Вистински кориснички приказни

Total
1
Shares

Корисничка приказна е лесен метод за брзо разбирање на прашањата: „кој“, „што“ и „зошто“ во поглед на побарувачката на продуктот. Со други зборови, корисничките приказни се идеи и барања што го изразуваат она што им е потребно на корисниците.

Според Design Thinking  методологијата, корисниците се на прво место. Нивното искуство во врска со еден продукт или услуга се зема за основна појдовна точка за подобрување на продуктот или услугата. Затоа, корисничките приказни не ги измислува тимот/ компанијата, туку се извлекуваат од вистински корисници од дефинираната таргет група, кои се вклучени во процесот на создавање на продуктот или услугата. Нивните кратки коментари, реакции на продуктот или недоумици се всушност- корисничките приказни. Во нив, корисниците ги раскажуваат со свои зборови своите потреби и очекувања, како и нивните намери при користење на одреден продукт.

Агилниот пристап кон развивање на софтверски решенија најчесто ги користи корисничките приказни со цел брзо и ефикасно да го подобри решението и да ги отстрани болните точки со кои корисникот се соочува при користење на софтверот. 

 Корисничките приказни се списоци за тоа што треба да се направи,  кои ви помагаат да ги одредите насоките на проектот. Тие помагаат да се дојде до сознание дека процесот на работа, како и крајниот продукт, ќе ги исполнат барањата на корисникот.

На пример, лесната регистрација со еден клик на одредени сајтови преку вашиот Фејсбук или Гугл профил е веројатно резултат на ваква изјава на еден корисник:

Сакам да се логирам секаде само со мојот Фејсбук/ Гугл профил. Не сакам здодевна регистрација во повеќе чекори, и често ги заборавам лозинките. 

Друг пример е опцијата на Нетфликс за авто- емитување на следната епизода од серијата која ја гледате, неколку секунди по завршувањето на претходната епизода. 

Корисничката приказна за искуството на корисникот додека гледа серија на Нетфликс (со часови, мораме да признаеме) би звучела вака:

Вообичаено, кога гледам одредена серија, гледам неколку епизоди по ред. Некогаш и цела сезона или две. Но, едноставно ме мрзи да притискам play по завршувањето на секоја епизода. 

Кога веќе зборуваме за Нетфликс, истата компанија исклучи една функционалност која беше иритирачка за корисниците: при пребарувањето на филмски содржини, со обележување со курсорот  на одредена содржина, Нетфликс автоматски емитуваше краток преглед на филмот или серијата. Можност за исклучување на прегледот на содржини не беше овозможена, така што корисниците не реагираа на најдобар начин. Искуството би звучело вака:

Едноставно, наместо да се изберам побргу одредена содржина, заглавувам гледајќи трејлери на филмови и серии. 

Набргу потоа, Нетфликс овозможи исклучување на таа опција, по желба на корисниците. 

Кориснички приказни што произлегуваат од реалните потреби на корисниците ги имаат следниве позитивни ефекти:

  • Целиот тим за развој се фокусира на крајниот корисник и никогаш не ги губи од вид корисничките потреби во текот на целиот процес,
  • Корисничките приказни може да се оценат според нивната бизнис вредност, да се приоретизира дали ќе се имплементираат веднаш или подоцна, во зависност од тоа колку влијаат на успехот на продуктот,
  • Имплементираните кориснички приказни нудат вредност за компанијата и крајниот корисник.
Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Sign Up for Our Newsletters

Get notified of the best deals on our WordPress themes.

You May Also Like

Преку Design Thinking чекорите до совршен новогодишен подарок

Изборот на подарок навистина може да биде тежок. Ние ви подготвивме мал водич како да купите незаборавни подароци применувајќи го Design Thinking пристапот… Пристигнаа најпрекрасните, но често за некои и…
Прочитај

Како со помош на Design Thinking да го испланирате вашиот одмор?

Планирањето на работите станува многу потешко кога се вклучени повеќе луѓе. Повеќето семејство и поголеми друштва соочуваат со таков проблем кога планираат да патуваат, особено на подалечни дестинации. Секој има…
Прочитај

Десет документарни филмови кои поттикнуваат креативност

Креативноста е заразна, пренесете ја на другите! – Алберт Ајнштајн Креативноста не е вродена вештина, туку вештина која ја поттикнуваме, негуваме и развиваме со постојано создавање и креирање. Затоа, наместо…
Прочитај