Како да ги подобрите Вашите комуникациски вештини?

Total
1
Shares

Комуникацијата е чин на пренесување на информации, по вербален (говорен), писмен (печатени или дигитални медиуми, книги, списанија, веб-страници или е-пошта), визуелен (логоа, слики) или невербален пат (говор на тело, гестови и тон на глас). Во праксата, комуникацијата е често комбинација на вербални и невербални знаци со цел да се испрати одредена порака. За да ја испратиме замислената порака на разбирлив начин, потребни ни се комуникациски вештини.

Совладувањето на комуникациските вештини може да потрае цел живот. Сепак, постојат многу работи што можете да ги направите прилично лесно со цел да ги подобрите вашите комуникациски вештини и ефикасно да пренесувате и примате информации.

Според Design Thinking методологијата, запознавањето на таргет персоната или во овој случај соговорникот, е од огромно значење. Начинот на комуникација се адаптира според соговорникот односно публиката на која се обраќаме. Приказните кои ги создаваме во врска со нашите идеи, предлози и мислења треба да бидат разбирливи за оној на кој се обраќаме. Со развивање на емпатијата, можете да размислите за тоа како би сакале да разговараат или што би сакале да зборуваат или прават другите луѓе.

 

За да знаеме како да комуницираме, најпрвин мора да слушаме. Или според зборовите на Лери Кинг, “Нештата кои ќе ги кажам денес нема да ме научат ништо ново. Затоа, ако сакам да научам и разберам, мора да слушам.” Активното слушање на мислењата и прашањата на оние со кои комуницираме е неопходно.

Од тука започнува и процесот Design Thinking. Од активното слушање.

Слушањето е една од најважните вештини која има големо влијание врз вашата работа и квалитетот на односите со другите луѓе. Веројатно секој мисли дека знае активно да слуша и да разбере што чул, но Едгар Дејл во неговата теорија “Cone of Experience” тврди дека луѓето паметат само 25-50% од она што го чуле. Тоа објаснува многу за тоа како лесно се пропуштаат важните информации во комуникацијата, бидејќи сметаме дека истите се наоѓаат во 25-50% од она што сме го чуле.

Контролирањето на емоциите и самосвесноста значително влијаат на комуникацијата.

На пример, ако сте навистина среќни за нешто, можеби ќе се согласите да правите работи што во нормални околности не би се согласиле да ги направите. Од друга страна, ако сте лути или нервозни, може да кажете нешто лошо само заради тоа што сте во лошо расположение. Преку разбирање и прифаќање на сопствените чувства, ќе се обидете да не дозволите тие да ве спречуваат во успешната комуникација.

На крајот, зошто е важно да ги подобриме комуникациските вештини? Бидејќи луѓето со добри комуникациски вештини се оние кои носат решенија, поттикнуваат промени, мотивираат и ги инспирираат колегите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like
Virtuelen Design Thinking team buidling

Моќта на Виртуелниот Design Thinking тим билдинг води до ефикасни и сплотени тимови

Многумина од нас се се уште дел од тимовите кои се моментално одвоени, можеби само локациски, но можеби и со различни временски зони. Без оглед каде е вашиот тим, градењето…
Прочитај
design thinking mk

Ефективна комбинација на Design Thinking и Agile во пракса

Design thinking е кориснички ориентиран пристап за креативно решавање на проблеми. Произлегува од начинот на размислување на дизајнерите, а може да го аплицира секоj поединец или бизнис. Agile е итеративен…
Прочитај
Work from home `

5 корисни совети како со Design Thinking да си го олесните работењето од дома

Работата од дома е еден од предизвиците со кој светот се соочува во време на пандемија. За недостатоци на работењето од дома се сметаат: недостаток на комуникација, осаменост, дефокусираност, намалена…
Прочитај

Петте чекoри на Design Thinking

Design Thinking методологијата е еден вид на упатство, кое води до подобри решенија за пократко време. Во зборовите на Давид Келеј, таткото на Design Thinking: Главната цел на методологијата е…
Прочитај
positivni promeni so desing thinking

Со Design Thinking до позитивни промени

Design thinking е пристап кој се користи за креативно решавање на комплексни проблеми. Па оттука следи прашањето “како да го примениме и за воведување на позитивни промени?” Промените се неопходен…
Прочитај