Изборот на подарок навистина може да биде тежок. Ние ви подготвивме мал водич како да купите незаборавни подароци применувајќи го Design Thinking пристапот…
Пристигнаа најпрекрасните, но често за некои и стресните денови од годината. Задачата за избор на подароци за најблиските, роднините, пријатели, како и подарок за Secret Santa за помалку познат колега, може да претставува вистинска обврска и „проблем“. За оваа празнична задача, ќе го користиме Design Thinking процесот кој е фокусиран кон корисникот.
Што подразбира еден процес кој насочен кон корисникот?
Design Thinking пристапот е рамка создадена за да помогне во справувањето кај оние кои се познати како прeдизвикувачи на проблеми. Таму одговорот останува недефиниран, сложен и постојано се менува. Ова убаво ја сумира новогодишната шопинг листа на многумина од нас.
Во реалноста, пристапите насочени кон корисниците се користат од страна на претприемачите, бизнисите и владите ширум светот за да креираат продукти и услуги кои се приближуваат до потребите на корисниците за на крајот да ги задоволат нивните потреби.
Во овој блог ви го прикажуваме Design Thinking процесот преку избор на подароци за кои се надеваме дека ќе го воодушеват израдуваат многумина овој празничен период.
#1 Емпатија: Спроведете истражување за да го разберете вашиот корисник
Ова е можност да дознаете што чувствува примателот на подарокот (корисникот), неговите стравови, болки и што тој сака. За да го направите ова, ќе треба да спроведете некое корисничко истражување.
Опција 1 – Интервју:
Доколку го поставите класичното прашање „Што посакуваш за Нова Година оваа година?“, ќе го уништите елементот на изненадување и целокупното корисничко искуство. Можеби ќе треба да бидете подискретни со тоа што ќе започнете разговори со вашиот примач во обид да ги откриете неговите непознати интереси или да ги отстраните сите случајни навестувања. Поставувајте истражувачки прашања за да ги разберете нивните предизвици и мотивации за да ви помогнат полесно да ги разберете нивните потреби.
Опција 2 – Директно набљудување:
Ова може да биде тешко ако послабо ги познавате личностите кои треба да ги дарувате или пак имате куси и минливи интеракции. Ако се работи за Secret Santa, следењето на колегата низ канцеларијата и набљудувањето додека го прават утринското кафе, веројатно нема да биде плоден потфат и може да оставите чуден впечаток. Наместо тоа, стапете во контакт со некој од нивните поблиски колеги за да ви дадат насоки за нивните интереси надвор од работа. Кога ќе го добијат подарокот, тие ќе бидат оставени да размислуваат „од каде знаеле?
#2 Дефинираjте проблем: Комбинирајте го вашето истражување за да откриете кои се предизвиците со кои се соочува вашиот корисник
Се надеваме дека вашето истражување ви помогна да разберете повеќе за проблемите и потребите на оној кого го дарувате. Сега е време да размислиме што понатаму, што да избереме. Дали е тоа ќе биде практичен или смешен подарок што носи радост, буди топли спомени или пак ќе реши одреден проблем? Овој процес треба да се заснова на спојување на сите собрани квалитативни и квантитативни податоци. Овде веројатно е најдобро да ги намалите претензиите кон одредена област, на пример храна и пијалоци, гаџет или корисничко искуство. Исто така, во оваа фаза е важно да размислите како ќе го претставите подарокот и пораката што ќе ја напишете на картичката за што поперсонализирано корисничко искуство до крај.
#3 Идеација: Генерирајте низа луди и креативни идеи
Сега е време да бидете креативни и да прошетате по продвници. Одете на шопинг и пребарувајте на интернет за да видите што има и таму. Споредете и донесете заклучоци. Ова ќе ви помогне да разберете што е достапно и можеби да ги промените вашите перцепции. Сепак, како што знаеме, продавниците не секогаш го имаат токму она што го сакаме, па можеби ќе треба да бидеме креативни и да направиме сами нешто уникатно.
#4 Прототип: Повеќе идеи за подобар подарок
Во ова фаза веќе би требало треба да имаме добра идеја за тоа што ќе купиме или направиме, а можеби веќе сме направиле и некои набавки. Покажете го подарокот на неколку личности и приберете последни мислења. Се сеќавате на блискиот колега на примачот со кој разговаравте на почетокот? Време е повторно да се влкучи во процесот со својата конечна пресуда. Поврзете го подарокот со емоциите што сте ги таргетирале во фазата на дефинирање. Дали ги исполнува овие цели? Погрижете се да ги сочувате сметките за да можете да го смените подарокот ако добиете негативни повратни информации (можеби сте избрале пар чевли со целосно погрешна големина).
#5 Тест: Предадете го вашиот подарок и чекајте на повратни информации со цел следната година да се подобрите при изборот на подароци
Предавањето на вашиот подарок на корисникот е моментот на вистината. На традиционалнит и строг потрошувачки пазар, ова може би можело да биде тешка фаза ако производот не прилега добро кај клиентите. За оној што дарува, веројатно нема да добиеме лоша рецензија, но може да биде тежок момент доколку:
1- Подарокот е целосен промашок. Без разлика колку напорно сте се обиделе да го разберете вашиот корисник, не сте успеале да го најдете совршениот подарок за да ги задоволите неговите потреби.
2- Забележите присилна насмевка што ви укажува дека веројатно не сте биле на вистинската патека низ целиот процес.
Ако подарокот не поминал добро, соберете што е можно повеќе повратни информации. Запомнете ги емоциите, коментарите и реакциите. Запомнете ги сите важни информации во процесот на избор/креирање на новогодишен подарок за следната година.
Ви препорачуваме да го испробате Design Thinking поцесот преку купување на новогодишен подарок за некого од вашата околина. Така воедно ќе изберете соодветен подарок за конкретната личност и паралено ќе се запознаете со Design Thinking методологијата, доколку не сте имале досега прилика. Особено им препорачуваме на оние кои се скептични при купување подароци или пак го доживуваат како обрвска. На овој начин купувањето ќе ви стане една интересна авантура преку која ќе придобите нова вештина.
Уживајте во празниците и подароците!