Како со помош на Design Thinking да го испланирате вашиот одмор?

Total
15
Shares

Планирањето на работите станува многу потешко кога се вклучени повеќе луѓе. Повеќето семејство и поголеми друштва соочуваат со таков проблем кога планираат да патуваат, особено на подалечни дестинации. Секој има особени желби и потреби. За да си помогнете, олесните и избегнете конфликтни и сресни ситуации, применете Design Thinking  во вашиот процес на планирање.

СТАРТ

Сите правиме истражување за тоа што сакаме да направиме и видиме во нашиот најчесто 10 дневен престој. Потоа подгответе се за вашата „забава за планирање“. Направете го овој момент забавен ритуал како дел од вашите патувања и понатаму. Разгледајте што забележал секој, ќе забележите дека секој има своја идеја за тоа како би изгледало патувањето. Ќе отворите многу искусии и воедно ќе добиете и други перспективи од вашата, а од сето тоа сигурно ќе излезе една незаборавна авантаура.

ЕМПАТИЈА

Започнете со првиот чекор од Design Thinking процесот -емпатија, наведувајќи сè што секоја личност сака да направи или види, запишано на самолепливо ливче и залепено на ѕидот во просторијата каде се наоѓате . Ова ќе ви овозможи да ги консолидирате вашите истражувања и да ги идентификувате заедничките планови. Потоа обидете се да создадете првична маршута што ќе ги задоволи желбите на сите. Не е изненадување доколку не успеете.

ДЕФИНИРАЊЕ ПРОБЛЕМ

Патувањето треба да го направиме што е можно попријатно за секој од нас, сè додека успеваме да вклопиме сè во нашиот буџет и временска рамка. За да се постигне тоа, на сите треба да им биде дадена шанса да зборуваат малку за тоа што истражиле, така што секој ќе има јасна идеја за секоја активност.

КРЕИРАЊЕ ИДЕЈА

Врз основа на она што го споделил секој, сега се обидувме да смислиме начини да ги задоволиме сите. Некои можеби ќе сакаат да додадете повеќе денови, други ќе сакаат да останат на некое помирно место подолго и слично. Најбитно е да им се даде приоритет и на индивидуалните активности, па секој ќе успее на заедничкиот одмор да има и малку простор за себе и своите желби и нема да се почуствува занемарен.

ПРОТОТИП

Во овој момент ќе имате повеќе различни патувања, односно приоритетите на сите. Прелистувајте ги активности повторно, можеби ќе направите промени во временските слотови, ќе додадете екстра време за нешто,а од друго пак ќе одземете. Ќе направите неколку варијанти додека го вклопите сето тоа во распоредот и успешно да пронајдете маршута од која сите ќе бидат задоволни.

ТЕСТ

Првиот дел од тестирањето ге го изведете  раскажувајќи го планот како ќе се одвива вашето патување. Можеби додека наративно го поминувате патувањето, попатно ќе добиете и плус идеи или пак нешто ќе ви се чини нелогично, па ќе треба да се реорганизирате.

Додека вториот дел од тестирањето е самото патување 😉

Преку овој забавен начин на планирање, ќе увидите колку Design Thinking е моќна алатка што може да помогне во многу ситуации, а не само при деловните активности. Тоа е нешто што секој може да го научи и примени во својот живот.

Кај Design Thinking, важно е да се земе в предвид со какви предизвици се соочува корисникот, односно во овој случај, членовите на едно семејство или пак друштво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Преку Design Thinking чекорите до совршен новогодишен подарок

Изборот на подарок навистина може да биде тежок. Ние ви подготвивме мал водич како да купите незаборавни подароци применувајќи го Design Thinking пристапот… Пристигнаа најпрекрасните, но често за некои и…
Прочитај

Вистински кориснички приказни

Корисничка приказна е лесен метод за брзо разбирање на прашањата: „кој“, „што“ и „зошто“ во поглед на побарувачката на продуктот. Со други зборови, корисничките приказни се идеи и барања што…
Прочитај

Десет документарни филмови кои поттикнуваат креативност

Креативноста е заразна, пренесете ја на другите! – Алберт Ајнштајн Креативноста не е вродена вештина, туку вештина која ја поттикнуваме, негуваме и развиваме со постојано создавање и креирање. Затоа, наместо…
Прочитај