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да…
Прочитај

Позитивните страни од интеракцијата помеѓу АI трендовите

Во денешниот свет на брзо темпо, вештачката интелигенција (AI), маркетинг технологиите и одржливоста се длабоко меѓусебно поврзани, обликувајќи ја иднината на бизнисот и отворајќи го патот за иновативни решенија. Оваа…
Прочитај

Навигирајте ја 2024та со Design Thinking: Нови почетоци во секој аспект од животот

Додека стоиме на прагот на 2024 година, годината е исполнета со неизвесности, авантури и можности. Среде овие предизвици, моќта на Design Thinking нè наведува да му пристапиме на секој ден…
Прочитај

Која е поврзаноста на Design Thinking со одржливиот начин на живот?

Во свет кој се соочува со невидени еколошки предизвици, повикот за иновативни решенија никогаш не бил поалармантен. Design Thinking се појавува како надеж во оваа потрага по одржливост, а тоа…
Прочитај

Design Thinking и вештачката интелигенција: Дали е ова спој излезен од рајот?

„Предвидувањето на иднината не е магија, тоа е вештачка интелигенција“. – Дејв Вотерс Design Thinking и вештачката интелигенција се меѓусебно поврзани на неколку начини, а нивната комбинација може да донесе…
Прочитај